Култура и туризам

Затоа пееше и затоа ги знаеше сите песни за тегобата на душата

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Затоа пееше.

Затоа ги знаеше сите песни за тегобата на душата.

Ги знаеше и сите комитски песни што се пееле во Порече или кај откорнатиците во Австралија. Ги пееше од длабочината на душата, оти тоа беа песни за маката и за радоста семејна. Затоа, колку што беа комитски, тие беа и печалбарски, а за него – најмногу таговни. Во нив ја чувствуваше сета мака, сета меланхолија, сета судбина – и негова, и семејна, и македонска. Во нив тој ги наоѓаше утехата и оддишката од тешкиот товар на минатото. Кога пееше Јанко комитска песна, кај никого од тие што го слушаа немаше трага на радост, на насмевка. Преку песната кај нив ја пренесуваше тагата што излегуваше од песната и како трепетно ехо ги заплиснуваше срцата на луѓето крај него.

Тој повеќе ја доживуваше и ја преживуваше во себе отколку што ја пееше песната.

Затоа многу убаво звучеа комитските песни што ги пееше Јанко.

Неговиот глас тивко се разлеваше, но се чувствуваше долго во ноќта.

х х х

Среќникот повторно се враќа на местото на среќата, а носталгичарот на местото што му ја предизвикува носталгијата. Дедо Јанко беше вратен за да ја згасне малку носталгијата, па затоа си ги оживуваше спомените кои не го напуштиле цел живот. Се реши едно утро да се рашета над селото, по падините на Добра Вода, каде што се движел многу често како дете и како момче. Сакаше да ги види ритчињата, доловите, полјанките, изворчињата, карпите, патеките… Да ги види местата во спомените од детството. Мислеше, иако минало многу време, дека сето тоа, секој чекор, секој детаљ, добро го памети, но додека се шетавме се разувери во тоа. Времето си го направило своето, па во сеќавањето по нешто се менува и променето останува во споменот.

А беше многу логично таа прошетка да ја направи со мене. Во секој миг му бев на располагање. Јас и никој друг. Тоа беше уште еден убав ден за разговори, тој да ми се исповеда, а јас да ја слушам неговата животна приказна.

Прошетката по местата на спомените ја сфатил како свеченост. Утрината станал рано, се дотерал како да оди на гости, а не по ридиштата над Ботуше. Кога се разбудив, го видов како дотеран и нестрплив се шета по чардакот. Знаев дека ме чека мене. Знаев дека без моето друштво нема да му бидат целосни прошетката и доживувањето. А знаејќи за неговата нестрпливост што го зафатила тоа августовско утро, се подготвив од брзо побрзо и тргнав со појадокот в раце. Не сакав воопшто да му се мешам во тоа каде ќе крстосуваме. Го водеа неговите спомени, а јас по него.

– Кога бев детиште многу често одев на врвовите на Добра Вода. Многу е прекрасно кога си на врвовите. Од високо се гледа подалеку. Не може само да се погледне што време не чека пред нас – ми вели дедо Јанко кога стигнавме кај големите буки со чешми и поила, над кои почнуваа да се распостилаат ледините до самиот хоризонт на планината.

Оттука сакаше да го гледа својот роден крај и голем дел од Порече. Сакаше да погледа малку наназад, во своето минато.

– Уште знам кое место како се вика – си рече како за себе. – Она е Илино, она Ласое, Расоа, Зад Рид…

Ми покажува каде се нашите ниви, овоштарници, кории…

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top