Историја

Госпоѓата Харлеј, сестра на вице-кралот од Индија, загина во Битола

gospogja-harlej

gospogja-harlej

„Госпоѓата Харлеј, сестра на вице-кралот од Индија, загина во Битола, од бугарска граната, додека ги негуваше (македонските – н.з) жени и деца.“ – стои на насловната страна на белградскиот „Илустриран лист“ од 1920 година (бр. 2, 25.I  – 10. II. 1920).

Марија Кетрин Харли (Eng;. Katherine Mary Harley Ripl, Велика Британија, 1855 – Битола, Кралството на Србија, 1917), беше британската хуманитарка кој како главен администратор на шкотскиот воени единици од Франција пристигна во Србија.

Катарина Харли е роден на 3 мај 1855 во Ripley, во округот Кент, Велика Британија. Во Солун пристигна во 1915 година, каде што отвори мала болница која првично припаѓа на француската војска, но со доаѓањето на српската војска на Солунскиот фронт (Македонски фронт), таа му се приклучува на српскиот санитет. За дотогашните услуги на француската Источна армија и беше доделен Крст на Легијата на честа, кој лично и го дал генерал Сарај.

Поради согледување на важноста на транспортот на повредените од фронтот, таа се врати и поведе пропаганда во Велика Британија и САД, со цел собирање средства за опремување на мобилната клиника. Нејзините големи напори создале можност за формирање и опстојување транспортната амбулантна служба. Мобилната брза помош и припаѓала на болницата во Острово, на дел од фронтот на Првата српска армија.

По битката на Црна Река на 26 октомври 1916 бугарските војски полека почнуваат да ги губат своите сили и почнуваат да се повлекуваат преку Ивени, Тепавци се до Битола и да се стационираат на падините на Баба Планина и на месноста Црн Врв од каде што во една крајно безизлезна состојба ќе го започнат тешкото бомбардирање на Битола.

Во пролетта 1917 година започнува најтешкиот и најкрвавиот период за Битола во историјата. Во текот на истата година извршени се серија бомбардирања со бојни отрови и разурнувачки гранати при што се загинати и осакатени бројни битолчани, а градот е разурнат.  Многумина Битолчани умираат во страшни маки од дејството на бојните отрови. 

По ослободувањето на Битола, Харлеј ја пресели амбулантата во градот, за да биде поблиску до фронтот и да му помогне на Битолчани. Меѓутоа,  таа загина за време на бомбардирањата на градот на 7 март 1917 година.

Таа беше погребана со највисоки воени почасти на српските воени гробишта во Зејтинлик, Солун, англискиот дел од воени гробишта.

Марија Кетрин Харли приѓаше на „Друштвото на шкотските жени“ кои во текот на Првата светска војна дојдоа на Балканот  за да му помогнат на народот, како за време на војната, така и подоцна кога требаше да се возобноват рушевините и да се даде итна помош на сите страни.

Основач на ова друштво била др. Елси Инглис (Elsie Maud Inglis). Нивната работа била особено значајна за сузбивање на тифусот, откако еден лекар и три болничарки им подлегнаа на болеста. После повлекувањето еден дел од овие храбри, издржливи и вредни жени, продолжуваат со работа во Солун, други на Корзика, а третиот заедно со мис Инглис останува во Крушевац и му помага на народот. Повлекувајќи се со српските војници мис Инглис подлегнала на напорите и починала на 26 ноември 1917 година.

Санитетската мисија на Шкотските жени имале и своји автомобилски секции  И во лето и во зима, низ невреме и теренски непријатности, овие жени како шофери одеа секаде каде било потребно.

По пробивањето на Македонскиот фронт Друштвото се движело на север (Острово – Врање – Белград). Нивните финански средства доаѓаа од прилозите од сите делови на Велика Британија, Индија, Австралија и Америка. Вкупната сума на нивната помош  надминала над еден милион долари. Двете големи добротворки: г-ѓа Харлеј, која загина во Битола и г-ѓа Хаферфилд која почина од напор во Баина Башта, биле ревносни членови на Друштвото на шкотските жени.   

Кетрин Харли беше извонредна жена од добро семејство. Нејзината сестра беше Шарлот Деспард, истакнат борец за женските права, а нејзин  брат беше фелдмаршал Сер Џон Френч кој одигра една од главна улога во Првата светска војна. Тој беше командант на британските сили во Франција и Белгија во периодот од 1914 – 1915 година, а бил и вице-крал на Ирска од 1918 до 1921 година, што е спротивно на насловот на текстот објавен во белградскиот „Илустриран лист“ од 1920 година. Сепак,  Кетрин Харли која загина при бомбардирањето на Битола, била сестра на вицекрал. Интересно е што во ова списание кое започна да излегува по Првата светска војна се користат термините, Македонија, Македонски фронт и т.н.

Македонска нација

bolnica-bitola

bitola2

bitola3

bitola4

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top