Култура и туризам

Македонските епархии во поделените македонски територии

agatangel

agatangel
МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†АГАТАНГЕЛ

Во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е формирана единствена православна црква. Во составот на Српската православна црква, биле приклучени и епархиите од Вардарскиот дел на Македонија, кои претходно биле откупени од Цариградската патријаршија, иако таа над мнозинството на македонското население немала црковна власт. Одлуката на Синодот на Цариградската патријаршија, донесена на 19 март 1920 година, гласи: „Канонски ред и обичај е работите на црковната управа да се уредуваат и доведуваат во согласност со политичките промени што се случуваат и според тие промени црковните работи со внимание, како што прилега, да се приспособуваат и распоредуваат не само заради нивното уредно и целосно изведување, туку и заради поголемата полза на Црквата и на христијанскиот народ“. Продажбата на православни епархии е чин без преседан во историјата на Православната црква. Овој чин, слободно можеме да го споредиме единствено со случајот кој апостолите го имале со Симеон Волшебникот, кој сакал од нив за пари да ја откупи благодатта. Купувањето на Македонските православни епархии од страна на Српската православна црква е чин зачнат во грев и тој нема никаква канонска основа, па според тоа оној кој го направил овој грев, пред Бога, не може да има никакво право и надлежност над купеното, бидејќи ова се коси со Евангелието и Божјите заповеди.
Другите македонски епархии биле разделени и потпаднале едни од нив под грчка, а другите – под бугарската црковна власт, со владици Грци, односно Бугари, како што и владиците на македонските епархии во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците биле Срби. Тие и нивните најблиски соработници заборавиле дека треба да бидат вистински духовни пастири на Христовото духовно стадо, туку уште побезочно и посрамно ја продолжиле политиката на однародување и асимилација на македонското население, станувајќи платени слуги на великогрчката, великобугарската и великосрпската мегаломанска политика во Македонската замја и спрема Македонскиот народ. Владеачките режими ги ангажирале Православните цркви во своите држави за да им служат во остварувањето на нивните нехумани и нехристијански цели кон Македонците. Организирале разни културно-просветни и национално-патриотски друштва во Македонија, во кои владиците и нивните најблиски свештенослужители се ангажирале најмногу за однародувањето и асимилирањето на Македонскиот народ. И денес кога овој народ има своја слобода, своја државност и своја народна автокефална Македонска православна црква и сака да ги остварува заедно со нив светите евангелски вистини, со љубов пружајќи им ја својата братска рака за измирување во името на Господ Исус Христос и Неговата Света Црква, тие место да се засрамат и да побарат прошка од народот на кој многу му згрешиле, тие се трудат со сите свои сили и измислуваат безброј демонски причини за да не ја признаат автокефалната Македонска православна црква, која е верна наследничка на древната Охридската архиепископија, која многу ги има задолжено сите балкански и источни православни цркви. Ваквиот став на соседните православни цркви не само што не е православен и христијански, туку не е ниту човечен.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top