Култура и туризам

САВО КОСТАДИНОВСКИ

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski

Најхрабрите мажи, и не само тие, туку сите на кои преку глава им било слугувањето за Турците и кои од нив виделе голема мака се подготвуваа за голема борба. Не се трпеше повеќе тиранијата, кога човек не може глава да дигне, па и Костадин кој веќе знаеше што е борба против аскер и качаци, се снабди со пушка. Пушката што ја имаше пред да замине за Америка, веќе си ја присвоил најстариот син Васил кој со својата одбрана дружина веќе крстосуваше во Поречието и во Копачијата. Костадин со неколкумина горнопоречани замина во шумите накај Брод и Барбарос. Сакаше да биде во иста чета со сина си – ако долго време не можеа да бидат заедно, барем сега во шумите поречки да може да се гледаат. Нивната група ги менуваше местата, многу често доаѓаа курири, а потоа групата стапуваше во движење. Ноќе одеше и во полските села накај Прилеп, но најчесто беше во поречките шуми, на Бушова Чешма или накај горна Велика Река. Сретнуваа повеќе групи со оружје и знаеја дека секој што има пушка се подготвува за борба и се чекаше да почне големата борба – сите заедно да удрат на аскерот.

Така крстосува со недели. Костадин реши да се врати на ден-два до Ботуше, оти имал работа, а зошто отиде до дома не му кажа ниту на сина си. Кога повторно дошол во шумата каде што ја остави групата, веќе никого немаше, се обиде со луѓе од доверба по селата и бачилата да & ја најде трагата. Дозна дека групата заминала кон полето, тргна и тој, но… натаму веќе не беше сигурен патот. Се врати назад, два дена остана во шумите кај Брод, а таму ја немаше ниту дреновската чета. Тогаш стигна абер дека почнала големата борба и дека сите чети и сиот народ се востанати. Во Дреново дочека една чета од средно Порече која беше тргната за Крушево. Таму веќе се славеше, а луѓето беа растрчани, во нивниот чекор како да не се чувствуваше маката што ги притискаше цел живот.

Во крушевските кории неговата чета остана со задача да извидува и да ја чува слободата. Кога дојде денот каков што дотогаш немаше, како што дотогаш не се стемнило од чад, и никогаш дотогаш толку не се слушнале ниту грмотевици, денот кога имаше јунаштво како никогаш дотогаш, а се избираше само меѓу слободата и смртта, Костадин војуваше против аскерот што доаѓаше откај Бушова Планина.

Тој ден, кога најголемиот влог на комитите им беше животот, Костадин беше ранет. Иако ранет, благодарение на својата вештина за борба, што ја имаше одамна стекнато, излезе на крај со противниците што му доаѓаа спроти него, а откако се повлече во шумата беше во состојба сам да си помогне. Полека допатува во Дреново, но не сакаше никому да му биде товар и тргна чекор по чекор, колку што може да отима од патот кон среднопоречките села, а оттаму да замине дома.

Потребни му беа неколку дена за да стигне до Ботуше.

Кога влезе во дворот жена му Евдокија беше облечена во црно.

– Погрешен абер си добила. Како што гледаш, жив сум – & рече.

Евдокија не можеше збор да изусти.

Побрзо од него во Ботуше стигнала веста за смртта на сина му.

Следниот ден стигна абер за смртта на брат му Миле.

Влезе дома, го отвори ковчегот во кој се чуваше сведенската руба, извади црвено платно, го врза за најдолгиот драг што го најде во дворот и го закачи на чардакот.

Наредните неколку месеци по Големото востание живееше во поречките шуми, бачила, воденици, колиби.

Правдата ја зеде во свои раце.

Демнеше душмани.

И по зимата многу често беше во своите тајни живеалишта. Едно време помина и во пештерата кај Зркле со големиот војвода, кому му требаше нега по ранувањето.

Откако таму дојде Ацев од Прилеп, се врати дома и чекаше да чуе кога ќе има повторно голема борба. Ако го служат годините.

Кога имаше 62 години повторно имаше голема борба. Наместо тој замина најмалиот син Јанко.

Доброволно.

Следните години имаше повторно борби.

И Јанко повторно војуваше.

Но принудно.

Тие борби беа големи само по пустошите, сметаше Костадин.

Тој и натаму ја чекаше Големата борба.

Огнот во него никогаш не згасна.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top