Историја

Писмо од Ѓорче Петров до деец на движењето од Ахчелебиско, со објаснување за целите на Внатрешната организација и со совети за практична дејност

Petrov-Giorche

Petrov-GiorcheБрате Бочуков,

Моето доаѓање во Чепеларе беше најповеќе, за да се видиме со тебе и со некој друг од Вас, внатрешните пријатели, како и за да ме запознаете вие со положбата на работите и условите по ваше гледање, така и јас да ви објаснам во духот и правецот на нашите работи. Посакуваното не се случи. Кој е прав, кој крив не знам, но мене ми е многу мака. Заслужува при првата можност да го земеш некогаш одморот и да дојдеш да се видиме. Твоето доаѓање тука е полесно, отколку моето таму. Пречка си имал од некои од селските великодостојници. Постави се како ти да ги владееш, со зло или со добро. Од твоето писмо до комитетот, од разговорите со некои момчиња од Софија и со пријателите од Чепеларе гледам, дека ти си слабо проникнат во суштината на нашите работи. Во секој случај ќе се користам со писма за да ја пополнам празнината. Не е пожелно да ги повторите нашите грешки со горчливите работи, кои досега нам ни ги донесе нашето искуство.

Еве ти сега некои упатства:

1. Суштествуваат две организации по ослободителното дело, една внатре, друга тука. Управните тела: ЦР М-О-К таму, „Врховен Мак. Комитет“ тука, се во сојуз, без да се мешаат во работите на другиот. Посредникот сум јас, како член на Ц. Комитет и како таков со полномоштво во ВМК.[1] Вие сигурно влегувате во реонот на Ц.К. (во кој округ уште не е определено) и треба да влезете во директни контакти со него [2].

Тука ќе се обраќате до мене само за брзи работи и што зависат исклучително од Бугарија. Посредници за тоа ќе бидат нашите чепеларски пријатели. Бидејќи соопштенијата со внатрешните уште не ви се уредени, засега контактите ќе се одвиваат остука. Надвор одовде никакви контакти со кого и да е во Бугарија не им се дозволуваат на одделните комитети. Тоа ја изискува како нуждата од целост во внатрешната организација, така и интересот на самите месни погранични комитети. Сто тојаги по туѓ грб се ништо. Тукашните луѓе се сигурни од било каква опасност, со своите намисли можат само пакости да ви предизвикаат. Имаме горчлив пример од овој вид. Пазете се од такви намисли на неканети патриоти, ако не сакате да ве стигне судбината на пограничните македонски комитети. Основното начело на нашата организација е — приготвување на едно општо востание со чисто народни средства и сили, кое што начело содржи во себеси едно друго — самоувереноста и верата во себеси. Тешко е спроведувањето на овај почеток, но е неопходно за успешното завршување докрај. Тешко е, затоа што нашите луѓе без кураж и силна воља и со многу зачувани ропски особини, сe однадвор очекуваат, сe другиму се надеваат, сe јака потпора бараат. Тоа е неопходно, затоа што не може да се нарече готов за востание оној народ, онај негов дел, па ако сакате и оној индивидум, кој не се надева на себеси и не верува во своите сили и затоа што без него (ова е почеток) ние ќе бидеме играчка на шарлатаните и бездушните политикани. Во духот на тој почеток, сетете се сам каков правец да им давате на работите во секој конкретен случај. Силата кај секој еден во нас треба да оди одозгора надолу. Работниците поодделно со својата готовност на материјални и морални жртви за општите потреби на местото, готови секој за себеси во морален и материјален поглед, да ја создаваат силата на месниот комитет, на одделните месни комитети — на ЦК. Заблуда или подобро слабост е на одделните лица да бараат сe од комитетот. Истото е и за месните комитети во однос на ЦК. Секој работник ќе се труди, да направи се што е неопходно за себе а истовремено да му послужи и на централното раководно тело за општите потреби, секој месен комитет ќе го прави истото и за себеси и за ЦК. Барањето од тебе оружје одовде, како што разбираш, не одговара на горното. Кога комитетите (Ц. и Врх.) најдат средства да достават оружје, тоа ќе биде на нивно располагање, во резерва — нема да го раздаваат. Доволно е толку теорија. За практичните работи. Во почетокот се полакомивме за луѓе. Горчливи резултати добивме. Не ја повторувај грешката — т.е. прави избор на луѓето.

Мачи се да создадеш количествено ограничена, но здрава организација во твојот крај; во прво време ќе треба главното управното тело кај вас да има полиција и курири со нужното оружје за нив. Здрави канали. Скривалишта за луѓе и материјал и извесен број на одбрани момчиња, готови да излезат со пушка во рака во било кој случај и секогаш, а не само во моментот на востанието и заедно со сите, како што обично зборуваат. Тоа е тоа, организацијата во вистинскиот смисол на зборот. Надвор од тоа, преку весниците и усните агитации се води широката агитација. Главно треба да се убедува населението, без разлика на членство или нечленство, да се вооружуваат.

2) Извршувајте го строго Правилникот. Пропуштањето на малите работи, со време ќе ве разглобат.

3) Од кај вас има гурбетчии работници, коишто мислат, дека и воените тука им помагаат. Штом ја минат границата, зборуваат како во својот дом. Да се предупредат за ова сите членови, ако не сакате да го знаат шпионите тука тоа, што вие го правите таму.

4) Да има членски влог, макар и малку. Тој има и морално значење. Со нив ќе ги покриваме неодложните потреби. Недостатокот ќе го дополнувате со слободна и доброволна помош, од добри работници или симпатизери, но не готови за смрт. За собраните и поарчените пари ќе треба насекаде да водите сметка. За сносување на крајните потреби на организацијата и месните комитети, посебно собирајте пари со потврда од ЦК и едно знај, дека потврдата не се дава за помалку од 5 т. лири. За таа цел да ми испратиш список на луѓето, за да се напишат потврдите. Ако сметаш на голем успех, пиши ми да ти испратиме човек од тука за другар.

Потврдите ќе се даваат на луѓе, коишто нема да ги издадат, затоа што самите вие не сте закрепнале, а и другите работи ќе пречат привремено на теророт. Добро ќе биде, ако гледаш да ангажираш луѓе за оружје, за да може потивко да се сврши планот со него.

Мојата постапка за Тошевото преместување беше доцна, па не можев да успеам. Го Викав во Чепеларе со вас, но не дојде. Крајни мерки спрема него ќе преземете, откако се доби писмо од ЦК, за којашто цел пишете, за да пишам и јас.

Петте револвери на братството нека останат комитетски, а вие и раководителите приватно ќе си купите по еден, затоа што и оние што се кај вас, ќе требаат за курирот на тајната пошта.

Два товари со пушки, наскоро ќе треба да заминат за Габрово. За таа цел договорете се со Влчев од Чепеларе.

Накрај ќе кажам, дека времето не дозволува да одиме полека, туку брзо, затоа што не знам на каква пролет ќе осамнеме.

Работете да не би некогаш да се каете.

Пловдив, 5. XI. 1899 г.
Марко [3]

1. Ѓ. Петров соопштува, дека има две организации: ВМОРО и ВМОК, коишто се во сојуз, без да претендираат за раководство. Ѓ. Петров и Г. Делчев се задгранични претставници на ЦК на ВМОРО и како такви влегуваат во составот на ВМОК.

2. Ахчелебискиот реон подоцна влегол во Одринскиот револ. округ на Внатрешната организација.

3. Псевдоним на Ѓорче Петров.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top