Историја

Етнографијата и националните аспирации на Балканот

komisija

komisija

Потекло на двете Балкански војни – Карнегиева Комисија

– Оваа Глава, ја почнува Милјуков, со историски осврт за Балканот, при што како вели не сака да навлегува во разгледување на националното прашање на Балканските народи зашто веќе имало литература (?!).

– Па се враќа во III, IV, VI X – XIV век, а народите ги гледа низ призмата на тие векови и како вели “изобилната литература” на Европски и Балкански литератури. Го бира она според кое има – Срби, Бугари, Грци, Албанци, Романци и Власи но не и Македонци, Хрвати или други, кои кај него не постојат.

– Колку е контрадикторен и погрешен кога ги обработува народите, говори што ХРВАТИТЕ кај него се СРБИ (?!). Имено за ова тој вели:

„Она што посебно било поволно за развој на националната свест меѓу Србите бил големиот сразмер на нивната раса што останал надвор од османското освојување. Дури одделно од Србите на Јадран (Хрватите ?! – з.н), кои биле отворени за влијанија на Италијанската литература од XVI век, оние од Австро-Унгарија ја пробале Европската цивилизација долго пред Србите во Турција.
Првин РАГУЗА, а потоа АГРАМ (на Словенски “ЗАГРЕБ“) БИЛЕ ИНТЕЛЕКТУАЛНИ ЦЕНТРИ НА СРПСКАТА НАЦИЈА ПРЕД БЕЛГРАД (?! –з.н)“.

– И ете на што Бугарите се радуваат – Комисионери, кои како што МАКЕДОНЦИТЕ ГИ ПРАВАТ БУГАРИ така и ХРВАТИТЕ ГИ ПРАВАТ СРБИ и тоа во XX век. Според нив – “ЗАГРЕБ Е ИНТЕЛЕКТУАЛНИОТ ЦЕНТАР НА СРПСКАТА НАЦИЈА“(?!) (повеќе за Хрватите како “Срби” кај Милјуков види подолу кај т. 7.2.3 -“Сојузот и договорите”)

– Но Милјуков не е таков само кон Балканските народи, тој е доследен кон правилото помалите народи да ги меша со соседните поголеми, кај него на пример Украинците се Руси (?!)

– И во однос на Македонците, Милјуков плива меѓу вистината и бугарските тези. Загатнувајќи го македонското прашање во Егзархиско-Фанариотскиот судир, вели:

„Но Охрид и Скопје се МАКЕДОНСКИ. Прашањето за Македонија така дефинитивно се појавило“.

– За Српско-бугарскиот спор вади цитати од Љ. Каравелов и В. Јовановиќ со што Грчката желба за грабање Македонски територии и души се шири и на овие две.

– Ја спомнува грчката понуда кон Бугарите со Егзархиска надлежност и кон Босна и Херцеговина и Стара Србија, а за откажување на Бугарите од Македонија. Бугарите со радост си ја прибираат и Босна под своја надлежност не откажувајќи се од Македонија, (со што се докажува борбата за територии – з.н).

– Ја спомнува и Австриската иницијатива во Берлин, за Македонија – автономна држава под Австро-Унгарски протекторат.

– Милјуков објаснува нашироко за Српските образовно-црковни ширења во Македонија, со број на училишта по години, ученици, учители, книги и сл., ЗАБОРАВАЈЌИ да примени таква студиозност и за Бугарите кои се во иста мисија. Си ставил печат на својата – пристрасност.

– Бугарската пристрасност на Милјуков е и во статистиките на Србија, Бугарија и Грција кои се дијаметрално спротивни една на друга и во кои секогаш е “нивната” народност побројна во однос на другите две.

– Давајќи ги податоците од В. К`нчев (Бугарија, 1900 г.), од С. Гопчевиќ (Србија, 1889 г.) и од Г. Делјани (Грција, 1904 г.), крајно непрофесионално и ПРИСТРАСНО ќе ги форсира САМО БУГАРСКИТЕ ЗА НАЈВИСТИНИТИ, иако сите три се грабливки со иста цел. Тој вели:

„САМО БУГАРСКАТА СТАТИСТИКА ЈА ЗЕМА ПРЕДВИД националната свест на самите луѓе. Српските сметања се ГЛАВНО (?! -з.н) засновани врз резултати од проучувањето на дијалектот и врз идентитетот на обичаите: Затоа се тие ГЛАВНО ТЕОРЕТСКИ и АПСТРАКТНИ ПО СВОЈОТ КАРАКТЕР“.

– За да му држи тезата, дава и стари мапи од Ами Боне (1847 г.) каде Mакедонија e со “Бугари”, време кога едвај има претстава во Европа до каде е кој народ низ Балканот (тогаш има и мапи каде Бугарите, Хрватите, Босанците или др. за Европјаните сe -“Срби” ?! – з.н).

– Свесен за ова, спомнува дека локалните карти од подоцна ја прават Македонија или Српска или Грчка.

– Српските мапи ги напаѓа како променливи во зависност од приликите додека Бугарските биле исти, што за него е некаков доказ за – исправноста на Бугарските тези (?!). Затоа и нема да сретнете никаде да нападне Бугарска мапа за разлика од сите други мапи.

Македониум

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top