Култура и туризам

Разговараа и за Америка и уште повеќе за родните краишта

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
САВО КОСТАДИНОВСКИ

Ако ги почнеа, на муабетите им немаше крај. Разговараа и за Америка и уште повеќе за родните краишта, како што наближуваа до нив.

– Имало крај на живејачката во туѓина, на другата страна на светот. Имало куртул и од Америка – рече Стојче една приквечерина на палубата кога друштвото беше убаво расприкажано за животот во Америка и во родните краишта. – Избегавме од маките нашински, додаде тој, а не дека таму ни се одеше на печалба во туѓина. Да беше кај нас помирно ќе печалевме во поблиските градови и во плодните краишта, не требаше да доаѓам дури во Америка за да спечалат реума и од работа да ме болат и коските… Мислев дека немаше да дојде денот да ги напуштиме дупките кај Детроит. Божем бевме во богата земја, ама како да не видовме многу бел ден. А и како ќе видевме кога по цел ден работевме во темно.

– Темно, темно, ама Американецот ќе ти даде некој грош за ’рмбањето. Американците имаат пари и затоа поубаво живеат, се вмешува еден сопатник од Битолско. Што сакаш кажувај, ама во Детроит многу поубаво се живеет отколку во нашите градови. А нас што не ни било арно…, тоа е друга работа.  Сме дошле само за ’рмбање, ’рмбавме на отимање, живеевме сами – далеку од род и пород и – сакаш да ти биде убаво.

– Ама бре, луѓе, па сите ние сме селани, сме се кренале од оние наши пусти селишта… и… да биде убаво во Детроит, – тоа не е за нас, оти сме туѓинци и оти не сме се навикнале да живееме по градски – рече Стојче и дополни:

– А, како ќе ви биде убаво во градот и како ќе се навикневте на градот, кога живеевме на јуриите крај него и во оние бараки крај големите дупки.

– Ќе ти биде и тебе арно в град ако си роден во него. Ќе ти беше арно во Детроит, ако таму беше роден…

– Америка е Америка, ама дома е дома – се вклучи Костадин. – Свое е свое. Не е за секого Америка. И за секој човек не е градот, како што за секого не е селото.

Беше тргнат за дома, ама со мислите се врати во Детроит. Се потсети на последната прошетка, една од ретките, надвор од Детроит, зашто му недостигаше природата, му недостигаа дивината, ридиштата и шумите на Добра Вода. И овде, си мислеше тогаш, птиците пеат како и во нашите краишта, ама мене сепак таму поубаво ми звучат. И овде цвеќињата се убави како цвеќињата по ботушките ливади, ама чинам како само таму да мирисаат толку убаво, мирисаат на нашински и затоа може да мирисаат толку убаво, мирисаат на нашински и затоа мене ми се различни. Сепак…, најубави се цвеќињата во дворчето во Ботуше, и џунџулето, невенчето… Како и камењата што ми се поинакви. Од овие овде човек ни колиба не може да си соѕида, а не уште со камен да ја покриеш – како кај нас“. С# внимателно набљудуваше до кај што стигнуваше окото. И исто е и не е исто како во нашиот крај, си мислеше. Овде поинаку и подобро се користи земјата. Америка не е Македонија, ниту Македонија е Америка, земјите се различни, луѓето се различни, зборот им е различен, па дури и природата. Или можеби затоа што е туѓа, & припаѓа на туѓа земја. Во с# може да се најде разлика, ако се споредува.

х х х

Во Солун стигнаа во мугри. Никој не спиеше. Сите беа нестрпливи за пристигнувањето, не им беше до спиење, а кога веќе го здогледаа градот, некои дури пуштија солзи – радосници, иако с# уште не беа пристигнати дома меѓу своите. Оти тоа беше крајот на долгите патувања и печалбарења и на најголемите копнежи.

Кога излезе од бродот, Костадин, прво ја бакна земјата, се разврте лево – десно, направи неколку чекори, најде камен, па го фрли во морето. Демек, никогаш повеќе назад.

– Ја бакнав Македонија и не спомнувајте ми ја Америка – рече и длабоко воздивна.

– Стигнавме, ама уште не сме дома – им вели на своите другари. – До поречките села има уште многу да се патува.

Се вдадоа на прошетка низ Солун, ем да го видат убавиот град, ем да ја почувствуваат земјата под стапалата, а и да се снабдат со храна за пат. Не останаа да преноќат и да тргнат наутро, туку уште истиот ден, па каде ќе ги стемни, таму ќе преноќат, а во топло време лесно се наоѓа преноќиште. Само да е безбедно, да не им застанат на патот на некои зулумќари.

Од Солун за Скопје имаше воз. Ама тие решија да одат пеш, да не арчат многу, а патот за нив сега беше полесен оти се враќаа дома, иако им се стори долго патувањето затоа што најмногу мислеа за дома. Не ја почувствуваа жештината по Солунското Поле, а приквечер стигнаа крај едно село во кое имаше рисјанска свадба. Таа им беше сигурен знак дека тука е безбедно да се ноќева. Длабоко во Костадина продираше звукот на гајдата. Својата гајда им ја остави подарок на другарите – нашинци што останаа во Детроит. За да има со што да си ја стивнат тагата. За среќа, во анот во селото вечерта пристигна карван за Велес, и потоа с# беше полесно со патувањето. Но од Гевгелија го фатија возот и со него го продолжија патот.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top