Култура и туризам

50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во името на Македонската православна црква

mpc-grb

mpc-grb

Оваа година ќе биде запишата со златни букви во историскиот развој на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Имено, во 2017 година се навршија 50-години од возобновувањето на Охридската архиепископија во името на Македонската православна црква. Во таа чест на 30 септември се одржа свечена духовна академија во катедралната црква “Света Софија “ во Охрид.

Меѓутоа, во последните неколку децении, Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) била, е и веројатно, ќе биде цел на дискусии, полемики, расправии, па и напади на црковни­те институции на соседните земји и пошироко, коишто настојуваат да го спречат и оддол­жат нејзиното влегување во семејството на рамноправните црковни организации во пра­вославието. Притоа, се чинат обиди да се оспорат и историските канонски темели на целокупниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во притисоците, изолаци­ја­та и негирањето на МПЦ-ОА и на нејзиното легитимно постоење, е ангажиран голем дел од пропагандната и медиуимска машинерија, која има за цел да ги искривува и премолчу­ва историските факти од минатото и од сегашноста, а тоа се прави со намера да се до­ве­дат во прашање основните обележја на православниот македонски народ, неговиот црко­вен организам и неговата вистина, како народ кој постои со векови, го чува право­славието да има самостојна, суверена и независна држава – Репуб­лика Македонија.

Исто така, одредени кругови и поединци на православните цркви на соседните зем­ји, како да го заборавиле и сопствениот пат на стекнување на самостојност и право на своја православна народна црква.  Се премолчува осумвековното постоење на Ох­рид­ската архиепископија чие основно јадро, од нејзиното формирање до нејзиното не­законско укинување, ги претставувало христијаните од сите делови на Македонија.

Се премолчуваат вековните движења на Македонците во XIX и XX век за обновување на Ох­ридската архиепископија, со што се оспорува континуитетот на оваа институција во ли­цето на Македонската православна црква како легитимен претставник на сите пра­во­славни верници во Република Македонија и на целиот македонски народ во светот.

Факт е дека денес, и по меѓународното признавање на Република Македонија и нејзиното зачленување во Организацијата на Обединетите нации, и натаму се негира автокефалноста на Македонската православна црква. Тоа може да се смета како атак на христијанското битие на маке­дон­скиот народ. Затоа, потребно е да се истакнат, заедно со историската вистина на ма­кедонскиот народ, канонските и историските темели на Македонската православна црк­ва, нејзиниот континуитет како дел од светската културна ризница.

Во историскиот развој на Македонија е забележано дека во времето на Втората светска војна, македонскиот народ активно учествувал во неа со цел да се ослободи од фашистичкиот окупатор и да се здобие со национална слобода, државност и црковно осамостојување. Првиот официјален акт во врска со регулирањето на македонското црковно прашање бил донесен на 15 септември 1943 година, од страна на тукушто формираното Верско поверенство при Главниот штаб на македонската војска.

Веднаш по формирањето на Верското поверенство, на ослободената територија, во селото Издеглавје – Охридско, бил одржан Првиот свештенички собор, на кој едногласно биле донесени решенија од првостепено значење за натамошната иднина за црковното управување во Македонија. Тогаш македонското свештенство одбило да ја признае јурисдикцијата на која и да е туѓинска црква, барајќи во слободна Македонија да се обнови Охридската архиепископија и црковниот живот на слободниот македонски народ да биде раководен од Македонската православна црква. Подоцна и во селото Горно Врановци, уште за време на војната, бил формиран Иницијативен одбор за постојано организирање на Македонската православна црква. По завршувањето на војната, тој Иницијативен одбор го презел црковното раководење и ги спроведувал подготовките за одржување на Првиот македонски црковно-народен собор.  

Првиот македонски црковно-народен собор се одржал во Скопје на 4 и 5 март 1945 година. На овој Собор земале учество повеќе од 300 делегати – свештеници и мирјани. Како главна цел на соборот била да се обнови Охридската архиепископија како Македонска самостојна православна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна православна црква; со своја народна хиерархија и народно свештенство. Потоа, Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква на 23 јули 1958 година, заедно со целокупното свештенство донело одлука за свикување на Вториот македонски црковно-народен собор. Соборот бил одржан во Охрид, во црквата „Света Софија“. Таму, повторно била донесена одлука за обновување на Охридската архиепископија. Веднаш потоа бил избран македонски митрополит, поглавар на Македонската православна црква, кој ја добил титулата, „охридски архиепископ“. Тоа бил митрополитот Доситеј.

