Култура и туризам

На Свети Никола сите патишта водат во градот на Свети Никола во Овче Поле

sv-nikola

sv-nikola

Во чест на одбележувањето на патронот на градот Свети Никола – Чудотворецот Свети Николај, претстојниот викенд во Свети Николе ќе има повеќе настани, кои како и секоја година ќе ги одбележат деновите пред и на денот на празникот.

Во саботата на 17 декември цел ден на градскиот плоштад ќе има повеќе интересни настани, по што следува свечената седница на Советот на Општина Свети Николе во 17 часот во зградата на локалната самоуправа. Од 19 часот во амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г.Р. Державин“ ќе биде одржана свечената академија, каде ќе бидат доделени плакети, признанија, благодарници и спомен плакети.

sv-nikola-2

На 18ти декември, во недела, во црквата Свети Никола од 16 часот започнува Вечерната богослужба. Истата вечер многу семејства во цела Република Македонија се собираат со најблиските за слава на Чудотворецот Свети Никола.

На 19 декември, во понеделник, од 8 часот наутро започнува Утринската литургија во црквата Свети Никола, по што следува Свечената литија и славскиот колач. На пладне започнува славскиот ручек на градскиот плоштад и културно – уметничката програма со повеќе изведувачи и бендови.

Единствениот град со име на светец во Република Македонија  – Свети Никола, централната населба во големото Овче Поле се наоѓа околу старата црква Свети Никола, под која е потврдено дека се наоѓаат уште постари христијански храмови. Култот на Свети Никола во Овчеполието е жив со векови, а сеуште живее и традиционалната овчеполска посна трпеза за овој празник.

Секоја година многу Овчеполци си доаѓаат дома за големиот празник, а присутни се и роднините, пријателите и гостите не само од Македонија, туку и од соседните и други земји. Посетете го градот на Свети Никола во Овче Поле и почувствувајте ја древната убавина на Овчеполскиот регион.

Н.Р.

ЛОЗА 2016

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top