На прво место

Порталот „Македонска нација“ повикува на сенародно обединување

Политичката сцена во Македонија со години е длабоко поделена, особено околу националните прашања, односите со Бугарија и позициите поврзани со македонскиот идентитет и европските интеграции. Во такви околности, сè почесто во јавноста се отвора прашањето: ако постои можност за пошироко народно и национално обединување околу клучните државни интереси, зошто СДС упорно го избегнува тоа?

Премиерот на Република Македонија речиси во секој свој јавен настап повикува на обединување околу националните интереси, нагласувајќи дека само преку заедништво, единство и јасна државна стратегија Македонија може успешно да се справи со предизвиците и да ги заштити своите национални и државни позиции.

Дел од граѓаните сметаат дека по прифаќањето на низа условувања и отстапки поврзани со историјата, јазикот и идентитетот, дека СДС повеќе се грижи за исполнување на барањата од Софија отколку за создавање внатрешно национално единство во Македонија.

Народното обединување не значи едноумие, ниту укинување на политичките разлики. Тоа подразбира заеднички став кога се во прашање државните и националните интереси.

Во многу европски држави, власта и опозицијата имаат различни политики, но кога станува збор за идентитетот, јазикот, историјата и државните црвени линии, тие настапуваат единствено и обединето.

Во Македонија, за жал, наместо обединување околу националните прашања, сведоци сме на постојани поделби и политички конфликти. Секоја иницијатива за поширок национален консензус често се дочекува со напади, етикетирања и релативизирање. Токму затоа се поставува дилемата: дали некој навистина не сака народно обединување затоа што тоа би значело прекин на политиките кои со години ја ставаат Македонија во подредена позиција?

Граѓаните очекуваат политичките партии, без разлика дали се власт или опозиција, да покажат државничка зрелост и национална одговорност, ставајќи ги државните интереси пред партиските калкулации. Македонија има потреба од стабилност, внатрешно единство и јасна национална стратегија, а не од постојани поделби кои ги ослабуваат институциите и ја намалуваат довербата кај народот.

Историјата покажала дека народите кои не успеале да се обединат околу сопствените национални интереси, најчесто станувале лесна цел на туѓи влијанија и геополитички интереси. Затоа, прашањето за народното обединување денес не е само политичко, туку и суштинско прашање за иднината на Македонија.

Доколку навистина постои искрена заложба за европска иднина и стабилна држава, тогаш обединувањето околу македонските национални интереси треба да биде заедничка обврска на сите политички чинители, без разлика на нивната идеолошка или партиска припадност.

Најново од: На прво место

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

To top