Дијаспора

Почетоците на организирано дејствување на македонската дијаспора (4)

doom-logo

doom-logo

„Уште со првата меѓународна активност на ДООМ интересот на тајнитеслужби на Грција, Бугарија и Југославија за активностите на организацијатазапочнал да се зголемува. За дејноста на ДООМ особено била заинтересирана тајната служба на Југославија, која се обидувала преку инфилтрација на свои агенти и соработници да го саботира нејзиното дејствување. Во таа насока биле вршени заплашувања, притисоци и физички напади на некои членови на ДООМ.“

Една од последните активности на Драган Богдановски пред неговото киднапирање била испраќањето на „Меморандум до сите влади кои со свои претставници учествуваат на Европската конференција во Белград за безбедност и соработка во Европа“. Од вкупно 35 земји учеснички, 33 биле европски, а преостанатите биле САД и Канада. Меморандумот содржел 11 страници и бил потпишан во мај 1977 година од претседателот на ДООМ, Драган Богдановски и од другите членови на ЦК на ДООМ: потпретседателите Ристе Ристевски и Љубе Филковски; политички секретар ‒ Андон Манев; организационен секретар ‒ Р. В. Солунски (Михаил Шариновски); касиер – Киро Гоцев и членови на ЦК – Методи Марковски, Трпо Цалев, Миле Златевски, Властимир Станковски.  (Македонска нација, г. VII, бр. 40, јули-август-септември-октомври 1977 г., 24.)

Иако раководството на ДООМ ризикувало и знаело дека меморандумот нема да стигне до учесниците на Конференцијата поради фактот што се одржувала на југословенска територија, сепак, на Меморандумот му било пристапено многу сериозно. Текстот бил подготвуван од Богдановски неколку месеци порано, а пред да биде умножен им бил доставен на сите членови на ЦК на ДООМ во САД и во Австралија, од кои побарал да се произнесат за неговата содржина и воедно да дадат свои забелешки, предлози и сл.

Во почетокот од меморандумот, ДООМ, меѓудругото, се повикал на Повелбата на Обединетите нации и на Декларацијата за правата на човекот, при што на македонскиот народ требало да му биде признаено правото „на слободен национален живот и развиток, на национално самоопределување“. За да го објаснат проблемот со македонското национално прашање, во меморандумот бил презентиран кус приказ на историјата на македонскиот народ, проблемот кој настанал со пропагандите во Македонија под османлиска власт, поделбата на Македонија по Балканските војни и положбата на македонскиот народ во трите балкански држави. Упатена била и критика до дипломатијата на СФР Југославија, која била обвинувана за недоволно залагање во однос на целосното решавање на македонското национално малцинство во соседните земји.

Од владите на државите учеснички на Конференцијата за безбедност и соработка се барало „да биде разгледано и македонското прашање…“. „Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија ја моли секоја влада поединечно, која со свои претставници учествува на Конференцијата во Белград, да се завземе Грција и Бугарија да го признаат македонското национално малцинство, да му дозволат слободно да си ја искажува својата македонска национална припадност, слободно да зборува на својот мајчин македонски јазик, да има училишта на свој јазик, свој печат, свои книги, свои цркви, свои национални културни и политички организации.“ При тоа јасно се нагласува дека било време „Македонците од грчкиот и бугарскиот дел на Македонија да добијат културна национална автономија“. Додека за обезбедување на политичка и граѓанска рамноправност на Македонците под бугарска и грчка власт требало да се дозволи да имаат свои пратеници во законодавниот дом на тие земји.

(Исто така), во меморандумот било потенцирано дека Движењето за ослободување и обединување на Македонија не било „непријател на мирот“ и дека македонското прашање морало да биде „решено на праведен начин по пат на разбирање помеѓу балканските земји, ако тие се откажат од својот империјализам и национализам и во духот на Повелбата на Обединетите нации му признаат право на македонскиот народ на национално самоопределување“.

Повикувајќи се во Меморандумот на Повелбата на Обединетите нации која прокламирала право на слободен развиток на националниот живот, ДООМ на некој начин сакал да потенцира дека неговите барања се легални. Така Централниот комитет на ДООМ сметал дека решавањето на „македонското прашање на мирен начин води преку давање од страна на Бугарија и Грција културна и политичка национална автономија на македонскиот народ во бугарскиот односно грчкиот дел од Македонија“ со што би добиле ист статус како СР Македонија во рамките на СФРЈ. Кога тоа би се постигнало од ДООМ сметале дека би се создале услови за „културно и духовно единство“ на македонската нација, а потоа ќе се отворела и „перспектива за обединување на трите дела од Македонија во една единствена македонска државноправна, која нема да биде ни југословенска, ни бугарска, ни грчка туку само македонска“, Понатаму во меморандумот било истакнато дека Македонија би била „рамноправна братска заедница за сите граѓани што ја населуваат, без разлика на нивното национално потекло…“.

На крајот од меморандумот било истакнато дека „доколку не се пристапи кон остварување на чекор по чекор на праведните барања на жестоко угнетената македонска нација, таа за да си извојува национално ослободување и обединување, ќе биде принудена да прибегне и кон револуционерна форма на борба“. Така што Македонија би станала „европска Палестина или Ирландија“. На тој начин револуционерните методи како начин на борба, Движењето ги оставило како крајно решение за остварување на целите.

Меѓутоа, целта на ДООМ, со нагласувањето на револуционерната традиција на македонскиот народ, била да покаже подготвеност да примени и радикалните методи, иако реално не постоеле услови за примена на истите.

Свесни за моќта и положбата во која се наоѓа организацијата, раководството можело да биде задоволно со фактот што меѓународната заедница, по овие активности, била запознаена со постоењето на Организацијата и со докрај нерешеното македонско национално прашање. Воедно, тоа придонело и за зајакнување на довербата кај раководството и за омасовување на членството и симптатизерите.

Уште со првата меѓународна активност на ДООМ интересот на тајните служби на Грција, Бугарија и Југославија за активностите на организацијата започнал да се зголемува. За дејноста на ДООМ особено била заинтересирана тајната служба на Југославија, која се обидувала преку инфилтрација на свои агенти и соработници да го саботира нејзиното дејствување. Во таа насока биле вршени заплашувања, притисоци и физички напади на некои членови на ДООМ.

Сепак, првиот голем удар на организацијата ѝ бил нанесен со убиството на организациониот секретар Благој Шамбевски, извршено во 1974 година. Додека вториот голем удар бил киднапирањето на Драган Богдановски во 1977 година, непосредно пред одржувањето на Конференцијата во Белград за безбедност и соработка во Европа. Богдановски бил киднапиран од страна на припадници на југословенската Служба за државна безбедност (СДБ) и бил донесен во СР Македонија, каде што бил осуден на 13 години затвор.

По киднапирањето на (Драган Богдановски) веднаш се почувствувале негативните последици во организацијата од неговото отсуство. Падот на активностите, особено на меѓународно поле, не било карактеристика само за првите години по затворањето на Богдановски туку тоа се провлекувало сè додека егзистирала организацијата.

Крај

Македонска нација

(Извор: М. Ивановски „Меѓународни активности на Движење за ослободување и обединување на Македонија (1973 ‒ 1977)“; ГЛАСНИК год. 58 бр. 1-2 стр. 1-117986 Скопје 2014 стр. 143)

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top