Култура и туризам

Такви пишувани абери ретко пристигнуваа во Ботуше и кога ќе се случеше тоа – сето село дознаваше

Zivot-za-Botuse predna-korica

Саво Костадиновски

Zivot-za-Botuse predna-koricaОткако поминаа неколку недели од враќањето од Америка и откако се принавикна на утрата, на денот и на ноќта во Ботуше, еден ден во селото за Костадина пристигна „книга“, како што го викаа писмото. Такви пишувани абери ретко пристигнуваа во Ботуше и кога ќе се случеше тоа – сето село дознаваше.

Гледа Костадин – бела книга од Америка.

„Кој ли го испратил ова?“ се прашуваше и не можеше да претпостави од кого може да биде.

Веднаш го заврте и – неговата адреса од Детроит. Во моментот беше збунет и помисли дека некој во негово име испраќа книга, без да забележи дека не е адресирана до него. С# му се разјасни откако забележа дека писмото е испратено до жена му. Сфати дека тоа е задоцнето писмо што го има испратено тој, додека беше во Америка.

Кога го отвори, се виде себеси.

На „чудната книга“ што пред една година им ја испрати на своите дома.

На којашто трбаше да му го гледаат ликот. За да не го заборават. А дечињата да го запаметат. Ако му беше нему тешко да се потсетува на ликовите, тие барем да го гледаат на книга „нацртан“ подобро од ликовите на иконите и на фреските.

Откако се врати воопшто не се сети да праша дома за чудната книга што ја имаше испратено.

По враќањето од далечниот свет, се измени светот во него. Како да живееше нов живот во кој ги запознаваше своите чеда.

Во тој момент „чудната книга“ повеќе не му беше толку важна.

– Кога си сторил ниет и кога си толку решен, јас не сакам да ти повелам поинаку и имаш изим да одиш на гурбет. Ако сум заминал јас кога малкумина одеа, зошто ти сега да не заминеш кога сите бегаат од овие пусти војни. Ако сум заминал јас најдалеку што се можело – дури во Америка, зошто ти да не одиш во Солун – ене каде е! – му рече Костадин на сина си Јанка додека вечераа крај огништето, каде што обично се коваа сите поважни планови и се носеа сите главни семејни одлуки.

– Времињава никако да се смират за да живее раат човек и да закуќи – продолжи Костадин. – Цели три години минаа како замина Турчинот, и наместо да е поарно – бетер е… Пустото турско помина, нема веќе турски аскер, ама по оваа наша земја војска – колку сакаш. Една заминува, друга доаѓа; едната ни вели наша била, другата исто така, а и едната и другата ни дошле од другаде и саде за пукање дошле, а дошле војски дури и од големите земји, од мајчина им, па овде нашле село без кучиња после турско, и саде пустат и носат пакост. И, ај, како да ти речам, синко Јанко, да седиш дома, да работиш а ништо да не заработиш, освен некоја мобилизација во тие врашки војски што начекале на туѓо да се прават стопани. Во Солун барем ќе се спасиш од нив и барем ќе фатиш некоја работа и ќе скрпиш некаква печалба. Овде гледам дека нема фајде, и тоа што ќе го собереш, уште во амбар невнесено ќе го собере некоја војска. Бериќатворси од твојата работа, ама на убави години си, оди да видиш бел свет, да видиш корист од твојте раце, па кога ќе се смират времињата ќе си дојдеш. Од мене, синко, имаш благослов, со среќа нека ти е!

По овие зборови му олесна на Јанко, иако очекуваше ваков одговор, но на трпезата крај огништето малку се зборуваше додека се вечераше. Сепак, семејството не беше толку радосно што Јанко ќе замине од дома, оти веќе истото тоа семејство имаше почувствувано и знаеше што значи да се оди на печалба.

– Сполај ти, татко – рече Јанко додека се слушаше само тропкањето на дрвените лажици на трпезата.

Се заблагодари кусо и искрено за одлуката која беше конечна, зашто беше потврдена од главата на семејството.

– Нека ти биде со среќа синко, печалбата – додаде мајката Евдокија – само гледај да не останеш долго на гурбет. Веќе имаш 25 години, а уште не си женет, треба да мислиш и на тоа, спечали што ќе спечалиш и враќај се. Треба да се мисли и на куќа и пород. Штом не е толку далеку, да се вратиш побрзо, оти јас убаво си знам колку долго трае таа пуста печалба. Татка ти го чекав десет години, а како да го чекав десет животи.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top