Култура и туризам

ПРОМОЦИЈА НА ТРИЈАЗИЧНАТА СТИХОЗБИРКА „ДОЖДОТ“ ОД ИЗАБЕЛ КАТИН СКАТОЦА ОД РИМ

izabel-the-rain

izabel-the-rain

Неодамна, во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје од печат излезе тријазичната стихозбирка под наслов „Дождот“ на Изабел Катин

Скатоца од Рим. Делото е напишано на трите јазици со кои Изабел комуницира во нејзиниот секојдневен живот: италијански,македонски и англиски. Стихозбирката „Дождот“ беше промовиранана 44-те традиционални „Илинденски исленичките средби“ во печалбарското Љубојно, во Долна Преспа.

Изабел Катин Скатоца е родена во Торонто, Канада, каде живееше девет години, потоа се пресели во Рим, Италија,каде живее со нејзината фамилија и посетува осумгодишно училиште.

Стихозбирката „Дождот“  е израз на нејзината љубов кон пишаниот збор.Таа содржи текстови на трите јазици во кои се дадени опширни податоци за авторката, а во продолжение се поместени 50 детски песни. Песните се огледало на нејзините детски способности, погледи, љубов и дарба. Тие се напишани на лесен и разбирлив стил преку кои таа го изразува своето познавање на трите јазици што ги зборува, потоа љубовта кон природата, кон лугето на целиот свет, а особено доаѓа до израз почитта кон нејзините три татковини: Канада, Италија и Македонија.

Инаку, покрај стихозбирката „Дождот“ прво нејзино дело е сликовницата насловено „Изабел“, која е огледало на нејзините детски способности и дарба за цртање, љубовта кон боите и хартијата, како секое дете до шестгодишна возраст. Така, Изабел уште од малечка започна да црта, да твори и преку цртежот да ги развива нејзините животни имагинации, љубовта кон семејството и хуманизмот кон сите луѓе во светот..

Но, како одминуваа детските години Изабел започна да чита, да има љубов кон пишаниот збот и да ги практицира трите јазици: македонскиот, италијанскиот и англискиот, а да учи и француски и кинески јазик.

Како резултат на таа силна љубов кон книгата, таа започна да пишува поезија. Најнапред на англиски, во периодот кога живееше во Торонто, но се чини „скокот“ во создавање поетски творби го направи во Рим, кај Колосеумот каде живее, таму ги доби инспирациите да пишува на италијански, а со доаѓањата во Македонија, особено посетите на Скопје, Охрид, Виница и Љубојно, каде стекна бројни пријатели кои и’ дадоја поттик да пишува и на македонски јазик.

Затоа, стихозбирката „Дождот“ е ексклузивно издание на Издавачката куќа „Македонска искра“ и е во знак на искрена поддршка и верба во нејзиниот креативен исказ и љубов кон пишаниот збор во нејзините идни перспективи.

Во прилог ја поместуваме нејзината песна „Илинден во Љубојно“.

„Македонска нација“

ИЛИНДЕН ВО ЉУБОЈНО

Какоп тици преселници се враќаат
луѓето печалбари од целиот свет
така баба и дедо не’ собираат и нас
на Илинден како пчелички на цвет.

Безброј прегратки и бакнежи има
и многу приказни слушам
зошто тајни и љубов Љубојно крие
тоа се гледа на Полена кај сите луѓе.

Песни и ора на средсело се вијат
вечерта како сите да се играорци
а на утро во црквата „Свети Илија“
се собира и младо и старо.

Те сакам Љубојно-село мое мило
и секогаш ќе се топлам во твоето крило
Илинден вечно да се слави
и посакувам секој да биде среќен.

Изабел

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top