На прво место

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска

Во рамки на официјалната посета на високата хрватска делегација, предводена од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, беше потпишан Договор за стратешка соработка меѓу владите на Македонија и Хрватска од страна на премиерите Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ.

Со овој стратешки договор, Македонија и Хрватска испраќаат јасна порака за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе области – економија, инфраструктура, енергетика, образование, туризам, европски интеграции и безбедност.

Хрватска, како членка на Европската Унија и НАТО, претставува важен партнер за Македонија во процесот на европска интеграција и споделување искуства од реформските процеси.

Премиерот Мицкоски истакна дека Македонија останува посветена на градење силни партнерства со пријателските држави од регионот и Европа, нагласувајќи дека ваквите договори отвораат нови можности за инвестиции, економски развој и регионална стабилност.

Од хрватска страна беше потенцирана поддршката за европската перспектива на Македонија и потребата од продлабочување на билатералните односи.

Посетата на високата хрватска делегација и потпишувањето на договорот се оценуваат како дипломатски успех и потврда за растечката соработка меѓу двете држави, кои ги поврзуваат историски пријателски односи, заеднички интереси и стремеж кон стабилен и развиен регион.

„Денешната посета има особено значење за нашите две држави, затоа што таа не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку потврда на едно пријателство кое се градело со години, врз основа на заемна почит, разбирање, соработка и искрена поддршка“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека Република Хрватска е близок партнер, пријателска земја и сојузник во НАТО, со која Македонија дели заеднички интереси, слични регионални предизвици и визија за стабилен, безбеден и европски Западен Балкан.

Мицкоски потенцираше дека Договорот за стратешка соработка претставува повеќе од дипломатски акт и отвора рамка за долгорочно партнерство и продлабочување на односите во области од суштинско значење за иднината на двете држави.

„Нашата стратешка соработка ќе биде заснована врз принципите на заемно почитување, целосно уважување на суверенитетот, меѓународното право и заедничките интереси на нашите граѓани“, порача премиерот.

Во рамки на договорот, двете држави ќе работат на развој на конкретни иницијативи и проекти во транспортот, енергетиката, информатичките технологии, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, цивилната заштита, одбраната, сајбер-безбедноста и управувањето со границите.

Посебно значајно е што договорот отвора простор за подлабока поврзаност меѓу институциите, компаниите, инвеститорите, академската заедница, граѓанскиот сектор и експертските заедници на двете земји.

Една од најважните теми на разговорите била и европската интеграција. Хрватска, како земја што успешно го помина патот од кандидат до полноправна членка на Европската Унија, претставува важен пример и партнер за Македонија.

„За нас европската интеграција не е само надворешнополитичка цел. Тоа е процес на институционално созревање, владеење на правото, економски развој, модернизација и создавање подобри услови за живот за нашите граѓани“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека Македонија ја цени континуираната поддршка што Хрватска ѝ ја дава на македонската европска перспектива.

Најново од: На прво место

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top