Историја

Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ – 1900 година

Solunska-gimnaziya

Solunska-gimnaziya
Солунската машка гимназија во 1900 година.

Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј”, или Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј” била еден од најголемите и највлијателните образовни центри отворени од Бугарската егзархиска пропаганда во Македонија, но сепак се почитува во Македонија како место каде се создава јадрото на македонското револуционерно движење.

Solunska_bugarska_mashka_gimnazija_dokument
Документ од 1884 година

Основана е во 1880 година во Солун од страна на преродбеникот Кузман Шапкарев каде и опстојува под името Солунска българска мъжка гимназия “св. Кирилъ и Методий” до 1913 година.

Меѓу иницијаторите, директорите и учителите во гимназијата се издвојуваат низа големи интелектуалци, научници и јавни личности; покрај основачот Кузман Шапкарев, тука своевремено работеле и предавале и Васил Канчов, Григор Прличев и Константин Величков.

Меѓу учениците и дипломците на оваа гимназија особено се издвојуваат Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, Андреј Љапчев, Иван Михајлов, Антон Кецкаров и голем број на други видни личности од македонската и бугарската историја.

Учителите во гимназијата биле Македонци, Бугари, Турци, Руси и Французи, а меѓу другите предмети се изучувале латински, старогрчки, турски и француски јазик.

Во гимназијата често избувнувале конфликти за тоа да се зголеми бројот на професори со потекло од Македонија, а да се намали бројот на оние што се носат од територијата на кнежевството Бугарија.

Бугарската Егзархија која ја спроведувала политиката на Стефан Стамболов за еволутивно решавање на македонското прашање, била против зголемување на бројот на учители од Македонија, заради стравот дека Македонците учители ќе ги револуционеризираат учениците, и со тоа ќе бидат нарушени добрите односи меѓу кнежеството Бугарија и Османлиска Турција.

Своето дело „Во Македонија под ропство” Павел Шатев пишува дека во основата на ученичките бунтови бил спорот како да се извршува ослободувањето на Македонија. Екзархиската страна верувала дека ова требе да се извршува со легална борба, просвета, цркви и училишта, а другата страна – со револуционен метод на дејствие.

По крајот на Втората балканска војна, грчките власти го протеруваат целиот наставнички колектив на гимназијата во Бугарија. Задно со себе тие успеваат да земат голем дел од материјалот и регистарски материјали.

Преместувана е неколку пати во Струмица, Штип и Петрич.

Од 1920 до денес се наоѓа во Благоевград (Горна Џумаја), Пиринска Македонија и го носи името Национална хуманитарна гимназија „Свети Кирил и Методиј”.

Teachers-of-Bulgarian-men-school-Thessaloniki-1890
Учители во гимназијата во 1890 година.

Директори во Солунската машка гимназија

  • Кузман Шапкарев — (1880 – 1881) (главен учител)
  • Божил Рајнов — (1881 – 1883)
  • Георги Кандиларов — (1883 – 1887)
  • Никола Начов — (1887 – 1891)
  • Димитар Хаџи Иванов — (1891 — 1892)
  • Васил К’нчов — (1892 — 1893)
  • Михаил Сарафов — (1893 — 1896)
  • Анастас Наумов — (1896 — 1897)
  • Атанас Ченгелев — (1897 — 1899)
  • Лазар Пајаков — (1899 — 1900)
  • Георги Раев — (1900 — 1904)
  • Христо Тенчев — (1904 — 1907)
  • Антон Поп Стоилов — (1907 — 1909)
  • Тодор Дечев — (1909 – 1912)
  • Георги Белев — (1912 – 1913)

Учители во Солунската машка гимназија

  • Васил К’нчов (1888-1891)
  • Владислав Алексиев (1884-1962)
  • Григор Прличев
  • Ѓорче Петров (1895-1897)
  • Иван Караџов (1875-1834)
  • Константин Величков (1890-1891)

Трајко Китанчев

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top