Култура и туризам

Најубави и најголеми и најскапоцени куќи се во Галичник, а после во Лазорополе

kukja-galicnik

kukja-galicnik

Во Галичник имајет баре 50 куќи шо се сторени више од 150 илјади динари, и ако се зиздани и со евтин материал и со многу ниски надници. Куќите се не саде на два и три ката, току се и во сешчоје и градски уредени и работани. Задниве години во Галичник се правит и балкони и тераси.

Од постари куќи, големи и убави, заслужувајет спомен куќана Ажијеска, Томоска, Алаутоска и Ѓиноск,а а од нови: две Филипоска, Брезоска и Чалоска.

Сета слава изричито на Галичанец, је убава куќа, убав наниз и убаво руво на невестите. Нарочито пак слабост во задно време на народов наш је во срма и во златни низалки со дубли и други алатни пари. Не се ретки невести со 30 дубли (пара што тежи и вреди пат дукати). Ете шо ти је фодулок и чатлуклок галички, ете шо је Галичник. Зате Петровден сите ’и довлечуват.

Говор-збор Мијачки

Да кажа нешчо и за зборов наш.

Од Дебор до Маврово владат главно еден збор Мијачки, шо је во многу нешча инаков од многу други зборови- наречја.

Другите села по Радика го имајет прилично расипано зборот Мијачки, али тије ситни разлики од други племиња и не ’и запазувајет, а нам пак доста ни бодет очи и зате им се и потсмеваме. Али не саде овије села по Радика, току и саде Лазорополе многу се делит од правата мијачка матица. Во нивнијон говор се велит това место теја, учини место стори, дојдохме место дојдовме. Овеја је една стара ретка појава за филолози и слависти која би требало да се проучит.

Најпосле голема је разлика што Лазоровци во зборвењето многу се разликуват, дури како да пејет.

Али башка од овије разлики во Дебор, Лазоровци имајет голема разлика и во душевна и умна страна.

Лазоровци се упадливо живи, весели и потсмевачи. Певци и играорци пред нив немат. Спротивно ним, луѓе од другиве села се поозбилни и постамени. Поглобоки се, почувари и подомаќини.

Би рекол да се Лазоровци више за парада, шака и забава, а другиве се више за работа. Лазоровци се, како да кажа Мијачки Талјани. Мије без да ’и лутиме и увредуваме, ’и викаме како на шака: тремпатиња.

Еден лазоровец во сто тресончани ќа се познаит за час. Стотици годиње минуваме заедно и си стојит одделени како масло од вода. Знојеме да не се Брсјаци и не се. А од коде се и како прилепени до нас, пак не знојеме. Би вредело некој да се потрудит и да ја проучит оваја појава. Вредит да кажа за галичанка оможена во Лазорполе и не мењават своје, а лазоровка мењават на галичко. Инаку, лазоровци и галичани највише се раѓајет и живувајет во меѓусобно пријателство од времја.

Коде одит и шо работајет Мијаците

 Со шчо се занимавајет овја народ, шо работат и коде изваѓат пари? Изворот на животот на овја крај је гурбет – печалбарство. На сто души деведесет се печалбари.

Коде одит и шо работајет овије грешници?

Секоде одит и сешчоје работајет.

Почни од Гостивар и Дебор и терај преку Скопје и Битола до Солун и Стамбол, до Атина и грчки ади (острови) до Белград и Софија. Замини го Дунав и оди во Букурешт и цела Романија. Замини го Црно Море и оди до Одеса и Киев. Појди во Австрија и најди ја и Прага и Краков. Препливај го бело Море и најди го Египет со Александрија и Каиро. Отисни се преку океан и најди ја Америка.

Ете коде одит, коде капет, коде се потит и крвавит, коде трпит секакви потчиненија и увреди и коде оставајет коски. А сите тије со тело се тамо, а душата и срцето им се овамо во деца и жени, во мајки и татковци, во се шчо им је мило и драго.

Галичани во турско време најмногу 80% одеје во Солун, Галичник и народов наш напредуваше и назадуваше со Солун. Другите одеје најповеќе во Бугарија. Во Солун никој не се заселуваше, а во Бугарија мнозина. Зате мије, галичани, кога испраќаме и дочекуваме гурбетчии велиме: испраќаме и дочекуваме Солунци. Торбешите пак (таке и викајет исламизиранине Мијаци), одеје кон Серез, Драма, Кавала, Измир (Смирна) и на ади (острови) беломорски.

Гарци одеје во Бугарија, во Австрија и во Русија.

А шчо работајет тамо?

Секакви рабоќе и занати, а најповеќе занати шо имајет врска со зиздање куќи. Сепак најповеќе се аргати и полумајстори и овије со зарада беје поназад од други шо се со дуќани или шо се со дуќани или шо продавајет по сокак.

Од дуќанжијте најмногу се млекари и теја галичани и лазоровци, а гарци се бозажији, алважији и слаткари.

Тежок и претежок је гурбет и зате имајет многу и многу тоговити песни, који опејувајет сите душевни болови и секакви моки гурбетчиски.

Али коде би могол да живујет народ во тије крајишча без печалбарство, коде би могле да се подигнет онолку и омолку убави села?

Зате народов наш и го клнет и го благословуват печалбарството.

Имајет болови и тоги, али имајет и радости. Вистина нишчо пожалосно и помочно немат од иапраќање мож и домаќин, татко и син, али кажите ми али имат и нешчо помило од дочекување? Зате испраќање и дочекување гурбетчији се најважни и најпотресни дни и часови у нас…

Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњеновиќ – Лоноски, Скопје 2004.
(Подготви Марко Китевски)

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top