Дијаспора

Почетоците на организирано дејствување на македонската дијаспора (2)

doom-logo

doom-logo

Следната позначајна меѓународна активност на ДООМ била во април 1974 година. Тогаш бил оддржан третиот Општ конгрес на ДООМ, на кој учествуваа делегати од Македонија, Европа и од прекуокеанските земји. На конгресот, меѓудругото била донесена одлука да ѝ се укаже на НР Бугарија, но и на другите социјалистички земји дека НР Бугарија „најгрубо ги гази ленинистичките принципи за правото на народите на национално самоопределување“ („Програмска декларација“, Македонска нација, г. IV, бр. 21, мај-јуни 1974, 9.).

Во согласност со оваа одлука, еден месец по оддржувањето на Општиот конгрес, ЦК на ДООМ испратил Апел до владите на НР Бугарија и на СССР, во кој се бара решавање на македонското прашање со обединување на Вардарскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

Имено, „во првиот дел била опишана политиката на Бугарија како експанзионистичка, со тежнение за освојување на цела Македонија, но не била поштедена од напади ниту официјалната југословенска политика спрема Македонија. Раководството на ДООМ констатирало дека е присутен преголем антагонизам и борба за престиж на Балканот помеѓу бугарските и српските (југословенските) комунисти. Па така, ДООМ сметало дека било потребно македонското прашање „да им се наметне на српските (југословенските), како и бугарските лидери, дека тоа бара сопствено решение, обединување и осамостојување на Македонија…“ и на тој начин ривалството, чија цел е Македонија, би престанало.“

Вториот дел од апелот кој бил насловен “Создавање на Македонската Социјалистичка Република во границите на бугарската држава“, ДООМ се обидува да ги придобие симпатиите на бугарската власт. Оттука, „во апелот било потенцирано дека создавањето на Пиринската република би била “противтежа на Социјалистичка Република Македонија во Југославија…“. Подоцна било предвидено овие две македонски републики да се обединат со што српската хегемонија би претрпела пораз во Македонија… ДООМ смета дека со „создавањето на Социјалистичка Македонија од делови на Југославија и на Бугарија не би било на штета на бугарскиот ниту на српскиот народ, а би била „помирителка за вечни времиња меѓу двете ривалски страни – југословенската и бугарската и во исто време како обединителна алка во тешката борба во понатамошната етапа за обединување на Егејска Македонија….“.

Исто така, ЦК на ДООМ во апелот „се обраќа и до Советскиот Сојуз, од кого бара да изврши притисок врз Југословенската и Бугарската влада за да ја прифатат линијата на осамостојување и обединување на Македонија. На крајот на овој апел, повторно се повикуваат бугарските власти да формираат Пиринска Република Македонија, или да се отиде уште понатаму и да ја одделат како прва македонска суверена држава, зад чија вонблоковска политика би стоеле НР Бугарија, СССР и ООН.“

Анализирајќи апелот на ДООМ, „се забележува едно големо антијугословенско расположение, но и предлози за приближување односно „братимење“ меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Но тоа не морало да значи дека ЦК на ДООМ го променил курсот на својата дејност и дека добил пробугарски карактер, тоа било пред сè направено од тактички причини, за придобивање на симпатиите на НР Бугарија и на СССР за Движењето и македонската национална борба, во периодот на блоковската поделеност и политиката на СФРЈ за неврзаните.“

По не цела година, Организацијата повторно реагирала против денационализаторската политика на НР Бугарија спрема Македонците во Бугарија, особено во пиринскиот дел на Македонија. Тогаш ДООМ „ги повикала Македонците од дијаспората својот револт да го искажат преку масовни протести пред дипломатските претставништва на НР Бугарија. („Сите на демонстрации пред дипломатските претставништва на Бугарија“, Македонска нација, Год. V, бр. 26, март-април 1975 г., 1-2.)“

Причината поради која Македонците биле повикани да протестираат пред бугарските дипломатски преставништва била денациолизаторската политика и пописот на населението кој се одржал во 1975 година во Бугарија. Во врска со политиката на Бугарија кон Македонците, „претседателот на ДООМ Драган Богдановски испратил протестно писмо до претседателот на НР Бугарија, Тодор Живков, во кое го изразува револт поради перманентните притисоци и репресалии вршени врз Македонците сè со цел да се откажат од својата македонска националност на пописот.“ Исто така, во протесното писмо се бара од претседателот Тодор Живков да ја напушти големобугарската политика за „да му се овозможи на македонскиот народ во Пиринска Македонија да стави темел на самостојна македонска држава – Самостојна Социјалистичка Република Македонија, кон која во згодни историски прилики, ќе се присоединат и другите два дела од Македонија.“ („Протестно писмо до Тодор Живков“, Македонска нација, Год. VI, бр. 31, јануари-февруари 1976 г., 6-8.)

Интересно е што за пописниот фалсификат, ЦК на ДООМ преку писмото насловено како „Апел на Д.О.О.М. до Обединетите Нации“ го известил и генералниот секретар на Организацијата на Обединетите нации, Курт Валдхајм, за најновиот бугарски геноцид врз македонскиот народ“. Во апелот испратен до него „било потенцирано дека бугарската власт присилила околу 300.000 Македонци во бугарскиот дел од Македонија да се декларираат по националност Бугари…“. Поради ваквата политика, ЦК на ДООМ во својот апел „ги моли ОН да го осудат овој бугарски геноцид врз македонскиот народ“ и да ѝ наложат на НР Бугарија да ги признае националните права на Македонците во пиринскиот дел на Македонија согласно со Повелбата на Обединетите нации и Декларацијата за заштита на правата на човекот.“

Во контекст на претходното, во апелот до ООН, била направена една куса генеза на пописите во НР Бугарија.  „Во првиот попис од 1946 година било дозволено слободно изјаснување на Македонците, а од пописите во 1958 и 1965 година започнале притисоците кога и започнало драстично намалување на бројноста на Македонците во пиринскиот дел на Македонија во статистичките податоци. Понатаму биле опишани активностите на официјалните власти на НР Бугарија, преку притисоци, заплашувања и убедувања вршени врз Македонците во пиринскиот дел на Македонија за да се откажат од својата националност. На крајот од апелот повторно се повторува молбата до Обединетите нации да ја осуди денационализаторската политика на НР Бугарија.(„Апел на Д.О.О.М. до Обединетите Нации за најновиот бугарски геноцид врз македонскиот народ“, Истото, 17-18.)

Активностите на ДООМ на меѓународно поле не завршуваат тука. Истата година, Организацијата исратила и Меморандум до Конференцијата за европска безбедност и соработка (КЕБС) во Хелсинки и Експозе по македонското прашање.

(Продолжува)

(Извор: М. Ивановски „Меѓународни активности на Движење за ослободување и обединување на Македонија (1973 ‒ 1977)“; ГЛАСНИК год. 58 бр. 1-2 стр. 1-117986 Скопје 2014 стр. 143)

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top