Култура и туризам

Во Тетово сепак имало Евреи

tetovo-evrei-1

tetovo-evrei-1

Ексклузивно: и покрај постоечката урбана легенда дека во Тетово неможело да има Евреи… сепак пронајден е единствен траг и доказ за постоење на Евреи во Тетово – Плоча со Хебрејско Писмо

Легендата не е точна…

Во Македонија долго време постоеше шега на ниво на урбана легенда со прашањето – Зошто единствено во Тетово немало Евреи?

Одговорот во шегата накратно е: зошто таму веќе живеат тетовчани (кои би требало да бидат најголмите циции, толку големи што при продажба ги мереле јајцата на кантар).

СЕПАК еве доказ дека Тетово било населувано од Евреи, кои дури оставиле и свои пишани траги.

Во 2007 пронајден е досега ЕДИНСТВЕНИОТ доказ за присуство на евреи во тетово – Камена плоча со Хебрејски натпис.

Но ајде да одиме според науката:

Хебрејската Плоча од Тетово

Плоча со старо-хебрејски натпис е пронајдена во темелите на стар мост на реката Пена

Плочата со натписот е пронајдена во декември 2007 година, ископана од темелите на мостот во Горна Чаршија, на левата страна на река Пена (од страната на Горно-Чаршиска Џамија).

Овој значаен археолошки експонат го пронашле работниците на ЈП Геоинжинеринг (како изведувачи на проектот) при рушење на тогаш постоечкиот мост и градење нов мост кој постои и денес.

Битно е да се напомене е дека оваа плоча е од темелите на најстариот камен мост кој тука се наоѓал од Турскиот период (граден вовремето на Реџеп и Абдурахман Паша) најверојатно од крајот на 17 и почетокот на 18 век (кога се градени сите камени мостови на Пена од кои еден е зачуван зад Тетовската Болница).

Овој најстар мост е рушен заради поплавата во 1979 година, па на негово место е поставен привремен нов мост… оној кој конечно целосно се преправи во проектот од 2007. Но темелите на стариот турски мост на бреговите на реката постоеле целото време.

Во еден од тие темели на левата страна е пронајдена оваа плоча

За плочата

 Камената плочата е со димензии: 85 см х 66 см и дебелина од 10 см. Тежок е стотина килограми.

Напишана е со старо-хебрејско писмо (најверојатно Ладино варијанта која постоела на просторите на Балканот).

Плочата е искшена па се гледаат 3 реда на текст иако најдолу се надзира дека имало и 4-ти ред.

Во меѓувреме деновиве јас лично покренав иницијатива за превод на текстот, преку Еврејската Заедница во Македонија и познат експерт од Израел кој го познава ова писмо – за да се преведе плочата.

Веќе е испратен текстот и се чека на превод и анализа.

Наскоро, Ексклузивно ќе ги добиете информациите што е напишано на оваа плоча, со која еднаш и засекогаш се поставува Тетово на мапата на градови во кои дошле Евреите после расселувањето од Шпанија кон крајот на 15.век

Наскоро… со дополнителни информации и повеќе детали 

извор: Дарко Гавровски / портал ‘Тајните на Тетово’ / gavro.com.mk

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top