Култура и туризам

Сѐ е на исто место, само што сега е сѐ позапустено

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

– Сѐ е на исто место, само што сега е сѐ позапустено. Се пусти селото, се пустат местата. Не да е поарно од пред осумнаесет години кога бев последен пат, ами е уште попусто. Колку помалку народ има, толку е полошо. Едно време имаше и училиште. Сега само десетина деца. А село без деца не е село. Пиши му крст. Ете што го чека Ботуше. Ми се чини во турско беше поарно селото. Оваа денешница како да не ги сака нашиве села. Гледам сите запустеле. Што власт ќе е оваа кога не мисли на селото? Како може да е народна кога не прави ништо арно за народот по селата?

– Во мачно турско, кога немавме држава, селово вриеше од народ – го продолжи дедо Јанко својот монолог по кусата пауза за неколку длабоки воздишки. – А сега имаме некаква држава и некаква демократија, ама и села без народ. Каква демократија е таа од која се плашат дури нашите луѓе во Австралија. Во срцето им е татковината, ама не им се враќа засекогаш… Затоа што внучко, оваа власт не е македонска, југословенска е… Оваа власт не ги сака нашите луѓе, не ги смета за свои, туку за туѓи, и затоа нашите луѓе не ја сметаат за власт на својот народ. Уште потуѓи ги смета оние што се од Егејско и Пиринско. Цела Македонија ја знам, оти таму сме од цела Македонија. Оваа власт не ги сака сите од Македонија. На седумдесет и осум години дојдов во Ботуше и мислев дека и натаму ќе доаѓам. Таму секогаш велев дека еден ден ќе се вратам во Ботуше, оти сакам овде да умрам. Сега знам дека повеќе нема да дојдам… Овде не е тешко само за живејачка, туку и за умирачка.

Се замисли, ме загледа и ме праша:

– Кога ќе умрам, ќе дојдеш да ми запалиш свеќа на гробот? Ако не можам јас да се вратам, барем ти можеш да дојдеш. Млад си, животот е пред тебе. Сега се патува авионски, за час си во Сиднеј.

Не знам што с# носи животот, па не изустив ветување пред дедо Јанко. Но во себе како да бев дал такво ветување.

Шеесет и осмата беше година кога во Ботуше с# уште се славеа сведни.

Голема Богородица го затече деда Јанка во селото.

Дедо Јанко, јас и мајка ми не запревме на големата ливада, крај чешмите на средсело каде што веќе за соборот се насобрале луѓето. Отидовме право в црква, прво да запалиме свеќи, па потоа да одиме на соборот. Откако запаливме свеќи, дедо Јанко ја праша мајка ми зошто и татко ми не дојде в црква. Виде, не виде – мајка ми отворено му кажа.

– Со Сергеј се залажавме пред црква на еден Велигден кога заврши војната. Кога почна со државна работа во банката во Брод го примија во Партијата и оттогаш не е стапнат в црква.

– Дедо, не е само татко ми таков. Сите комунисти не одат в црква – му реков. – Кога бев седмо одделение во Гостивар, мајка ми ме поведе со неа да појдеме в црква и на погреб на стрина ми. За тој ден што не бев на училиште и затоа што сум отишол в црква и на погреб, следниот ден пред сите во класот добив неколку силни шлаканици од класниот кој беше наставник по историја. Стрина ми нему му беше прва братучеда, ама не дојде на погребот оти имало поп и оти тој беше комунист. Оттогаш и јас повеќе не одев в црква во Гостивар, иако не сум комунист. Одам само за празници кога сум во Ботуше.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top