На прво место

Министерство за транспорт: СДС повторно шири невистини за набавката на 150 електрични автобуси

Министерството за транспорт преку соопштение реагира на обвинувањата на СДСМ поврзани со поништената постапка за набавка на 150 електрични автобуси, оценувајќи дека станува збор за „невистини, манипулации и политичка паника“.

Од Министерството посочуваат дека, како што велат, очајот во СДСМ по објавувањето на фотографијата со Рубин Земон и Виктор Стојанов довел до нов бран, како што наведуваат, лажни конструкции и обиди за дефокусирање на јавноста.

„Фотографијата во која наводно ‘откриле’ нешто е тежок фалсификат и глупост. Во документот што самите си го подготвиле во нивниот ‘центар за лаги’, стои дека лицето кое ја поднело жалбата ќе ја информира ‘Белата куќа и МНР на САД’. Такво министерство не постои, туку постои Стејт департмент“, се наведува во реакцијата.

Во соопштението се додава дека не ги изненадува, како што велат, „непромислената прес-конференција на СДСМ“, посочувајќи дека партијата се обидува да го прикрие сопствениот политички срам.

Министерството потенцира дека постапката за набавка на 150 електрични автобуси и полначи била водена транспарентно и целосно согласно Законот за јавни набавки.

Според информациите што ги објавуваат, на тендерот пристигнале четири понуди:

  • Кинеската компанија „Актрус“ со автобуси „Кинг Лонг“ – 50,7 милиони евра без ДДВ
  • Унгарско-австрискиот конзорциум „Електробус Икарус – ЕВН“ – 50,6 милиони евра без ДДВ
  • Кинеската компанија „Жонг Тонг“ – 50,6 милиони евра без ДДВ
  • Турската компанија „БМЦ“ – 59,2 милиони евра без ДДВ

Од Министерството објавија и поединечни цени по автобус без полнач:

  • „Електробус/Икарус“ – 314.000 евра
  • „Актрус/Кинг Лонг“ – 324.000 евра
  • „Жонг Тонг“ – 327.000 евра
  • „БМЦ“ – 385.000 евра

„Од овие бројки јасно се гледа дека нема разлика од 12 милиони евра, како што тврди СДСМ“, наведуваат од Министерството и бараат јавно извинување од опозициската партија, најавувајќи и тужба за клевета доколку тоа не се случи.

Во реакцијата дополнително се објаснува дека трите компании не ги исполниле условите за избор.

Компанијата „Актрус/Кинг Лонг“ не доставила валидна банкарска гаранција, „Жонг Тонг“ исто така имала невалидна банкарска гаранција, додека „БМЦ“ не доставила банкарска гаранција и не ги исполнила техничките услови.

За конзорциумот „Електробус Икарус – ЕВН“, како што информираат од Министерството, второстепената комисија за жалби по јавни набавки утврдила дека документот за соработка меѓу Икарус и ЕВН бил хартиено потпишан, но не и електронски, поради што тендерот бил поништен.

Од Министерството поставуваат и прашање зошто СДСМ, според нив, „излегува во одбрана на кинеска компанија“, посочувајќи дека дописот што го покажувала опозициската партија бил токму од „Актрус/Кинг Лонг“, чија понуда била невалидна.

„Дали СДСМ одработува за странски интереси и зошто? Или мотивот е локален и се крие зад локални пробисвети и криминалци? Тоа се прашања за СДСМ“, се наведува во соопштението.

Најново од: На прво место

Македонски историски календар: На денешен ден

На денешен ден, 26 јули, низ различни историски периоди се случиле значајни настани што оставиле длабока трага и станале нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ. Историјата на Македонија не е ограничена само на денешните државни граници. Таа живее во Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија, како и во Мала Преспа, каде што […]

Марена во Зубовце – од свадби до благословениот крст од Ерусалим

Марена во Зубовце некогаш не била само селска слава, туку еден од најголемите денови во годината – празник кога се склучувале бракови, а селото одекнувало од свадбени веселби и од звуците на зурлите и тапаните. Се чистеле и варосувале куќите, се уредувале дворовите, улиците и заедничките простори, за достоинствено да бидат пречекани гостите кои доаѓале […]

По патот на Црешовото Топче: Коњаницата „Св. Јован Бигорски“ седумнаесетти пат тргнува кон Мечкин Камен

На 26 јули 2026 година, со почеток во 8:30 часот, од гробиштата во селото Зубовце ќе тргне коњаницата „Св. Јован Бигорски – Патот на Црешовото Топче“, по седумнаесетти пат ќе го мине патот долг околу 200 км. кон Крушево и Мечкин Камен. Тоа не е обично поаѓање, туку завет пред македонските вечни стражари дека нивната […]

„Македонска нација“ продолжува – со нов лик, но со истиот завет кон Македонија

Почитувани следбеници на „Македонска нација“ Поради технички причини и потребата порталот да се приспособи на современите стандарди, создадовме нова, помодерна и пофункционална верзија на „Македонска нација“. Новиот портал е достапен како и до сега на: www.mn.mk Се надеваме дека и понатаму ќе биде ваше место за вистината, историјата и националните прашања поврзани со Македонија и […]

Во Новиот завет Македонија е спомената 22 пати, а Македонец и Македонци уште пет – вкупно 27 споменувања во 24 библиски стиха

Од Македонија започна европската мисија на светиот апостол Павле за ширење на христијанството Во Новиот завет името Македонија и називите Македонец и Македонци се непосредно поврзани со мисијата на светиот апостол Павле, создавањето на првите христијански заедници и ширењето на Евангелието на европска почва Македонија зазема исклучително значајно место во Новиот завет. Нејзиното име не […]

СДС со стар извештај шират паника и се обидуваат да ќарат политички поени

Стравот дека на површина ќе почнат да излегуваат нивните криминали, корупциски афери и милионските суми потрошени за проекти што никогаш не беа завршени, а дел од нив не беа ни започнати, очигледно го доведе СДС до политичко очајание. Наместо да понудат одговори за сопственото владеење и за парите на граѓаните што исчезнуваа во сомнителни тендери, […]

Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската Заедница донираа 10.000 литри вода за граѓаните на Гостивар

Во време кога Гостивар се соочува со сериозна состојба поради загадувањето на водата за пиење, Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија денес организираа хуманитарна акција и донираа 10.000 литри флаширана вода за граѓаните и институциите во градот. Акцијата е израз на солидарност и поддршка кон жителите на Гостивар, […]

До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека со помош на екипи од скопскиот водовод и експерти се работи на целосно прочистување на системот, со цел водата повторно да биде безбедна за граѓаните на Гостивар. Ако биде сѐ како што треба, бидејќи се вклучија екипи од скопски водовод и експерти, јас очекувам до крајот на оваа недела да […]

Најнови вести

To top