Дијаспора

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

slave-katin-ilinden

slave-katin-ilinden

“Илицден 1903-2003 и македонските иселеници” е дело на Славе Катин во неговиот богат опус за македонекото исепеништво во светот. Ова дело посветемо на големиот јубилеј Илинден, претставува рвтко оригинално издание од овој вид во македонската историографија. Тој во него услеал да оствари синтеза на историската борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода во текот на цел еден век, крунисан со неговата самостојна и независна држава – Република Македонија.

Оваа книга ја изразува митолошката симболика ка ИЛИНДЕН, како ден на деновите, како амалгам кој ги поврзува и обединува Македонците во остварувањето на нивната историска и национална цел да имаат своја држава, без оглед каде се наоѓаат – во етничка Македонија ипи надвор од неа – насекаде по светот“

Ова го напиша проф. д-р Ввра Стојчевска-Антиќ како еден од рецензентите ма книгата “Илицден 1903-2003 и македонските иселеници”, кое е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена по повод стогодишнината од најсветлиот празник на македонскиот народ – Илинден.

Вториот рецензент проф. д-р Цане Мојаноски во својата рецензија, меѓу другото, ќе напише: „Книгата “Илинден 1903-2003 и македонските иселеници” од Славе Катин е сведоштво за силината ка македонскиот дух и неговата трајна поврзаност со македонската земја. Таа, меѓу другото, сведочи за раселеноста на Македонците по земјите на сите      континенти, но и за духот македонски. за копнежот. а и за тоа да се покаже и докаже дека иселувањето не значи искоренување од матицата земја. Македонските исегенички организации и заедници, особемо македонските храмови се матиците околу кои се обединуваат Македонците од сите делови на Македонија. Македонските правоспавни цркви низ светотот, мноштвото гласила. објавените книги и неброените песни и ора, се само дел од историската ризница и културниот подем што го постигнуваат Македонците насекаде низ сеетот“.

Во воведот, пак, авторот Славе Катин ќе напише дека Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа (Европската Унија) или на други простори. Овој македонски празник е ден над деновите,

симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса и планетарна шифра, по која светот Македонците ги распознава.

Стогодишниот јубилеј на Илинден е оној генетски предизвик од кој мора да се родат вакви и слични книги, посветени на неговите соѕвездија чие зрачење, ние Македонците го чувствуваме цел еден век, не само во нашата колевка на Балканот, туку и на сите континенти на кои изр’тило нашето семе.

Сега, со извесна дистанца од скромните дела за дијаспората, се гледа колку е силно и моќно илинденското племе Македонци, прифатено од меѓународната заедница како библиска нација, која го задолжила светот со старословенската писменост и куптура. Сега се гледа и чувствува големината на Илинденската епопеја, светлината што извира од неа за да го детронизира мракобесието и да го покаже латот на македонската национална ренесанса.

krusevo
Крушево

Крушевската Република е најславната страница на Илинденското востание. Тоа е најконкретен израз за симболиката на државно-правните стремежи на македонскиот народ, што беа идеал кон кој со години потоа се стремат новите генерации.

Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Австралија, САД, Канада и Европската Унија (Европа), се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе традиционални.

Илинденските празнувања на сите континенти имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, кои ја збогатуваат културната гама на државите во кои се етаблирале, во почетокот на покрагок, а подоцна и на подолг рок.

И Крсте П. Мисирков за Илинденското востание, рекол дека Илинден претставува епоха во македонската историја, но жестоко ги критикувал револуционерите-раководители за неподготвениот и крајно ризичен чин, Тој го осудувал отсуството на една општоприфатена национална лрограма, па предлагал заедно со барањето македонска држава да се побара и признавање на македонскиот национален идентитет. македонскиот литературен јазик и Македонската православна црква, во лицето на обновената Охридска архиеписколија.

На тој голем историски настан Илинден 1903-2003 авторот Славе Николовски-Катин му ја посветува и оваа книга, со која фактички сака да даде скромен придонес кон општите напори на македонскиот народ од етничка Македонија да го одбележи како најсветол датум ео својата историја, кој заслужува да биде осветлен од сите позначајни аспекти од нвговата појава до денвс.

ilinden-knigi

Покрај тоа што македонскиот народ во 1903 година се крена на востание да се бори за својата слобода и за создавање независна македонска држава, само десет години подоцна Македонија беше брутално нападната, окупирана и поделена од своите соседи Грција, Србија и Бугарија; поделба потврдена од страна на големите европските сили на 10 август, 1913 година, со Букурешкиот договор.

Познато е дека Македонците постоеле во 1912 и во 1913 година година. Всушност, целиот свет знаел дека Македонците постоеле дури и пред тоа, бидејќи читале за нив во весниците. Целиот свет читал за Илинденското востание од 1903 година и за тоа како македонскиот народ се обидува да се ослободи од турското ропство. Денес имаме стотици исечоци од весници од тоа време, практично од секој голем весник во светот, кои, без сомнение, докажуваат дека Македонците постоеле во 1903 година, само една деценија пред Македонија да биде брутално нападната, окупирана и поделена од соседните земји.

Исто така, треба да се знае дека ние сме Македонци затоа што ние, нашите татковци и мајки, нашите дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени во етничка Македонија, биле Македонци, бидејќи земјата на која сме родени, во која сме пораснати и во која почиваат илјадници генерации се вика Македонија. Нам не ни требаат нашите непријатели да нѐ дефинираат и да ни кажуваат кои сме ние, а кои не сме. Ние сме Македонци бидејќи тоа е токму она што сме!

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Македонскиот фестивал на културата во Williamstown ги обедини Македонците во Викторија

Како што е познато во Австралија секоја година се одржуваат фестивали на храната и масовно се прифатени од Македонската заедница во било кој град да се одржуваат. Во Викторија, Фестивалот на македонската култура во Вилиамстеон е секогаш со радост дочекуван затоа што е место каде се слави нашата култура, традиција, јазик, оро и песна. Токму […]

Друштва и асоцијации на македонските иселеници во САД од 2000 година до денес

Македонците во Соединетите Американски Држави се организирани во македонските православни цркви и во различни друштва и асоцијации. Така, според делото „Македонците во САД и во Канада“ од авторот на овие редови, во период од 2000 –та година до денес се формирани голем број македонски друштва и друг вид асоцијации во САД. Овие значајни македонски асоцијации […]

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

To top