Култура и туризам

Дело за уметноста и сопствениот идентитет

umetnost-identitet

umetnost-identitetВо историјата на државите и народите, многу  често, настаните на одделни периоди  се важни и значајни за натамошниот државен и народен опстој. Така и денес во 21 век кога Македонија е самостојна и суверена држава, врз грбот на македонецот тежат туѓоземните политички игри околу името на државата, пред се отвореното и крајно нападно форсирање на негацијата на името од Грција и задскриената полтронска подршка за свои цели од соседите и некои европски помагатели.

Македонија оваа пресвртна година мора да покаже аргументирана одбрана околу името, бидејќи се работи за нашиот идентитет, стабилноста на државата и идната нејзина интеграција во НАТО и Европската Унија. На тој пат треба да се огледаме и да го користиме примерот од нашата преродба од 19 век кога македонските преродбеници за навек со своите  дела, храброст, достоинственост, мудрост и дипломатија покажаа како се чува и брани македонскоит идентитет и името Македонија. Впрочем и нашиот акдемик и македонист Блаже Коневски одбраната на посебноста на македонскиот јазик ја темелеше со делата на преродбениците Пулевски, Зографски, Шапкарев, Мажовски, Мачуковски, Мисирков и др. 

Такви конкретен примери и аманети  ни оставија и нашите зографи, иконописци и копаничари кои работеле ширум во црквите и манастирите на Балканот. Затоа денес, како патоказ кон нашата одбрана на сопствениот македонски идентитет, нека ни послужи  еден светол лик кој се даруваше на уметноста и татковината, со посебен возвишен порив и внатрешна духовна потреба -надарениот зограф и иконописец Иван Ѓорѓев Спајовски од Галичник ( 1856-1926). 

Иван Ѓорѓев Спајовски, потекнувајќи од македонскиот преробенички културен центар Галичник, каде природните убавини и реткости се испреплетени со реткиот и надалеку прочуен творечки дух и невиден патриотизам, за очекување било се она што го оставил зад себе. Тоа се дела за почитување кои денес не восхитуваат и не прават поносни. Имено овој иконописец работи во многу цркви, а најмногу во Пловдив и Пазарџик Бугарија, каде неговите икони и остварувања лесно и брзо го пронаоѓале патот до срцата и душите на верниците пред се заради неговото уметничко и префинето изразување. Со линиите и боите зографот Спајовски настојувал на  верникот да му ја долови ,,повисоката реалност и надсетилниот свет, да му го направи поблизок и подостапен, а со неговиот мајсторски потпис за навек да го истакне својот идентитет – македонско потекло и името на својата татковина.

Така во црквата ,,Св. Ѓорѓи,, во  Момина Клисура оставил натпис: ,, Оваа црква ја иконописал Иван Георгиев Дебарска околија село Галичник Македонија,,. На една икона од Христос стои исто потпис: ,,цртал Иван Георгиев от Дебарска околија Галичник ( Македонија),,. Во црквата во Старосел Пловдив за одбележување е написот ,, иконописал Иван Георгиев Зограф (Македонец) село Галичник 1897,,. Кај црквата ,,Вознесение,, во Сопотскиот манастир среќаваме потпис ,, иконописал Ив. Георгиев от с. Галичник, Дебарска околија( Македонија),,.

Овој знаменит зограф и иконописец во туѓина успеал со сопствените уметнички визии на светците и оргиналните потписи да го симне превезот за името Македонија и да ни остави едно силно аргументирано камче во обдрамбениот мозаик за зачувување на нашиот македонски  идентитет.

Во нашата  културна историографија може да се сретнат уште многу вакви податоци, за што е потребно поголемо истржување на терен и покрај тоа што многу дела  намерно се уништени или љубоморно се чуваат во културните трезори на соседните држави.

Косто Граоркоски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top