Култура и туризам

Богојавление – Водици во Битола

vodici-vo-bitola-1914

Прославата на големиот христијански празник Богојавление -Водици во Битола има речиси една и полвековна традиција. Битолчани под ропство или на слобода секогаш го прославувале празникот Св. Јован. Под влијание на турската, српската или бугарската власт се менувало само местото на фрлање на крстот, но не и обичајот. Така, атрактивна церемонија, покрај во црковните базени, се изведувала и во реката Драгор, која своевремено за битолчани потсетувала на библискиот Јордан и на првите масовни покрстувања.

Странските патописци, историчари, но и македонски хроничари во своите записи за Битола и впечатоците од битолското секојдневје не пропуштиле да ја забележат и градската традиција за одбележување на Водици.  Најстарите зачувани записи потврдуваат дека обичајот е присутен 140 години.

„Прв пат во Битола фрлање на крстот во вода и негово фаќање се случило во црквата ,Св Недела‘ во 1869 година. Овој храм бил изграден шест години пред тоа, во 1863. Таму на богослужби одело, главно, населението од битолската населба Јени Маале и од населбите Горно и Долно Оризари.

Главен организатор на овој настан бил прочуениот и многу почитуван битолчанец Димко Радев. По негова иницијатива, ден пред Богојавление се ископал вир во дворот на црквата и се наполнил со вода. Од студот водата ноќта замрзнала што за верниците било знак дека годината ќе биде бериќетна“, раскажува хроничарот на Битола, Александар Стерјевски. Сепак, не е познато дали пред тоа во Битола постоел обичајот за фрлање крст во најстарата битолска црква „Св. Димитрија“. За тоа нема пишани податоци.

Водици се слави и во 1914 година. Прв пат таа година, на Водици, кога градот бил под српска власт, осветениот крст е фрлен во реката Драгор. Големиот балкански кинематограф Милтон Манаки дури и на филмска камера забележал дел од овие настани во првите години од дваесеттиот век.

vodici-vo-bitola-1914

„Изборот на поголемата битолска река каде што требало да се фрли крстот не бил случаен затоа што потсетувала на библискиот Јордан. Свечениот чин истовремено симболизирал и почеток на нов период во битолската историја и живеење“, забележува хроничарот Стерјевски.

Првпат во 1914 година, на Водици, осветениот крст е фрлен во реката Драгор. Дел од овие настани на филмска камера ги забележал Милтон Манаки Вирот тогаш се ископал кај мостот, наспроти сегашната зграда на Ректоратот на Битолскиот универзитет. Традицијата продолжила се’ до 1941 година. Според записите, во овие години, по службата во црквата „Св. Димитрија“, видни граѓани на Битола со музика доаѓале до мостот. Во воено време, наместо на старото место од течението на Драгор, крстот се фрла од мостот подолу, спроти сегашната општинска зграда.

Она што Битола ја издвојува од другите градови е традицијата по крстот да се фрлаат младоженци. Според записите од Кузман Шапкарев, тоа понекогаш завршувало фатално за младоженците кои не можеле да ги издржат ниските температури и јануарскиот студ.

Непосредно по ослободувањето, церемонијата со фрлање крст во Драгор била забранета, со исклучок на црковните базени во „Св. Димитрија“ и „Св. Богородица“. Последните децении традицијата на фрлање крст во Драгор се напушта од црквата. Преспанско-пелагониската епархија забележува дека овој настан прераснува во спектакл, а дел од верниците забораваат на суштината.

„Причината е едноставна. Богојавление не значи само фрлање на крстот. Празникот е поврзан со молитва и со служба во храмовите. Церемонијата во реката Драгор како да го губеше православниот карактер“, истакнува отец Оливер Ивановски, архијерејски намесник на Битола.  Прославата на Водици во Битола носи и други обичаи. Од 1869 битолчани за прославата ја збогатуваат со кум кој се избирал со крст. Во погача се ставало помало сребрено крвче и лебот се делел на присутните. Тој што ќе го најдел крстот станувал кум за следната прослава. Се верува дека за тие верници годината што доаѓа ќе биде среќна и бериќетна.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top