На прво место

Филипче и СДС фатени во отворена соработка со бугарски националисти

Рубин Земон во друштво на Виктор Стојанов кој ја негира Македонија

Фотографијата на која членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, е во друштво на бугарскиот активист Виктор Стојанов – човек кој јавно го негира македонскиот идентитет и против кого во Македонија се води кривична постапка – претставува јасен показател со какви структури соработуваат Венко Филипче и раководството на СДС.

Оваа фотографија дополнително ја потврдува поврзаноста на СДС со кругови кои отворено дејствуваат спротивно на македонските национални интереси.

Венко Филипче во континуитет е најгласен во одбрана на бугарските позиции во Македонија. Тој јавно ги промовира ставовите на официјална Софија и има идентичен пристап кон уставните измени како и бугарските власти предводени од Румен Радев.

Виктор Стојанов со години промовира националистички тези дека Македонците се дел од бугарскиот народ. Тој е познат по кампањата со која нудеше по 300 евра за промена на презимињата од „-ски“ во „-ов“ или „-ев“, како и по дистрибуцијата на книгите на браќата Миладинови со бугарски предзнак.

Стојанов поставуваше налепници низ Скопје и други градови со споени македонско и бугарско знаме и пораки дека „сме еден народ“. Дополнително, реализираше активности и во Албанија, со обиди Македонците таму да ги претставува како Бугари.

Во исто време, Филипче и луѓе од најтесниот круг на СДС, меѓу кои и Земон, јавно шират ставови со кои се омаловажуваат македонските револуционери, се релативизира македонската историја и се промовираат тези дека Македонија и Бугарија се „еден народ“.

Тоа не е политички став, туку директен удар врз темелите на македонската државност и национален идентитет.

Според информации од партиски извори, на Филипче му било сугерирано да го тргне Земон од Извршниот одбор на СДС за да се намали штетата врз угледот на партијата, но истовремено да продолжи нивната меѓусебна координација и политичка агенда.

Додека македонскиот народ бара цврста заштита на идентитетот, јазикот и историјата, Филипче и неговите соработници, според критичарите, водат политика на сервилност и потчинување кон бугарските позиции.

Зад реториката за „европска иднина“, според нивните политички опоненти, се крие подготвеност за нови национални отстапки и постепено редефинирање на македонскиот идентитет.

Внесувањето на Бугарите во Уставот, според овие оценки, не е последно барање, туку почеток на нова серија условувања поврзани со македонскиот јазик, историја и култура.

ВМРО-ДПМНЕ порача дека ќе се спротивстави на секој обид за редефинирање на македонскиот идентитет и на секоја соработка со структури кои работат спротивно на интересите на Македонија и македонскиот народ.

„Македонија мора да остане достоинствена, суверена и национално исправена држава“, се наведува во реакцијата.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top