Култура и туризам

Мотивот за ламјата

lamja

lamja

Не само ликот, туку и името на натприродното суштество ламја (кое често е застапено во македонскиот фолклор) е наследено од античката митологија. Станува збор за истоименото митолошкото суштество ламја (lamia) која се среќава во одделни содржини на оваа митологија.

Но, најнапред да кажеме нешто за ламјата во македонскиот фолклор. И ламјата главно се среќава во македонските народни песни и приказни. Откако прави анализа на нејзиното појавување во македонските народни умотворби, нашиот фолклорист д-р Кирил Пенушлиски во врска со особините на ламјата пишува:

“Ламјата спаѓа во лошите демони што се секогаш непријателски расположени кон луѓето, за разлика од змејот. Во народната фантазија ламјата е замислена како огромна змија со повеќе опашки и со три или девет глави. Во некои верувања таа исто така има форма и на гуштер. И секогаш кога ќе и се отсече една глава на местото израснува друга. Ламјата живее во тајни места, дупки и пештери, во планини, потоа во длабочините на езера и мориња” (д-р Кирил Пенушлиски, “Митот и фолклорот”, Скопје, 1996).

Д-р Марко Китевски наведува и други особини за ламјата:

“Во народните приказни ламјата ја запира водата и за да ја пушти бара од луѓето секој ден по еден човек. И најчесто кога ќе треба да ја изеде царската ќерка, ќе се најде некој јунак кој ќе ја убие и ќе стане царски зет” (Марко Китевски: “Прилози за македонскиот фолклор”, Култура, Скопје, 1989 год., стр. 23).

И понатаму:

“Во народното верување ламјата останала како опасност за посевите… Марко Цепенков забележал дека ‘Во време кога цутат житата ако падни некое утро магла по поле, како што паѓа во зима, житото ќе го испиела и жудливо ќе останело и многу малце ќе било. (Во таа магла имало една ламја што ќе го испиела житото, велат старите)” (М. Китевски, исто како претходното).

И понатаму:

“Во околината на Гевгелија ламјата ја замислувале со голема уста, јазик и заби, со крила, четири нозе и долга опашка, што јаде луѓе, а особено деца.” (Марко Китевски: “Прилози за македонскиот фолклор”, Култура, Скопје, 1989 год., стр. 24).

Одделни особини на ламјата се претставени и во приказната под наслов “Четириесетте царски синои и четириесетте снаи, големата змија, ламјата, Арапо, царо и дервишот” (Цепенков, цит. дело стр. 91). Овде е даден следниот опис на ламјата:

“Туку беше излегла една ламја од под една пештера, голема колку еден вил со четириесет глаи. Големо страшило, брате мое! Саде да ја погледнеш, ќе умриш од страв, а не да се бориш со неа! Едни нозе што имала како некои најголеми лопати, едни нокти како од некој канџи од најголем кантар; од стредната глаа огон и пламен е излегуало од устата и од очите!”.

Ламјата се среќава и во умотворбата во која Мирче војвода се биел со кучката-ламја (Душко Наневски: “Раѓање на метафората”, Скопје, 1982, стр. 84).

Ламјата се среќава и во приказната “Кучка-ламја” (д-р Стојан Ристески “Преспа под Албанија”, цит. дело, стр. 109). Во оваа приказна Дете-голомеше ја победува кучката-ламја.

Овде е и приказната “Човеко со рипчето” во која е застапен мотивот кога кучката-ламја не им пуштала на луѓето од еден град вода за пиење, ако не и давале по една девојка на ден да ја јаде. Подоцна некое момче со итрина ја отепало ламјата и и го отсекло јазикот (д-р Стојан Ристески “Преспа под Албанија”, цит. дело, с. 91).

Кај Кузман Шапкарев се среќава умотворба во која Крали Марко убива морска ламја (Шапкарев 21, цит. според Душко Наневски, цит. дело, стр. 84). Оваа ламја дошла од морето во Солунско Поле за да го проголта машкото дете на Марко и да оди на Маркови кули. Ламјата го голтнала детето на Марко, а Марко пошол по неа, ја стигнал и и го распорил срцето, по што го извадил своето машко дете оттаму.

Рековме дека ова натприродно суштество е наследено од античката митологија. Во врска со описот на античкото чудовиште ламја (lamia), во делото на Карлос Парада читаме:

Ламјата била чудовиште кое ја тероризирало земјата на Делфијаните. На ова чудовиште тие морале да му го жртвуваат младиот Алкион (Alcyones). Ламјата била убиена од Еврибат (Eurybatus).” (Карлос Парада, цит. дело, наслов: Lamia 2).

Мислам дека нема што да се додаде во констатацијата дека името и некои од карактеристиките на ламјата во македонскиот фолклор се наследени од античката митологија. Впрочем ова го констатира и д-р Марко Китевски, кој вели:

“Ламјата од нашите верувања има многу сличности со митолошкото суштество Ламија… Ламија е суштество авет кое на луѓето им ја цица крвта и се храни со нивните срца. Грдотијата на Ламија е пословична; таа живее длабоко во земјата или во шуми и провалии. Ламија е ќерка на Бел и Либија; најпрвин била исклучително убава девојка, која ја сакал Зевс, но љубоморната Хера ја казнила со лудило во кое таа ги истепала своите деца. После овој страшен настан Ламија од болка огрдела и животот го минувала без сон, а единствено задоволство и било на мајките да им ги зема децата… Од сево ова може да се види дека митскиот лик на ламјата не можел во целина да биде пренесен од словенската прататковина. Тој лик израснал со мешање на верувањата што Словените ги донесле со себе со оние верувања што ги имале староседелците.” (Марко Китевски, “Прилози за македонскиот фолклор”, цит. дело, стр. 25 и 26).

Одделни особини на ламјата во македонскиот фолклор се преземени и од митолошкото чудовиште хидра. Со ова суштество борба водел Херакле кој добил задача да ја уништи хидрата. Карлос Парада вака ја опишува хидрата:

“Некои велат дека хидрата имала огромно тело со девет глави… Некои, пак, велеле дека таа имала стотици, па дури и безброј, змиски глави” (Карлос Парада, цит. дело, наслов: Heracles).

Парада дава опис на хидрата и за време на нејзината борба со Херакле, па вели:

“Херакле почнал да ги сече нејзините глави, но кога пресекувал една, изникнувале две нови” (Карлос Парада, цит. дело, наслов: Heracles).

Ако се спореди овој опис на хидрата со претходно наведениот опис на ламјата од македонските народни умотворби, ќе се видат забележителни поклопувања. Овде најнапред е поголемиот број глави. Видовме дека ламјата се среќава како чудовиште со девет глави, а исто било и со хидрата. Понатаму и кај ламјата и кај хидрата, отсечената глава се заменувала со друга, која растела на нејзино место. Заеднички сегмент е и местото на живеење. Хидрата живеела во водените длабочини, а исто било и со ламјата (во некои умотворби и таа живеела во водени длабочини). Понатаму и хидрата и ламјата биле налик на змии (хидрата имала змиски глави). На крајот и хидрата и ламјата биле убиени од јунак.

Од ова може да се заклучи дека ламјата во македонскиот фолклор содржи елементи од античките митолошки чудовишта ламја и хидра.

Значи, еве уште еден мотив наследен од културата на античките Македонци.

Историјата не е само минато

Александар ДОНСКИ

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top