Култура и туризам

Мелнички манастир – Св. Илија

manastir-sv-ilija

manastir-sv-ilija„Во областа на Мариово има 4 манастира: Чебренскиот „Св. Димитар“, Полошки „Св. Георги“ (му припаѓа на Тиквешката општина), „Св. Богородица“ при село Манастир и „Св. Илија“ кај село Мелница… Манастирот „Св. Илија“ не е само свето место, место за поклонение, но и една лековита, здраствена станица, едно одмаралиште, какво ретко се сретнува во околината. По Илинденското востание грчките андарти зедоа три жртви од манастирот… Пролеаната невина крв, впиена од мермерните подни плочи, вечно ќе сведочи за овој варварски чин на грчките капетани…“ – пишува Г. Трајчев

Манастирот „Св. Илија“ уште познат како Витолишки или Мелнички манастир се наоѓа во непосредна близина на некогашното село Мелница (денес напуштено поради иселување), сместен покрај реката Бутурица, на регионалниот пат кој води до селото Витолиште, веднаш над одвојувањето за селата Полчиште и Бешиште.

Манастирот почнал да се гради во 1870 година, во екот на преродбата, во време на заедничката македонско-бугарска црковно-училишната борба со Цариградската грчка патријаршија, кога македонското население бараше возобновување на Охридската архиепископија, но наместо тоа истата година била создадена Егзархијата (1870).  

Манастирот е изграден под водство на разочарениот Стале Чешелков и со помош на целото христијанско население. Главната манастирска црква била изградена во 1872 година, а нејзиниот богат фрескоживопис бил завршен во 1881 година од страна на зографот Аврам Дичов, син на познатиот мајстор Дичо Зограф.  Во својот опис за манастирот „Св. Илија“ Георги Трајчев во првата половина на минатиот веќе ќе забележи:

„Откако Чебренскиот манастир св. Димитар остана патријаршиски, тажен за загубата на тој манастир  Дедо Стале од село Полчиште се зафатил со изградбата на нов. Во 1870 година биле поставени основите на манастирот св. Илија, со помош на целото мариовско население. Тој бил завршен во 1872 година. Зографисан бил во 1881 година.

Местоположбата на манастирот Св. Илија е едно од најживописните во тој крај. Изграден на земјиштето на село Мелница, во соседство на реката Бутурица, крај него минува патот за селата Витолишта, Полчиште и Бешиште. А близината на големата борова гора – царството на мечката, еленот, дивата коза, срната, фазанот, се наоѓа на надморска висина над 1200 м., каде тревата е незагадена и зелена, каде мувата ретко се среќава и воздухот е полн со мириси.

manastir-sv-ilija-2

Манастирот „Св. Илија“ не е само свето место, место за поклонение, но и една лековита, здраствена станица, едно одмаралиште, какво ретко се сретнува во околината. Не случајно покојниот Пелагониски митрополит Григориј (1853 – 1906 – н.з.), го избрал тој манастир за одмор и летување

Благодарното население го прокламира Дедо Стале за ктитор на манастирот и го прогласи за доживотен игумен. А за да се овековечи споменот за него, неговата слика се наоѓа на еден од манастирските ѕидови во природна величина, белобрад, со патерица  во десната рака и облечен во прекрасна национална мариовска носија. Дедо Стале умре во 1913 година на 115 годишна возраст.

По Илинденското востание грчките андарти зедоа три невини жртви од манастирот. Ренегатите (отпадници, предавници – н.з.) Цицо и Брајан заклаа сред црквата тојца од прислужниците. Пролеаната невина крв, впиена од мермерните плочи на подот, вечно ќе сведочи за овој варварски чин на грчките капетани.

Во текот на Првата светска војна манастирот служеше за главно сместување на воените делови кои го опслужуваа Мариовскиот фронт (прочуеното Добро поле)…    

И имотната состојба на манастирот не бише лоша. Дедо Стале беше натокмил ниви, гори, овци, кози, говеда, пчели и др.

Над вратата го има следниот натпис: „ .. Во село Мелница, се обнови обител на светиот и славен пророк Илија, со помош на православните христијани од околните села. За спомен на трудољубивите наставници со име, Дедо Стале Јованов Чешелков. Поп Спиро Папапетков. Митре Сталев. Волче Марчев. Воле Петков, Петко Стојанов, Стане Илиов, Стале Петков, Митре Трајков, Стојан Магеро 26 октомври 1872. Мајстор Пере Лауца.  

Покрај сликата на главниот ктитор стои натпис: „ (Настојник – н.з) Дедо Стале Јованич Чешелков од село Полчиша“ (се озговорува П’чишта и Полчишта)

Во 1881 година работел дебарски зограф: Од рацете на Аврам Дичов зограф Дебарски округ село Тресонче мај 27 – ми ден. “ – пишува на крај од статијата посветена на Мелничкиот манастир Г. Трајчев (Георги Трајчев, „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Инаку, во ова денес напуштено село Мелница е роден познатиот македонски раскажувач и романописец Стале Попов (1902 – 1965).

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top