Историја

Незапирлива македонска цивилизација

Iljov

Iljov
Пишува: Васил Иљов

Благодарејќи на истражувањата од доменот на археологијата, археолошката лингвистика и, општо земено, од ДРЕВНАТА МАКЕДОНИСТИКА, за последните 10 години е утврдена нова апсолутна хронологија за културниот континуитет на македонскиот народ и за најстарото живеење на Македонскиот Полуостров (Балканот). Веќе не може да се оспорува фактот дека черепот на младиот човек (25 – 30 годишен), кој е пронајден во пештерата “Црвени Стени” близу до селото Камени Гумна (Петролона) во Егејска Македонија, е сведоштво за Македонците дека во Македонија луѓето одат исправени и размислуваат со своја глава најмалку 600.000 – 160.000 г.п.н.е. или со поегзактен метод е утврдена старост од 260.000 -240.000 г.п.н.е.

makedonska-civilizacija-1

Археолошката лингвистика за последните десет години презентирала повеќе писмени споменици од крајот на мезолитот и почетокот на неолитетот, кои се напишани на древен македонски јазик и со древни македонски азбуки (“јавна” и “тајна”), а со тоа во писмената традиција го осведочи најстариот супстрат за сите подоцнежни дериватни јазици и азбуки не само на Македонскиот Полуостров (Балканот), туку и пошироко во светот. Најстариот споменик на писменоста, кој е дешифриран со древно македонско гласовно писмо и е на древен македонски јазик е со старост од околу 13.000 – 11.000 г.п.н.е. или со вкупна апсолутна хронологија на континуираниот македонски јазик од околу 15.000 – 13.000 години и потекнува од пештерата Мас де Азил (Франција) од времето на условно наречената Голема македонска митолошка империја.

makedonska-civilizacija-2

Праисториските сведоштва од Осинчани, Говрлево, Младо Нагоричане, Ш’пел (Дупјак) Костурски, тумбите во Маџари и Чаир во Скопје, населбата од рано камено време кај Стенче – Тетовско, тумбите од Породинската група покрај реката Црна, непроценливиот натпис од Скочивирската Клисура, глинената плочка од Градешница близу до Враца (Бугарија), надгробниот споменик на херојот и поетот Димо Ријдил од ВИИ в.п.н.е. од Лемно во Егејско Море итн. се само дел од најстарата македонска цивилизација во која доминирал култот на Сонцето и Космосот, култот на огнот и домашното огниште, култот на Големата Мајка – богиња на земјата и симбол на плодноста итн.

makedonska-civilizacija-3

Керамичкиот печат од “Церје” кај Говрлево близу до Скопје кој е пронајден во 1981 година, е непобитен доказ дека Македонската неолитска револуција ја создавале писмени, интелегентни и неверојатно рационални македонски луѓе, кои во времето на македонските “зетови” и “невести”, “тестови” и “тешти” од крајот на мезолитот и почетокот на неолитот (7.000 – 6.000 г.п.н.е.), биле САМО СО БОГА или останувале насамо со БОГА да медитираат во периодот на зетувањето за севозможните филозофски аспекти на постоењето и развитокот на човекот и човештвото, на севозможната семантика во просторот, на единичното и заедничкото во космосот и светот, т.е. за култот на Сонцето и Космосот, за космогонијата и космологијата, за “вишите” и “нижите” науки во времето на “зетите”, “зетовците” и “зетувањето”.

За постоењето на соодветна македонска воена олигархија сведочи металниот печат од Говрлево (околу 1500 г.п.н.е.)

Најстарите сведошта за архитектонските поединечни и групни волуменско – просторни композиции во вид на наколни живеалишта на Костурското, Дојранското, Охридското, Преспанското и другите македонски езера, како и неолитските континентални и островски населени места на Древна Македонија го афирмираат големиот степен на развиток на македонската цивилизација. Светилиштата во вид на “Камени Столици” (“Долмени”) од Црна Лома или Илина Гора кај Осинчани – Скопско и комплексот од разновидни долмени од “Штерпа” близу до Богданци, како и најстариот неолитски обелиск од “Милисин” на подножјето на Кожуф Планина близу до Гевгелија се само непобитни праисториски сведоштва за континуитетот и разновидноста на материјалната култура на Македонија, чија територија била и долго време ќе остане привлечна за секој вид истражувачки работи и репер за проверка, споредба и ширење на другите светски цивилизации.

makedonska-civilizacija-4

Ваквиот македонски супстрат целосно го објаснува еволутивниот процес на македонската писменост, јазик и култура и овозможува да се објасни и степенот на материјалниот и духовниот растеж кој овозможил во историското време да се создаде, созрее и оформи во ИВ в.п.н.е. Големото македонско царство од времето на Филип II Македонски (359 – 336 г.п.н.е.) и Александар ИИИ Македонски (336 – 323 г.п.н.е.) со територија од 3,8 милиони квадратни километри од Дунав до Северна Африка и од Јадран и Египет до Индија и Централна Азија со извонредната и незгасливата филозофија на синкретизмот за обединување на државите, народите, митологиите, боговите, обичаите итн., овозможувајќи да се шири на Исток и по целокупниот цивилизиран свет Големата македонска цивилизација, која перманентно се оплодувала со нови импулси. Тој македонски космополитизам најмалку 2336 години се шири, тлее и се распламтува независно од севозможните облици на притајување, приграбување, заборавање, присвојување, преиначување и приспособување од страна на подоцнежните цивилизации, империи, царства, држави и народи.

