Култура и туризам

Стибера

stibera

stibera

Градот Стибера се наоѓал на ритчето “Бедем” кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Познат е уште во времето на Римско – македонските војни како база од која што тргнувал македонскиот крал Персеј во походите на пенестинските градови. Неговата лоцираност на релативно нискиот рид, каде што Дијагоналниот пат од Хераклеја кон Стоби се составувал со патот што доаѓал по течението на Еригон од рудоносниот Демир Хисар, во римскиот период овозможила израснување на значајна градска агломерација.

Особено активна била работата на градскиот гимназион.

Ископаниот храм посветен на градската заштитничка Тихе бил делумно “приватизиран” од страна на донаторите, кои го обновиле во 127 година и платиле 5000 сребрени римски денари на градскиот совет за исполнување на нивниот завет. Тоа биле: Антестија Фуска со браќата Трофим и Христ, потоа Тит Флавиј Орест со синот Филоксен, Марко Ветиј и Гај Јулиј Капитон. На тој начин, бистите на Орест и Филоксен биле поставени во самиот храм, додека Анастасија Фуска избрала мошне интересен начин да го надживее своето физичко исчезнување.

Стибера не успеала да одолее на нападите на Готите во 268 г., така што речиси сите матерјални траги откриени во неа прекинуваат со егзистенција во оваа година. По ова, градот воопшто не бил обновен, на што упатува речиси негибнатата состојба на наодите од археолошките ископувања.

Бројни мермерни статуи се откриени во онаа позиција во која ги оставиле Готите по уривањето на градот. Поради ваквата недопреност на урнатините, Стибера денес се нарекува Македонска Помпеја, бидејќи и таму благодарение на лавата се е како што скаменила жешката.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top