Култура и туризам

Каде се двајца или тројца во Мое име таму сум и Јас!

Preobrazenie-620x360

Preobrazenie-620x360

Црквата не се само ѕидови и храмови – Црква е срцето човечко и народот во Христа! Храмот- црква е место каде повеќе луѓе ја кажуваат молитвата и таа е посилна бидејќи се заедно. Господ е во нас, и насекаде околу нас во Универзумот. И уште многу одговори кои допираат до сечие срце, особено до срцето на верникот во Господ.

Митрополитот Пимен, владиката европски има многу одговори до сите Македонци и верници за актуелната ситуација во македонија и нејзината позиција на Балканот, одговори преку верата Наша…

Имаме држава, имаме нација, имаме традиција имаме култура, ги имаме сите предиспозиции да бидеме успешна и среќна нација, бидејќи го имаме и Господ.

Сведоци сме на едно безредие во семејствата, сведоци на многу бракоразводи, на превирања, често се зборува како другарството и пријателството не се она што треба да биде? Што ни недостасува? Верата не учи дека светот треба да се базира на вера, надеж и љубов- го имаме ли тоа во нашите срца?

Ако анализирам повеќе низ времето на кое сум современик, и ако размислувам што е она што ни ги разделува луѓето, кој ја сее несреќата, пронаоѓам еден заеднички имплант низ нашето време и народ кој како да сака да ни ги распаѓа семејствата, и да ни ги разделува луѓето. Недостигот на Верба во Бога.

Сакам да потенцирам дека во голем дел од нашиот однос немаме учтивост и почитување, а со тоа се провлекува и немање на себепочитување и чисти ставови. Можеби многумина нема да се согласат со мене, но, мислам дека навистина ни недостасува верата во господ, љубовта кон Светата троица, и надежта, кои че не носат низ овоземниот живот.

Што е Црква?

Ако јас се прашувам за мене црквата не е место кое е институција, не е место на хиерархија, моето срце Црквата- храм ја чувствува како свој дом. Но, неодмана на ова прашање пронајдов соодветен одговор и се воодушевив од зборовите на

Митрополитот Пимен, владиката европски

– Најпрвин, треба да се разграничи терминот Црква од терминот храм, бидејќи терминот Црква не означува неколку ѕида кои завршуваат со купола и крст на неа, туку е собор на живи и конкретни личности, собрани околу својот пастир и причестени во неа со Телото и Крвта на Богочовекот Христос кој е глава на Црквата. Кажано со едноставни зборови, градбата е храм, а народот собран во Христа е – Црква. Зарем немало Црква во првите три векови на христијанството, кога немало можност заради прогонот да се изградат храмови?- вели владиката Пимен.

А вистинскиот пастир треба да биде пастир како од параболата Христова за добриот пастир, пастир кој душата своја ќе ја положи за овците свои, секако се мисли на словесните овци, односно верниот народ.

Црквата комуницира со верниците – не само кога е празник или кога има некој настан, не е само тоа време за комуникација со верниците и со останатите, се што е дадено од Бога е за да му користи на човекот.

– Та, нели, со нож може да си пресечеме леб, но можеме и да повредиме и усмртиме некого. Постарите пастири успеале да ја возобноват и да ја одржат Црквата во многу тежок период, токму со нивниот пристап кон народот и со тоа нам, на помладите, да ни дадат добра основа за ние да надградуваме врз неа.

„Секому бев се, та некако да го придобијам“, ќе рече, светиот апостол Павле.

Знаат ли луѓето да го следат патот на Бога? Колку се верници и колку „тргуваат“ со Бога, постејќи врз погрешна основа, на пример, а не воздржувајќи се „од лоши дела, лоши зборови, па и лоши помисли“? Како да се излезе од тој круг?