Вековите и годините што изминале не биле секогаш наклонети кон афирмацијата на Македонската Цивилизација.

makedonska-civilizacija-5

По македонската доминација со светот (336 – 30 г.п.н.е.), дури во периодот на Второто историско македонско царство (таканареченото Византиско Царство), големиот Македонец од Таор – Управда, Вистинијан, Истинијан или Јустинијан И (527 – 565 г.н.е.) во 529 и 534 година успеал да го кодифицира супстратот на македонското право, кое во вид на Јустинијанов Кодекс со 4652 укази мораше да најде своја плодна почва и во таканареченото Римско Царство во кое само се завршувале отпочнатите големи проекти на Древната Македонска Цивилизација. Големиот историчар, писател и просветител Т’рп Руен (567 г.н.е.) е само уште едно сведоштво за способноста на Македонецот да се враќа кон корењата на своето потекло, да го модифицира македонскиот супстрат на писменоста и да го оплоди семето на македонското историско памтење во развојот на писменоста и културата на човештвото пред големите семакедонски и сесловенски просветители Св. Кирил, Св. Методиј и Св. Климент.

makedonska-civilizacija-6

Република Македонија и нејзиниот стручен и научен потенцијал не смее да си дозволи да го заборави или да го отстапи културниот идентитет на својот народ или да го промени ИМЕТО кое, како МАКЕДОНЦИ, го носиме најмалку од времето на зетот Пир М’кед’нзки или во постојано траење најмалку од околу 7.000 години.

Древната, средновековната и современата МАКЕДОНИСТИКА треба да најде свое заслужено место во сите етапи на системот на образованието во Република Македонија. Сегашните и наредните македонски истражувачи треба да вложат напори да се ослободат од заблудите на ЏВИИИ, ЏИЏ, и ЏЏ век, т.е. на минатото, и аргументирано и убедливо најновите истражувања од областа на писменоста, јазикот и културата да ги вградат трајно во континуитетот на македонската цивилизација, да најдат свое заслужено место во сите публикации и средства за јавно информирање кај нас и во светот и на тој начин во третиот милениум да се фрли соодветна МАКЕДОНСКА СВЕТЛИНА на СÑ што е МАКЕДОНСКО за да се расветли најстарото жариште на цивилизациите – МАКЕДОНИЈА.

Најново од: Историја

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

Ристо Никовски: Македонска небиднина

(септември 2021 година) Поминаа веќе 30 години откако се распадна југословенската федерација и Македонија стана самостојна држава. Иако тогашните македонски лидери не беа воопшто подготвени за независност, а распадот беше повеќе од очигледен, имавме многу повеќе среќа отколку знаење и умеење, зашто не бевме вклучени во војните кои следуваа. Гледано од денешен аспект, нашата среќа […]

АНТИМАКЕДОНИЗМОТ И „НАТРАПНИКОТ“

Војната во името на културата е војна против националниот идентитет Војната во име на културата претставува војна против националниот идентитет. Таа често се користи како изговор за владеење и наметнување доминација врз други народи, кои се прогласуваат за „некултурни“, „предавнички“ или „заблудени“. Таквите војни можат да се водат со оружје, но и преку политички, културни […]

Спорот за името (1913–2026)

Поделбата на Македонија во 1913 година претставува важен дел од историската заднина на спорот за името, кој се отвори по осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со Букурешкиот договор биле утврдени новите граници меѓу балканските држави по Втората балканска војна. Осум децении подоцна, употребата на името Македонија станала предмет на долгогодишен дипломатски спор со […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Кузман Шапкарев: Ние сме Македонци, а не Бугари! (1870)

На 30 ноември 1870 година, бугарскиот весник „Право“, кој излегувал во Цариград, објавил полемички текст за дејноста на охридскиот учител Кузман Шапкарев. Во написот весникот го обвинува Шапкарев дека се спротивставувал на употребата на книги напишани на бугарски јазик. Преку тие обвинувања, написот сведочи дека уште тогаш во печатот се расправало за посебноста на македонскиот […]

Како Александар Македонски го освоил Сур и го променил неговиот брег

Александар Македонски го напаѓа Тир (денешен Сур) од море. Гравура на Антонио Темпеста од 1608 година, Музеј „Метрополитен“, Њујорк. Сур е денешното арапско име на античкиот Тир, град во Либан. Со латиница често се пишува „Sour“. Во 332 година пр. н. е., војската на Александар Македонски се нашла пред утврден феникиски град чии ѕидини ги […]

To top