Историја

Писмо од С. Гигов член на ЦК на КПМ до првиот Областен Комитет на КПМ

strahil-gigov

strahil-gigovСтрахил Андонов Гигов – Андро (16. IX 1909 – 18. V 1999) е македонски социјалист и комунист, учесник на НОБ и висок функционер од времето на комунизмот. Носител е на Партизанска споменица 1941 и е прогласен за народен херој на Југославија во 1953 година.

Страхил Гигов е роден на 16 септември 1909 година во Велес. Станува синдикален активист во 1928 година, а во 1929 година се приклучува на КПЈ. Член е на Велешкиот месен комитет на КПЈ од 1931 година. Меѓу 1935-1937 година лежи во затвор во Сремска Митровица, а од есента 1939 година е член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Вардарска Македонија. Во меѓувреме неколку пати е апсен. Во јануари 1941 година е испратен во концентрациониот логор во Меѓуречје, близу Ивањица, каде останува до распуштање на логорот во март 1941 година.

По окупацијата на Југославија во април 1941 година, на крајот на истата година Страхил Гигов е секретар на Месниот комитет во Велес, а во почетокот на 1942 година е секретар и на велешкиот Окружен комитет. Главен уредник е на весникот “Народен билтен”. Во септември 1942 година повторно е избран за член на новиот Покраински комитет. Учествува во создавањето на Македонската комунистичка партија на 13 март 1943 година во Тетово заедно со Кузман Јосифовски – Питу, Цветко Узуновски, Мара Нацева и Бане Андреев – сите поранешни членови на ВМРО (Обединета). Станува член на Централниот комитет. Исто така е избран за член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ.

На 21 октомври 1943 година Страхил Гигов како член на ЦК на КПМ од положај испраќа писмо до првиот Областен Комитет на КПМ.Во ова писмо Страхил Гигов потпишан како Мурат меѓу другото изнесува за офанзивата што ја презеле Германците со помош на балистичките банди во Западна Македонија во есента 1943 година и за теророт на балистичките чети на Џемо и Мефаил. Во изводот од ова писмо меѓудругото тој ќе напише:

„Пре него што ви пишеме по некоји конкретни прашања, сакаме да ве по кратки линији запознајме со политичката ситуација настаната овдека после неуспелата Џемова (Џемаил Хасани, водач на балистичка банда) офанзива, која го кошташе толкви жртви на нашата ослободителна територија. Германскиот фашистички окупатор не остана мирен. Он проба да не нападне од другата страна, од кај Струга. За това нападеније исто така беше употребен албанскиот олош од околијата на Струга, кој беше на брз рака присобран и мизерно награден со 10-15 напољона (монета од 10 албански лека) за да изигра една таква долна роља во денешната народноослободителна борба. Ама после два неуспела напада на нашиот одред „Славеј”, кој држеше стална позиција кај Ботун, беше последното покушеније на германскиот фашистички окупатор да ги искористи заостаналите и продадени Албанци во борба против нас. Но подлиот окупатор не се запре на това. Он се послужи и со продадените души от македонскиот народ … и други. А за овој случај, конкретно нивнот ортак … адвокат од Охрид, кој преку свои агенти успеја да ја привремено разбије нашата позадина во моментот кога нашта војска водеше очајна борба против башибозлукот на Џемо и Мефаил (Мефаил Шеху, водач на балистичка чета), који беа се нафрлиле како хиени над нашите села да ги плачкајат и срамат нашите мајки и сестри. Во едно такво тешко положеније за нашиот народ, во тој момент Хитлеровиот агент … разви една јака пропаганда да Македонците ќе бидат заштитени само од блгарската војска, ако прекинат со партизаните и им откажат секоја една соработуечка во што прилично воспеја. Настана една општа бежанија накај бугарската граница. Читави наши села останаја празни. Целата оваја акција беше локална акција, водена од  (хитлеровиот агент н.з.) и уште неколку фашистички настроени офицери, који немаја одобрено от Софија, пошто на Софија и гори под нози, па нема снаги за завладување на нови територији, која и самата Бугарија стоији пред капитулација. И пошто изминаја сите датуми и ниедно обештание на од  (хитлеровиот агент н.з.) не се исполни, народот почна да се враќа по своите домови со едно уште поголемо искуство. Овој процес стана и како по наша наредба за да се јават сите наши прикриени непријатели и да се очистиме от разни колебливци, који се беја вовлекле во нашите редови. И денеска стојиме многу поцврсто меѓу народот.“ (извор: Документи од борбата на мекедонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 332 – 334,  АМ. -Ф.- НОБ. арх. бр. 305).

Страхил Гигов потоа бил член на АВНОЈ, а во пролетта 1944 година и на иницијативниот комитет за свикување на првото заседание на АСНОМ. Поради неговите активности, окупаторот двапати го осудува на смрт во отсуство. Гигов учествува на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, на кое е избран за член на Президиумот на АСНОМ. На 6 август е назначен за повереник за градежништво и соопштенија на Президиумот на АСНОМ.

По ослободувањето на Македонија, Стрихил Гигов се наоѓа на разни функции на републичко и сојузно ниво. Умира во 1999 година. Се смета дека ги прифатил просрпските ставови и дека е еден од главните непријатели на Методија Андонов – Ченто и за организатор на убиството на Кочо Рацин. Имено, Страхил Гигов во македонската историографија се поврзува со ликвидацијата на македонскиот книжевен деец познат по својата поезија, Коста Солев Рацин.

Наследниците на комунистите, денешните социјалдемократити ги изневерија нивните претци кои гинеа во борбата за самостојност и национална држава на македонскиот народ. Имено, пратениците на СДСМ на почетокот на 2016 година поднесоа амандман со кој се бараше да се избрише името на Дамјан Груев и да го запишат Страхил Гигов на Универзитетот за национална одбрана, безбедност и мир. Но, за да биде пародојата уште поголема нивниот лидер Зоран Заев само за да дојде на власт ја прифати Тиранската платформа поднесена од наследниците на Џемо и Мефаил, против кој се бореше Страхил Гигов. Со поддршка на СДСМ и неофашистичките центри на моќ, денес македонското собрание е окупирано од продадените Албанци, команданти на УЧК, чија цел е редифинирање и поделба на Македонија повеќе или помалку, слично како за време на Втората светска војна.

Меѓутоа, македонскиот народ не се предава. Ако успеал од пепелот на Втората светска војна да создаде своја држава, така и од овој хаос порано или подоцна предводени од ВМРО ДПМНЕ ќе излезе како победник.

Македонска нација

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top