Култура и туризам

Германија: Македонија во многу туристички книги

Saem london 2

Saem london 2

Уште во септември годинава излегоа повеќе туристички книги, издаден од различни издавачи, специјализирани за ширење на туризмот во светот, како и за одредени туристички места кои треба и мора да се посетат. Книгите имаат различни наслови, но една книга, секако дека го привлекува вниманието и интересот на идниот турист, е: „1000 места што морате да ги посетите пред да умрете“. За жал, во книгата не е застапена нашата земја и охридскиот бисер, туку Грција со нејзиниот дел од Македонија, што всушност е северниот дел на Грција. Ова е, навистина, единствената туристичка книга на германски јазик којашто нема прилога македонскиот туризам и Охрид, но затоа пак сите други туристички книги, кои има околу десетина од најразлични автори и издавачи, каде нашата земја зазема значајно место, посебно Охрид и Охридското езеро.

Во Германија, во повеќето туристички книги  се претставува туристичката убавина на Македонија, со најосновни туристички информации за Охрид и Македонија. И навистина, од ваквите добри и корисни податоци во туристчките книги на германски и англиски јазик, со сигурност може да се очекува, се разбира,  зголем број туристи од германското јазично подрачје идната година. Тоа се: Германија, Швајцарија и Австрија.

Меѓутоа, еден напис од познатиот економски весник „Ханделсблат“ што излегува во Диселдорф, минантиот месец донесе опширен напис под мошне интересен настов: “Летувањето во Охрид е поубаво од Мајорка“, во којшто сосема корректно  и детално се споредуваат можности за убав престој и летување во Охрид и во Мајорка. Цените и услугите во Охрид не само што се подобри, поевтини и на ниво отколку во Мајорка. Затоа вреди да се помине лето и одмор во Охрид, заклучува весникот.

Драшко АНТОВ

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top