Историја

Научно-патеписна книга „Македонија“ од германскиот природонаучник Франц Дофлајн

Doflajn-1

Doflajn-1

„Македонска реч“  ја објави обемната научно-патеписна книга „Македонија“ од германскиот природонаучник проф. д-р Франц Теодор Дофлајн (1873-1924), еден од најголемите германски зоолози во почетокот на 20 век, кој во 1917 и 1918 година ја истражувал Македонија и за неа оставил извонредна патеписна, научно описна и документарна книга.

Книгата е прв научен труд за македонската флора и фауна. Во неа првпат е регистириран, проучен или откриен речиси сиот позначаен биодиверзитет на територијата на Република Македонија. Содржи и 296 фотографии, цртежи и други графички прилози, во најголем дел снимени и изработени од авторот. Изданието од германски јазик го преведоа Маријана Стеваноска-Чочевска и Сашо Андреевски.

– Трудот е меѓу најобемните, најбогатите со фактографија и најубавите трудови напишани од странски автор за Македонија. Првпат е објавен во 1921 година во Германија, а во Македонија сега е првпат публикуван и досега беше непознат за пошироката читателска, па дури и за научната јавност, соопшти издавачот.

Во Првата светска војна Дофлајн бил меѓу најзначајните членови на т.н. Македонска земска комисија, составена од 30 Германци и шестмина Бугари, кои имале задача за време на војната да ја истражуваат и проучуваат Македонија, која за Германија, па и за Европа, дотогаш била најмалку позната европска територија. Комисијата била составена од научници од различни области – археолози, географи, геолози, етнолози итн. Формирана била по налог на германското министерство за надворешни работи и било планирано од собраните материјали да се публикува енциклопедија. Таа не била објавена поради поразот на Германија, но е добиен овој извонреден историски, научен и патописен труд.

Овој исклучително интересен историографски труд за Македонија е придружен и со предговор на проф. д-р Волф Ошлис кој, меѓу другото, пишува: Дали Македонците сега знаат какви орли тогаш летале на македонското небо? Какви риби имало во македонските реки и езера? Какви жаби, инсекти, цвеќиња, дрвја, растенија? Колку беше „шарено“ населението во Македонија? Како изгледаа македонските села и градови, какви беа нивните имиња во тоа време? Ако не знаат, но сакаат да дознаат – нека го прочитаат преводот на Дофлајновата книга!

– Дофлајн постојано патуваше ваму-таму низ Македонија, истовремено како истражувач и како вљубеник на земјата. …Беше и мошне даровит уметник: тој пишуваше раскази, црташе, сликаше, ги фотографираше своите откритија… И сите негови дарби се видливо присутни во неговата книга „Македонија – доживувања и набљудувања на еден природонаучник во придружба на германската војска“. Една книга што несомнено спаѓа меѓу најубавите, најзанимливите книги за Македонија. Книгата е уникатна документација за Македонија и за македонското секојдневје во Првата светска војна, пишува во предговорот на Ошлис.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top