Култура и туризам

Точно по шеесет години дознав што се случило со сетра ми, каде отишла и каде е сега

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Точно по шеесет години дознав што се случило со сетра ми, каде отишла и каде е сега. Едно време рече чекајте тука, излезе набрзина и отиде во болницата. Овој е улав, вели Богдан и затоа не ми личи многу дека ти е внук. Што мака го фати што отрча в болница. Не помина време колку за еден тутун, го гледаме како се враќа, а со него доаѓа и доктор. А, бре овој да не води за нас доктор, си се прашува Богдан. Е…, – па тоа е главниот доктор во болницата. Дури се чудиме ние, дојдоа во дуќанчето и Ружди ми вели и овој ти е внук. Овој е брат ми Мифтар. Да се чудиш, да не веруваш. Шеесет години ни абер ни поштук имав за сестра ми, а сега одеднаш два внука запознав! Од друга вера, ама од иста крв. Што ти бил животот. Тие да бидат веднаш преку планина, а ние абер да немаме за тоа. Барем еден збор да имавме чуено за сестра ми Петра, дали е жива да разберевме… И после, ти велам Јанко, јас уште зашеметен од тоа што го гледам и што ми се случува, запнаа внуците да ме носат дома да си ја видам сестрата. Поминаа пазарџии од селово, им сторив абер по нив на моите дома да не ме чекаат таа вечер. Мифтар ја напушти болницата, Ружди го затвори дуќанчето и – право кај нив дома. Оваа е сестра ти Первин, ми велат кога стигнавме. Како првпат да ја гледам жената. Кога ја видов последен пат имаше дваесет, а сега осумдесет години. Тогаш беше мома – сега старица. Беше Петра – станала Первин?! Се запознавме повторно. И цела вечер муабети – што, како.., оти ништо не знаев за неа, ниту таа за нашата фамилија. Утрината, на Мифтар не му се одеше на работа, туку со Петра, сите тројцата, се кренавме на пат за Ботуше! Кутрата Петра загубила надеж дека пак ќе си ја види родната куќа. Ние исто така. По трагата кога ја грабеле слушнавме дека ја одвеле во селото Ќафа накај Кичево, а таа живеела во Бањица…

Дедо Дамјан ја раскажуваше својата приказна која во животот му внесла радост.

Но приказната повеќе звучеше тажно, отколку радосно.

Раскажуваше, ама повеќе солзи од очите му излегуваа, отколку зборови од устата.

Неговата тага се пренесуваше и во очите на другите, а изгледа најмногу кај дедо Јанко, иако не стануваше збор за негова роднина. Зашто најтешко ги преживуваше семејните трагедии и осамата, па секоја судбина со тегоба ја слушаше. Тоа беше таговен монолог на дедо Дамјан, а сите ние молчаливо слушавме.

– Да се чудиш – каква судбина – рече по подолга пауза. – Јанко, татко ти беше во Америка, ти замина во Австралија, ама знаевме каде сте и даде Господ пак по некојпат да се видиме. Ама Петра не била ниту во Америка, ниту во Австралија, туку толку блиску, а дури по шеесет години дојде дома, кога ниту татко, ниту мајка се живи, ниту знаела дали & се живи блиските, ниту да чуе која е новородената рода… Живеела во друг свет и како да имала друг живот.

Сите поздамолчеа.

И дедо Јанко беше молчалив и изгледаше замислен. По некое време од џебот на елекот извади албумче со фотографии. На сите фотографии беа неговите деца и жената. Ги гледавме со љубопитство. Потоа, нам на роднините почна да ни подарува од фотографиите.

Како да ни делеше големо богатство што го донесол од туѓина.

Ни ги делеше за спомен, а тој многу ги сакаше спомените.

Живееше со нив.

И спомените ги споделуваше со ботушани. И кога имаше тага, и кога имаше радост.

Тоа лето често имаше такви седенки со своите соселани и роднини, а протера и неколку летни празници. Вечерните седенки и славите уште повеќе му ја брануваа душата. Имаше моменти кога го зафаќаше и бранот на песната. А кога тој пееше – и нам ни ја разгалуваше душата.

Поточно, тој пееше за своето минато, за својата судбина, за судбината на своето семејство. Пееше таговно. Каква што му беше душата кога помислуваше на тоа. Посебно кога спомените ќе го навратеа на судбината. На татка си и на брата си. Татко му доживеал долга старост, а толку малку време во животот поминале заедно.

Како да било тоа само еден миг. Ништо повеќе.

Првпат го виде кога имаше десет години, кога се врати од Америка. Потоа дедо Јанко заминал од дома. Од далеку – подалеку. Ниту да го види, ниту да го чуе кога ќе посака.

Брата си уште помалку го паметеше. Во детството многу се памети, но ликовите најмногу се забораваат. Одвај можеше да си претстави како изгледаше. Тешкиот живот и војните ги принудиле него и татко му да ги фатат најдолгите патишта во светот.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top