Култура и туризам

А мојот…? Мојот живот?

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

А мојот…? Мојот живот? По нејзиното враќање празнината од синилото ја пополнував со силната верба во себе и во возвишеноста што ги имаше Тереза. Една Тереза со сина крв. Без синило во очите, ама со верба во синилото. Верувањето & беше најсилната потпора во душата и затоа се веривме дури во Ерусалим. Кога родителите се обидоа да & ја контролираат рамнотежата во верувањето, Тереза почна да ми пишува писма – ама од Америка.

Потоа дојде мојата животна потпора со исто име како и синооката. Знаев дека ми беше предодредено да живеам со името што се поврзува со синилото. Како што знаев дека повторно ќе го почувствувам синилото на синооката, само што овојпат јас не го следев патот на синилото, туку тоа ме пресретна. Како што човекот што ме упати на книгата на животот – по неколку недели од доаѓањето на син му со семејството, тој се појави на мојата врата во Келн за да се увери во лекцијата што можеме да ја добиеме од животот. Каков и да е, дури и кога не сме сигурни дали воопшто тоа понекогаш е живот. Откако ја виде и тој се сети дека синооката е таа која ме посетуваше во загребската касарна. Сите тројца заедно го посетивме локалниот саем на книгата. Во потрага по книгата на животот.

Уште во второто писмо по смртта на дедо ми од приказните, на Костадина му пишав за моето ветување и за мојата намера. Му реков дека сакам токму во двеилјадитата година да одам во Австралија. Тогаш ќе наполнам педесет години, а ќе има изминато точно сто и педесет од раѓањето на прадедо ни Костадина. Сакав да ја следам симболиката на годините и на преминот на вековите, оти влегувавме во третиот век на печалбарската сага на нашето семејство, на нас тројцата: прадедо ми Костадин, дедо ми Јанко и јас – три генерации, три века, три судбини…, на три континенти…

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top