Култура и туризам

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера како што го направиле тоа и тој и прадедо ми Костадин.

Пред три години, кога завршив осмо одделение во Гостивар, татко ми наместо да ме прати во средно училиште ми рече веднаш да одам во Ботуше. Да живеам таму и да се грижам за баба ми и за дедо ми кај кои тој беше домазет. Сега веќе беше банкар, а јас требаше да го заменам во обврските спрема старите.

– Момче, имаш ли ти работа што се шеткаш вака и денгубиш? – ме запраша еден човек кој тукушто го запознав во слаткарницата во Македонски Брод.

– Чувам старци – му одговорив, а потоа отсечно реков дека тоа не го сметам за работа.

За два дена, без да се двоумам и без да знаат родителите, заминав за Славонски Брод. Ја прифатив поканата на новиот познаник и наместо чувар на старци, на петнаесет години станав работник во слаткарницата на познаникот. Станав печалбар.

На печалба не отидов толку далеку колку што отишле прадедо ми и дедо ми. И не патував со брод. Јас отидов од еден во друг Брод. Без ниеднаш да се вратам останав до полнолетството, иако јас полнолетството си го одредив на својата петнаесетта година.

Таму учев како со слатки се вади лебот и како со трпение се потиснува носталгијата.

По три години морав да се вратам и да се појавам пред некогашниот домазет а сега банкар – затоа што морав да одам на предвојничката обука и, што ми беше најважно, затоа што многу сакав да го пречекам и да го видам мојот дедо од приказните.

Прадедо ми на печалба заминал од мака од Турците и од сиромаштијата, дедо ми од приказните – поради војните и сиромаштијата, а во моето време на одење – се заминуваше најмногу поради сиромаштијата. Цела една седмица, во септември шеесетиосмата, откако дедо Јанко одлета за Австралија, јас останав во Ботуше. Се чувствував дека сум најосаменото момче во светот – веќе никој од моите врсници немаше во селото. Повеќе немаше кој да оди на печалба.

Една седмица живеев во селото, а го сонував градот. Заминав од селото пред птиците преселници да тргнат на својот пат. И овојпат до првиот Брод одев по правливиот пат. Ама умот ми беше во вториот Брод. Таму ме чекаше мојата девојка Јадранка, а мене ме мачеше чувството на вина што за три месеци ниеднаш не & пишав, ниту роденден & честитав, разбирливо – поради преокупираноста со мојот дедо од приказните. Тие три месеци бев во друг свет – во светот од приказните на дедо ми од приказните. Се заборавив во тој свет. Се заборавив во приказните.

И додека таа година с# уште низ Европа имаше и протести на младите и инвазии, јас повторно бев окупиран од мислата за Јадранка. Во таа доброволна окупација во очите на Јадранка го гледав целото синило на Јадранот. Тоа потонување во синилото беше магијата што ме врзуваше со градот и која потоа ми го одредуваше патот.

Пред да го продолжам патот на печалбата, морав да служам војска. Тоа го направив наредната година, за среќа во Карловац, па во Загреб, а тоа не беше далеку од девојката со синило во очите.

Уште додека живеев со униформа на себе, цврсто решив да заминам во земјата која е неутрална и која немала војни. Но по војската синилото во коешто потонував морав да го барам во друга земја која тогаш најмногу ја знаевме по тоа што ја започнала најголемата војна во светот. Девојката со име што се врзува со морско синило и со длабоко небеско синило во очите дојде да ми ја соопшти ваквата одлука уште додека адреса на живеење ми беше касарната во Загреб.

Има еден дел од војничката приказна – кога дојде девојката да ме посети, а тој дел е важен за подоцнежниот дел од мојата животна приказна. Добив дозвола да можам да ја напуштам адресата на живеење до полноќ. Ден пред средбата со нежните чувства на синилото си ја дотерував и ја прешивав еднобојната облека која го престоруваше мојот низок раст во плашило. И кога најмалку требаше… дојде белјата – дежурниот офицер кумановец. Белјата стана уште поголема кога јас не го сфатив него докрај сериозно, зашто се потпрев на неговото априлско време во главата. Наместо со дозвола да ја напуштам адресата на живеење што ја чуваа стражари, јас морав да дезертирам на една ноќ. Морав да ја следам магијата на синилото. Знаев дека попрво јас ќе го видам синилото отколку што тој ќе го види Куманово или ќе ме види мене во касарната.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top