Култура и туризам

Како што минуваше времето, така немаштијата полека минуваше во имаштија

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Како што минуваше времето, така немаштијата полека минуваше во имаштија. Ама не имаштијата како изобилство, ами имаштија на трпезата. Да има секој ден, да не остане гладна душа. Да не дојде нужда за лебот.

Во животот на Јанко првпат беше така.

Иако некогаш и татко му беше на печалба.

Сега му беше полесно, затоа што за домот и трпезата, за своето семејство се грижеше заедно со Лена. Задомувањето му одеше полесно благодарение на благородноста што беше ја имало во душите на родителите на Лена. Тие родните краишта ги напуштиле петнаесетина години порано, набргу по илинденските битки, кога исто така беше тешко да се живее во Македонија. Веќе имаа пуштено корени во новата земја, а на тие корени се потпре и семјеството што го создадоа Јанко и Лена. Ленините родители го прифатија како своја фиданка и тоа семејство за Јанко беше третото што го чувствуваше како свое.

Семејното стебло на Јанко растеше брзо, како што растеше јаболковото дрво што го засади во родниот двор во Ботуше на заминување – како што направи и татко му кога се вдаде на пат за Америка.

По раѓањето на Васил, Лена на свет му донесе уште едно машко, па женско дете. Со нивните имиња – Костадин и Евдокија, само беше потврдена смислата и беше разубавена крошната на тоа стебло.

Васил, Коста и Ева, како што ги викаа, за Јанко беа најголемата врска со својата најблиска рода во старата татковина: нивните имиња секојдневно го навраќаа кон своите најмили и кон детството и младоста, минати на ридишта и падини незамисливо многу далеку од сиднејските прерии.

Ветувањето што си го имаше дадено, дека ќе се врати во својата родна земја кога ќе наполни четериесет години, Јанко не го заборави, ниту сакаше да го прекрши.

По четеринаесет години минати во Австралија се реши да тргне на пат за родниот крај, ама не да се врати за да живее таму, туку да го посети и да си ја види својата блиска рода. Тој беше човек со корени и во старата и во новата земја и не можеше тукутака да се откаже од својот нов дом.

Со дилемата да се вратат или не, живееја многумина доселеници од Македонија.

Секоја дилема си има своја причина, како што секоја планина си има своја тежина, ама наспроти носталгијата за родниот дом, главната причина за таквата дилема беа с# уште несредените состојби во македонските краишта кои беа поделени на три дела од војските што до пред неколку години крстосуваа по нив. Иако беа далеку, тие знаеја дека ниту во јужна, ниту во северна Македонија се живее мирно и во благосостојба. Во секој случај, не се живее како што може да се живее во новата земја. Прво да видат како е таму, па потоа ќе решат кога конечно ќе се вратат.

На долгиот пат за Македонија, Јанко тргна заедно со Лена и дечињата. Лена уште како дете го имаше напуштено Лерин, па поради тоа со нетрпение очекуваше повторно да ги види пределите од спомените за детството.

По пристигнувањето во Солун, прво се упатија за Лерин. Со намера да ја видат родната куќа на Лена.

Ја видоа оддалеку. Не го виде Лена тоа што го очекуваше. Како да стапнала во туѓ свет во којшто има само парчиња од своите спомени. Тоа не беше родината од времето кога ја напушти.

Нова власт – нов режим за средување на спомените.

Во Ботуше осумдесетгодишниот Костадин веќе имаше абер дека тоа лето околу Петровден ќе стигне син му Јанко од најдалечната земја. Затоа Јанковото пристигнување не беше изненадување. Но беше изненаден Јанко од тоа што го гледаше во Македонија и во неговите родни предели. Очекуваше дека во меѓувреме работите многу се смениле на подобро, ама се излагал во своето мислење. Сфати дека борбата на татко му била залудна, зашто наместо многу војска сега во својата родина сретнуваше многу џандармерија. И самиот не знаеше од колку џандарски патроли беше запрен додека не стигна во Ботуше. А таму? Таму с# уште како во турско.

Сепак, радоста од доаѓањето беше присутна во душата на Јанко.

Ниту тој можеше да се изнарадува што повторно ги гледа татка си и мајка си, браќата Аврам и Мојсо, петте арслани на Мојсо – Богдан, Огнан, Јане, Сергеј и Дојчин, кои беа во заедница со остарените Костадин и Евдокија. Ниту сите тие можеа да се изнарадуваат што го гледаат Јанко со жена си и трите дечиња. Иако мали, Јанко сакаше да ги доведе и своите чеда во својот роден дом, за да имаат и тие спомен од детството што е врзан за родното огниште на татко им, доколку нивната среќа во животот ќе им биде родната Австралија.

Немаше граница меѓу спомените и сегашнината.

Едно видување – еден век.

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top