На Третиот црковно-народен собор, одржан на 18 јули 1967 годинa, била прогласена автокефалноста на Македонската православна црква, настан, кој, секако, треба да се прифати како момент за возобновување на Македонската православна црква, два века по нејзиното незаконско укинување. Токму од таа причина годинава, кога се навршија 50-години од возобновувањето на Охридската архиепископија во името на Македонската православна црква се одржаа големи прослави.

sv-kliment
Свети Климент Охридски

sv-naum
Свети Наум Охридски

Одлуката за самостојност на Македонската православна црква била потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година, во црквата „Света Мина“ во Скопје, и, истовремено, е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа, Светиот архијерејски синод на Српската православна црква дала самостојност на Македонската православна црква, со тоа што таа и понатаму останува во канонско единство со Српската православна црква преку нејзиниот патријарх.

По неколку дена во црквата „Свети Никола“ во Штип е хиротонисан г. Наум за владика на Злетовско-струмичката епархија. Конституиран е Синодот на Македонската православна црква според нејзиниот Устав, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите.

Во мај 1962 година во придружба од патријархот Герман, со неколку епископи  на Српската православна црква, во посета на Македонската православна црква дошол московскиот патријарх Алексеј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот Свети Кирил и Методиј во црквата „Света Богородица Каменска“ во Охрид била одржана и архијерејска литургија, на којашто зеле учество московскиот патријарх Алексеј, српскиот патријарх Герман и архиепископот охридски и митрополит македонски Доситеј.  Ова било прво сослужување на поглаварот на Македонската православна црква со поглавари на други автокефални цркви.

Во 1966 година, односите со Српската православна црква повторно се влошуваат. По новонастанатите недоразбирања и судири, Светиот синод на Македонската православна црква на 17 јули 1967  година, во Охрид, го свика Третиот црковно-народен собор и на свечената седница во охридската црква „Свети Климент“ ја прогласил Македонската православна црква за автокефална. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на Македонската православна црква било извршено на светата архијерејска литургија, отслужена во црквата “Света Богородица-Перивлепта“ тогаш позната и како „Свети Климент“) на 19 јули 1967 година, од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, точно по 200 години  од нејзиното укинување од страна на Отоманската Империја. 

plaosnik
„Свети Климент“ во Охрид

Последниот Устав на Македонската православна црква бил донесен во 1974 година, според кој Македонската православна црква своите работи ќе ги управува и ќе ги води независно, во согласност со догматското и канонското единство со другите православни цркви. Македонската православна црква има свој грб, свое знаме, а службен јазик е македонскиот. Црковно – епархиски тела и административни органи на Македонската православна црква се: 1. Архиепископот, 2. Светиот архијерејски синод, 3. Архијерејскиот црковен суд, 4. Епархиите, седум во Република Македонија и четири во прекуокеанските земји (Американско – канадска, Австралиска-новозеландска, Европска и Сиднејско-Австралиска епархија), кои се управувани од надлежни владици со помош на архијерејски заменици во градовите на овие епархии. Основни единици на територијалната поделба се парохиите, управувани од свештениците.

Светиот архијерејски синод е одговорен за религиозните и за воспитните активности, за издавање на религиозна литература, како и за воспоставување на свештенството и на монаштвото.

Македонската православна црква игра значајна улога во собирањето на Македонците во земјата и надвор од неа. Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за културна слобода и независност, во исто време, се бореше и за независност на својата православна црква. Затоа, историјата на македонскиот народ во последниве илјада години секогаш била тесно врзана со Македонската православна црква, со Охридската архиепископија. Немајќи своја сопствена држава, Македонците добиле, во некоја смисла, национална независност за долг временски период, преку Охридската архиепископија. Црквата била таа која организирала голем дел од културната, од уметничката дејност на македонскиот народ, пред сè преку градење на цркви и манастири.

Инаку, Македонската православна црква во Република Македонија е сопственик на околу 2.000 цркви, манастири, параклиси и други верски објекти, кои припаѓаат на седум епархии во Република Македонија, потоа, под нејзина јурисдикција се околу осумдесет македонски православни цркви, манастири и црковни општини во дијаспората, кои припаѓаат на четирите епархии. Потоа МПЦ-ОА има над петстотини свештенослужители и монаштво, дванаесет великодостојници (владици), на чело со поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан во Република Македонија и светот. МПЦ има отворено Богословско средно училиште и Факултетот за богословија „Свети Климент Охридски“ кој е во состав на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

На 12 ноември 2009 година, Македонската православна црква во своето име ја додаде додавката Охридска архиепископија како директна наследничка на старата Охридска архиепископија. Покрај додавање на додавка, Македонската православна црква  – Охридска архиепископија изврши и промени во грбот и знамето, односно наместо приказот на црквата „Света Богородица–Перивлепта“, сега е приказот на црквата „Света Софија“ од Охрид, како седиште на архиепископите на Охридската архиепископија.

katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top