Култура и туризам

Четири охридски првенци го помагаат уништувањето на Охридската архиепископија

ivan-snegarov

ivan-snegarov

„Само народното предание ги посочува за главни виновници четирите охридски првенци: Бујар Лигдо, Нејко Челеби, Станчо бег и Малечко беј, против кои според истото предание било изречено проклетство од соборениот архиепископ Арсениј.“ –  пишува истакнатиот славист и историчар Иван Снегаров.

Во продолжение на својот труд за „Уништувањето на Охридската архиепископија“  Снегаров заклучува дека причините не се од финансиски карактар. Во тој контекст тој вели:

„Ако во предвечерието на несреќата повеќето епархии биле платежоспособни, тоа значи дека охридскиот престол не бил во безизлезна финансиска криза и епархијските архиереи уште биле во состојба да го поддржат неговото достоинство… Со .. отпорот на охридското свештенство и народ во 1763 год. против наметнувањето од Цариградската патријаршија, Ананиј покажува дека во Охридската црква автокефалниот дух бил уште бодар каков едвај би се пројавил при безнадежно финансиска состојба.

Дури и да дозволиме дека шесте јужни митрополити се отцепиле од Охрид поради тоа што даноците им биле особено тешки, сепак со тоа пак не може да се објасни целосното уништување на архиепископијата од финансиски причини, бидејќи после нивното отцепување имало уште девег епархии (заедно со Охридската), верни на својата црква и подготвени да се грижат за нејзината алиментација. Притоа меѓу нејзините верници имало доста богати луѓе, силно приврзани кон родните светињи и секогаш спремни да одговорат на гласот на Црквата за помош. Ако финансиските проблеми се заканувале за нејзино суштествување, тие би помогнале со доброволни прилози, за да ја спасат.

Распаѓањето на Охридската архиепископија била предизвикана не поради нејзината финансиска положба, туку поради стремежите за отцепување од центарот, подржани од фанариотската партија. Ударот на Цариградската патријаршија бил целосна победа на оваа партија над автохтонската, по 80-годишна борба. Нејзиното влијание особено се засили кон половината на XVIII век, во јужните епархии, каде навлезе панелинската идеја.“

Снегаров  вината за уништувањето на архиепископијата ја бара кај припадниците на кожарскиот еснаф во Цариград од Македонија со потекло од Охрид. Така, во својот опис за времето во кое се случуваат овие настани Снегаров го бележи следното:

„Тогаш во Охрид цветало кожарството и тој тргувал со Цариград, Виена и Лајпциг. Исто така, градовите Москополе и Корча биле расцветаи градови. Тие многу помогнаа за финансиското заздравување на архиепископијата при Јоасаф. Со нивни донации била изградена нова прекрасна архиепископска палата, a приватно москополци му подариле на архиепископот златна круна со многу скапоцени камења, која сега народот ја нарекува “Св. Климентова”. Во Цариград кожарскиот еснаф кој се состоел само од охриѓани владеел со многу имот (камени згради, продавници, влахеренската ајазма – извор). Кога фанариотот Ставракоглу – поради долг на Охридската Архиепископија, префрлен врз него од друго лице, – подучен од Цариградската патријаршија го продал на Ерменците метохот на Охридската архиепископија заедно со храмот “Св. Архангел” во Балат (Цариград), тогаш охридскиот кожарски еснаф во Цариград изградил друга црква со исто име “Св. Архангел”, со надпис кој над надворешната врати стоел до 1868 г.“

Имено, смета Снегаров, за разлика од своите сограѓани, тие не се спротивставуваа на Грците во нивното барање за укинување на Охридската архиепископија и припојување на нејзините епархии кон Цариградската патријаршија, напротив го потпомагаат. Наведувајќи ги причините за нивното однесување авторот вели:

„Проповедта на претходно споменатиот Георги Папазолу во Епир имал голем успех меѓу свештенството и народот. Тогаш тој ги обиколи и јужномакедонските градови, меѓу кои и родниот град Сатишта, катедрален град на Сисанијската епархија. Но дури и да не се појавел тој лично во овие места, мегалоелинското движење во Епир лесно можеше да помине во јужна Македонија и јужна Албанија, кои се наоѓале во близок контакт со грчкиот свет и под грчко културно влијание, и до толку да плени тамошните митрополити, од кои костурскиот Евтимиј и корчанскиот Генадиј биле очигледни фанариотски агенти така за да го презрат црковниот центар во Охрид, кој не ветувал нешто за грчката слобода, и да се подчинат на Фенер.

Фактот дека епархиските ерхиереи во северната половина на Охридската диацеза не се приклучија кон панелинскиот чин на јужните соработници, ни посочува на мислата дека во овој момент охридската јерархија била поделена по чувства спрема основниот елемент на патството – (македонската – н.р) народност. Сега небаре резко се изпакнал одамна скриваниот грчко-(македонски–н.з) дуализам. Слично се случило и во XIII век, при архиепископот Хоматијан по прашањето за епископите … поставени од цар Калојан во Македонија. Како што тогаш костурскиот прототрон бил водач на анти(славјанската –н.з) архиерејски партија,  така и сега тој застанал на чело на опозицијата против архиепископијата … во корист на Фенер.

Особено во уништувањето на Охридската архиепископија помогнаа  и нејзиното паство кои живееле во Цариград и се занимавале со кожарство и др. занаети. Движејќи се во грчко културно општество и наоѓајќи се во трговски односи со фенерската аристократија, многумина од нив се привикнале кон нивна дух и аспирации, приврзувајќи се кон вишиот грчки претставник – “вселенскиот” патриах и “етнарх” и станувале рамнодушни спрема својот духовен началник . Најчесто се предавале на гркоманство оние Македонци кои биле во брак со Гркинки.

A кога се појавило панелинското движење, нивни етнични чувства уште повеќе се притаиле, автокефална свест им се замаглила и се повеќе се приврзувале кон Цариградската патријаршија. Ова движење е во согласност со нивниот копнеж за политичка слобода. Раководени од влијателниот Фенер и поддржани од Русија, тоа предизвиквало во нив голема надеж за скоро ослободување од турското ропство и ги терало да ги претпочитаат идентичните интереси на својата татковина со интересите на Фенер.

Имено токму од овие охридски христијани во Цариград, кај кои било утврдено такво верување биле едни од главните проводници на фенерското влијание во Охридската диацеза. Тие први го подготвиле падот на својата родна независна црква преку соработката што ја дале на Цариградската патријаршија за да го наметне на охридскиот престол својот протосингел Ананиј. Тие учествувале во целата постапка за уништување на архиепископијата како самонаречени претставници на охридското паство. Врз нивните упорни настојувања за спојување со Фенер се потпирал и патријархот Самуил кога со махзар до Великата Порта барал присоединење на Охридската архиепископија наведувајќи дека нејзиното паство ја изјавила таа желба. Потпомогнати или неспречени од богатиот и влијателен охридски кожарски еснаф во Цариград, тие беа со тенденција Великата Порта да го наруши многу почитуваното од неа црковно statu quo ante.

Кои се тие по име (што помогнале за укинување на Охридската архиепископија – н.з.), нема писмени докази. Само народното предание ги посочува за главни виновници четирите охридски првенци: Бујар Лигдо, Нејко Челеби, Станчо бег и Малечко беј, против кои според истото предание било изречено проклетство од соборениот архиепископ Арсениј.“ – пишува истакнатиот славист и историчар И. Снегаров

Продолжува

(извор: Македонски Прегледъ Година II, книга 3, София, 1926)

Македонска нација

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top