– Има три вида на односи со Бога. Робовски – кога се плашиме од Бога и се правиме од страв. Овој однос со тек на време, полека преминува во бизнис-однос во кој се пазариме со Бога, а треба да премине, со тек на време, во љубовен, синовски однос кога наместо да се плашиме или тргуваме со Бога, ние го сакаме и се што правиме е од тоа што не сакаме да го ражалостиме. Исто како што е случај и со нашите родители. Ама, за да преминеме од еден во друг однос со Бога, потребен ни е духовен раководител кој ќе не преведе од еден во друг однос со Него, а притоа ќе не заштити за да не паднеме во некоја ѓаволска замка.

Затоа, сметам дека излезот е во отвореноста кон Бога, но и кон духовниот отец кој ќе ја канализира нашата вера и ќе не насочи кон вистински континуиран духовен живот.

Интересен е одговорот на епископот Митрополитот Пимен, владиката европски за прашањето Што е националниот идентитет?

– Се што е создадено од нашиот заеднички Творец има во себе своја оргиналност, неповторливост, различност. Тоа го среќаваме и на личен план, но и на план на еден род-народ кој е плод на една оргиналност и различност која со векови, како непрекинлива нишка се пренесува од генерација на генерација. Таа живоносна нишка, во многу нешта иста, но и различна од останатите во овој свет, е нишката на мојот род македонски – кој како и сите и се друго што постои, на себе го носи благословот и печатот на од Бога даруваната оргиналност, неповторливост и различност. Тоа е за мене национален идентитет.

– Но, потребно е горенаведеното да се дополни со следното. Во Светото писмо, конкретно во Евангелието според св. апостол Матеј, ги среќаваме следните зборови на нашиот Господ Исус Христос. Тој вели: „Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе заплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како доаѓа на небесните облаци, со сила и голема слава; И ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен глас и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата“. (Матеј. 24, 30 – 31)

– Преку овие Христови зборови разбираме дека до крајот на овој свет, односно, до крајот на овој за нас познат начин на егзистенција, ќе постојат „земните племиња“ со сета нивна оргиналност и различност. Но, неопходно е да се потенцира дека пред се и над се, ние како „избраници Христови“, како Негова Црква, како Негов народ, иако по своето тело припадници на конкретно „земно племе“, треба во длабочините на нашиот внатрешен човек да ја прифатиме и со својот живот да ја сведочиме есхатолошката вистината дека во Христа нема веќе ни Јудејци, ни Елини, ни роб, ни слободен, нема машко – женско, зашто сите ние сме едно во Христа Исуса. (Галат. 3, 28)

Митрополитот Пимен, владиката европски- напиша дека и кога Македонците немале држава имале „Црква полна со живот“, дека „искушенијата се правопропорционални со благодатта“, а дека Македонија има доволно искушенија „од проблемот со јужниот сосед до внатрешните проблеми и поделби“…

– Иднина не постои, исто како и минато. И првото и второто се само последици од сегашноста. Постои само сегашност! И затоа, поучен од семудрото православно духовно искуство, со сигурност можам да кажам дека нашата иднина зависи од тоа што ние како поединци, како народ и Црква, ќе го направиме во сегашноста. Доколку во сегашноста избереме да одиме по патот на Животот, а не по патот на смртта, односно, избереме да живееме во светлината и топлината на Божјата љубов, вистина и вредности, тогаш плодот на тој избор е извесен, а ако избереме некој друг пат, и тогаш нештата се јасни. Во еден свој псалм св. пророк и цар Давид го напишал следното: „Тој (праведниот човек, народ) е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навреме и чиј лист не венее; и во се што прави, напредува. Но, не се такви безбожинците; тие се како прав што го разнесува ветрот“. (Псалм 1, 3 – 4).

Благодарам Митрополит Пимен, владиката европски , вашите одговори ја доближуваат верата до секој Македонец кој ја има можноста да ги прочита, допираат до целата нација која е цврто убедена дека Македонија е пред се земја на нација со корен, дека секој Македонец е и верник а Македонија земја на Македонци и верници со Божји благослов.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top