Култура и туризам

Простување

boge

Сите знаеме дека простувањето е голема работа, но многу е тешко кога ние треба тоа да го сториме… Што значи да се простува?

Дали воопшто е можно да и се опрости на некоја личност која не има повредено – која направила нешто што во нашата душа оставила длабока рана?

Дали е чесно да му се прости некому кој ни нанел голема злоба?

Во основа, простувањето е единствениот начин да бидеме чесни кон себе.

Кога на другите нема да им простиме за лошото кое ни го направиле, ние со тоа им даваме дополнителен мотив стореното зло да го повторат. Добивката од сето тоа е многу поголема за оној кој простува одошто на оној на кому се опростува..

Ако простувањето го разбереме како начин на кој самите се ослободуваме од болката која друг ни ја нанел, ние со тоа си помагаме на себе самите.

Простувањето незначи заборавање на лошото туку напротив помнење на истото како не би дозволиле неговото повторување во иднина.

Вистинското извинување се состои во изразеното жалење за тоа што навистина се случило, да признаеме дека сме виновни и да се потрудиме да го исправиме она што ни се става за грев дека сме го сториле.

Поголемиот дел од луѓето овој третиот дел го прескокнуваат поради што многу пријателства и врски помеќу нив никогаш не зараснуваат до крај.

Една убава јапонска мудрост вели : „ понекогаш и само еден убав збор може да ги стопли трите зимски месеци“.

Дали познаваме некој на кому може да му простиме или да го замолиме за извинување ?

Вреди ли да се размислува и за ова нешто во животот???…

Лично сметам дека човек треба да простува,мегутоа постојат работи кои тешко можат да се замислат,а уште помалку простат и заборават.Сепак јас на никој не му ја држам судбината во раце.

Ке му оставам на Господ да ја заврши својата работа и да ги казни грешниците како што заслужиле.

Од мене им е простено!’

boge
Боге Војноски – автор на текстот

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top