Култура и туризам

„АВСТРАЛИСКИОТ МОНАХ“ – НАЈНОВА КНИГА ОД ПИСАТЕЛОТ ОД СИДНЕЈ Д-Р ВАСКО ЃОРГИЕВСКИ

avstraliskiot-monah

Александар ДОНСКИ

Деновите излезе од печат краткиот роман „Австралискиот монах“ од талентираниот писател од Сиднеј, Австралија д-р  Васко Ѓоргиевски. Книгата е успешно илустрирана од младата илустраторка Бубе Донска, која е и автор на корицата.

avstraliskiot-monah

И овојпат, како и во претходните три негови книги, темата е провокативна и оригинална. Централен лик во повеста „Австралискиот монах“  е еден македонски монах. Авторот и сега, преку умешна психолошка анализа рефлектирана низ неколку специфични ситуации  во кои го сместува главниот лик (од духовната слобода што ја има во затворениот манастир, преку заминувањето во Сиднеј по наредба на врвот на МПЦ, повредата за време на опожарувањето на нашата црква таму, лекувањето во сиднејската болница, вљубувањето во медицинската сестра и бракот со неа, па сѐ  до повторното враќање на монашкиот живот) успеал да ги  претстави најважните аспекти  на внатрешните премрежја кај дел од оние што го избрале ваквиот животен пат. Монахот во оваа повест истовремено е и добродушен и хуман и наивен и чуден (некои дури би рекле и помалку „удрен“)… Со презир гледа и се гади на физичките задоволства, но и ужива во нив. Растргнат е помеѓу духовното и материјалното. Токму тука авторот Ѓоргиевски покажува одлики на зрел писател, а тоа е повеќеслојното прикажување на еден ист лик, т.е. поставувањето дилема пред читателите во врска со карактерот на тој лик. Каков човек е всушност монахот? Дали исправно постапувал или можеби грешел? Дали направил грев кога го напуштил монашкиот живот и се оженил или пак направил грев кога си ги оставил жената и детето за да се врати повторно во монаштвото? Сите овие дилеми стануваат кај читателот по читањето на оваа повест.

Поставувањето дилеми пред читателите провејува и во досега објавените збирки на Васко Ѓоргиевски. Во својата прва збирка под наслов „Плачелба“ (2014 г.) авторот ги загатнува патриотско-носталгичните голготи на македонскиот иселеник во Австралија  експонирани преку речиси честото незадоволство од сегашноста и реалноста од една страна и внатрешниот плач по идиличната претстава за роднокрајното и семејно  минато од друга страна. Оттаму и оригиналниот наслов на оваа збирка плачелба – поим што во целост ја доловува суштината на сите раскази од истата. Дилемата овде е дали иселеникот погрешил што ја напуштил родната грутка. Неподносливата носталгија наспроти подобрата материјална егзистенција. Иако во внатрешниот свет на иселеникот, во неговата душа, честопати предност добива носталгијата, сепак во реалниот живот мотивот и поривот кон подобрата материјална егзистенција, го имаат главниот збор.

Судбината и бурниот внатрешен живот на македонскиот иселеник е централна тема и во втората збирка на Васко Ѓоргиевски под наслов „Нокаутираниот иселеник“ (2015 год.). Овде авторот, преку главниот лик во расказите, умешно анализира разни  ситуации од секојдневието на иселеникот посебно во првиот период  по доаѓањето во Австралија, почнувајќи од контактите со Македонците и тешкотијата отпрвин да ги сфати компликуваните состојби во организираните субјекти на Македонска заедница во Австралија, па сѐ до контактите со странците од различно етничко потекло, кои исто така дошле на јужниот континент во потрага по подобар живот. Но, преку психолошките рефлексии кај главниот лик поттикнати од ваквите секојдневици, авторот всушност успева пред читателите да обелодени круцијални сегменти од психолошкиот лик на просечниот македонски иселеник.   

Сепак највисок дострел во анализата на премрежјата во внатрешниот психолошки свет на македонскиот иселеник, се чини дека Васко Ѓоргиевски постигнува во збирката „Австралиска змија“ (2016 год.). Всушност, овде тој се зафаќа со најкомпликуваниот сегмент од оваа тема, а тоа се интимните доживувања на седумгодишно дете во периодот пред и по селењето за Австралија. Иако (како што вели авторот, кој и оваа збирка, исто како и останатите, ја пишува во прво лице) за него поимот „Македонија“ е само улицата во која си играл и си го возел малиот велосипед, тагата  по напуштањето на родното огниште дури е и поголема од онаа на возрасните, кои (барем во физичка смисла на зборот) се одделуваат од многу поголеми духовно-материјални сегменти (роднини, соседи, пријатели, колеги, околина…).  Но, тие барем знаат зошто  ја напуштаат татковината – заради подобар материјален живот, додека детето (иако жали само по својата улица и другари) тоа не може да го сфати. Па тоа и овде имало убав живот! Зошто треба да се сели и никогаш повеќе да не си игра со своите другари? Детето не може да се помири и бара причина да го искаже својот револт. Го прашува татко му дали во Австралија има топки за фудбал и одлучно му вели дека ако не му купи и таму топка, тоа само ќе се врати назад. Навистина низ неколку вакви ситуации авторот успева да предизвика емоции на сочувство кај читателите кон (од аспект на наивната детска психологија) „неправдите“ што му се нанесени на детето-иселеник. Потоа во Австралија следуваат и други изненадувања кои детето го тераат на длабоко размислување. Се запознава со детето „Пита“ (Питер), за кого му кажуваат дека му е прв братучед и е Македонец… Но, како може да биде Македонец кога ништо не разбира македонски – се чуди малиот иселеник. И така почнува животот во новата татковина. Се разбира дека доаѓаат и убави моменти, а сето тоа авторот Ѓоргиевски мајсторски го претставува низ призмата на емотивниот свет на  детето-иселеник. 

Практично Васко Ѓоргиевски  со досега објавените четири книги, ни претставува широка лепеза од ликови и нивни внатрешни доживувања преку кои успешно ни го доближува вистинскиот (психолошки) живот на добар дел од македонските иселеници. Книгите се пишувани со лесен и секому разбирлив стил, се читаат во еден здив и сметам дека секој треба да ги прочита делата на овој исклучително талентиран писател, кој има способност со малку зборови, многу да соопшти.

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top