Дијаспора

Меѓу Македонците во Словенија (6)

slovenija6-1

slovenija6-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – СЛОВЕНИЈА

Во Република Словенија за неколку стотини македонски дечиња во просториите на редовните училишта се изведувала дополнителна настава на македонски јазик. Таа дејност засега ја извршуваат неколку наставнички во Крањ, Љубљана, Копар и во Марибор. Наставата опфаќа: македонски јазик, историја и обичаи – религија. Но, се чини дека испраќањето на македонски свештеник придонесе во подучувањето по веронаука и црковни народни обичаи.

Свештеникот, прво, возрасните ги подучи во верата, па потоа и младите генерации. Зашто во минатото во некои места во Словенија, сакајќи да бидат крстени во православна вера и црква, Македонците оделе кај српски свештеници, а тие по крштевката веднаш ги запишувале дека се Срби. За ова има и докази – свидетелства, велат Македонците, и додаваат дека тие сакаат, освен православното, да го задржат и она што е нивно, мајчинско, македонско. Никој нема право нив сега, во ова време, надвор од Македонија, да ги одродува и тоа на таков нехристијански начин.

Една од најзначајните средби во Република Словенија беше онаа со љубљанскиот надбискуп. Таа е историска средба меѓу двајца достоинственици, меѓу претставници на Македонската православна црква и на Римокатоличката црква, архиепископот охридски и македонски г. г. Михаил и надбискупот г. Шустер. Средбата која беше договорена уште во една посета на Ватикан во Рим, сега во Словенија беше срдечна, пријателска, екуменска…

И средбата на Теолошкиот факултет ќе остане во трајно сеќавање. Таму бевме примени од деканот на факултетот. Се сретнавме и со неколку студенти кои на прашањето што очекуваат по дипломирањето рекоа дека некои ќе бидат калуѓери или калуѓерки, некои учителки за верата, уредници, дописници или новинари во радио и ТВ- центри и списанија, во кои има рубрики за верата, за религијата и етиката или религијата и културата.

Ја посетивме и факултетската библиотека која е сместена во шест простории со современа опрема, со две читални и три вработени лица. Библиотеката постои веќе многу години и има околу четириесет илјади наслови и околу петстотини редовни списанија. Литературата, покрај словенечкиот, главно, е на германски, француски, англиски и италијански јазик. Средбата заврши со размена на книги и списанија и со ветување дека во иднина ќе се воспостави подобра соработка меѓу библиотеките на двата теолошки факултета во Република Словенија и во Република Македонија.

kranj
Крањ

Попладнето беше приреден прием кај претседателот на Собранието на Општина Крањ, господин Витомил Грос. Тој прекрасен човек љубезно нѐ пречека и во поздравното слово, меѓу другото, рече дека е претседател на Општина Крањ и голем пријател на Македонците и дека кај нив, како и кај нас, словенечката култура дошла преку свети Кирил и Методиј и преку свети Климент и свети Наум Охридски, а тоа зборува за нашата блискост, и дека сега не ни останува ништо друго, туку да ја продоложиме таа мисија.

Во текот на престојот се одржа првата богослужба на македонски јазик во идниот македонски православен храм во Крањ. Богослужбата ја изврши поглаварот на Македонската православна црква архиепископот охридски и македонски г. г. Михаил. На свечениот чин што се одржа во Католичката катедрална црква „Света Марија Рожевенска“, покрај бројните македонски православни верници од Крањ, Љубљана, Јесенице, Марибор и многу други места ширум Словенија, присуствуваше и бискупот Алојз со своите свештенослужители, претседателот на Собранието на Општина Крањ, амасадорот на Република Македонија во Словенија, како и бројни пријатели на Македонците од тие простори.

Македонската православна општина „Свети Климент Охридски“ од Крањ е најновата македонска црковна асоцијација и прва во демократска Република Словенија. Таа е дел од фамилијата црковни општини на Европската епархија на Македонската православна црква, која ги собира Македонците од повеќе градови и места во Република Словенија. Иницијативата за формирање духовен храм ја започнаа неколкумина ентузијасти од Крањ и Љубљана, кои на 12 март 1994 година ја форми-раа и организираа првата Македонска православна црква во Словенија „Свети Климент Охридски“ со седиште во индустрискиот град Крањ.

По богослужбата се одржа состанок со црковната управа и други Македонци на кој се зборуваше за она што значи раѓање на новата црковна општина и започнување на духовен и црковен живот на Македонците во Словенија. Се искажуваа искрени честитки по тој повод и радост за формирањето на новата црква во Крањ, а се зборуваше и за доаѓање на редовен свештеник, создавање услови за негов живот достоинствено на чинот свештенички кој треба да биде вистински мисионер и матица на Македонците во Словенија.

bled
Блед

Последниот ден од посетата имавме средба во Владата на Република Словенија со госпоѓа Даринка (Нина) Чос, претседател на Републичката комисија за верски прашања. Таму беше искажана големата радост и задоволство од пријателскиот однос и со чувство на длабока почит беше констатирано дека Македонците со Словенците се духовни роднини. Потоа домаќинката беше информирана за коректниот однос со римокатолиците во Македонија, и дека таа година, на Велигден, во Католичката катедрала во Скопје, на богослужбата присуствуваше и претседателот на Република Македонија господинот Киро Глигоров.

Госпоѓата Чос изрази задоволство и рече дека е многу радосна што има чест да поздрави една ваква висока црковна и републичка делегација од Македонија. Во разговорот се одлучи Македонската православна црковна општина за Словенија, покрај останатите 25, да биде регистрирана во државниот регистар како посебна верска заедница. На задоволството му немаше крај.

Оттаму, заминавме на прием кај градоначалникот на Љубљана господинот Јоже Стргар. Средбата беше срдечна и пријателска при што беше речено дека Македонците како словенски браќа се многу блиски и по јазик и по род со Словенците и додаде дека само со разбирање и христијанска љубов ќе се постигне посреќна иднина за двата народа и двете самостојни и суверени држави, кои во овие нови историски моменти си подаваат значајна братска рака.

Напладне, делегацијата отпатува во посета на Горењско и Радовлица. Патем, сврати во римокатоличкиот манастир „Света Богородица“ каде беше топло и срдечно пречекана со силно биење на 4 камбани и со најголема почест. Старешината, отец Леополд, беше пресреќен што му се пружи можност да го поздрави поглаварот на Македонската православна црква.

Делегацијата замина од аеродромот „Брник“ во Љубљана за Скопје, за Македонија. Од Словенија понесовме убави и вечни спомени и со документ дека Македонската православна црква-Охридска архиепископија е регистрирана како таква во Словенија, каде ја продолжи својата мисија за изградба на македонски верски објекти кои им служат на Македонците од сите делови на Македонија.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

Академик Ферид Мурат – американски нобеловец и пријател и Македонија

Академикот Ферид Мурат е познат лекар и фармацевт во Соединетите Американски Држави. Најголемиот дострел на полето на науката го постигнал во 1998 година, кога ја добил Нобеловата награда за физиологија и медицина. Тој е роден во Вајтинг, Индијана, мајка му е Американка родена во Алтон, Илиноис, а татко му е Албанец од село Лакавица, Гостиварско. […]

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

To top