Култура и туризам

Една година пред двеилјадитата тргнав да го посетам градот каде што печалбарската традиција ја почнал прадедо ми Костадин

SavoKostadinovski

SavoKostadinovski
Саво Костадиновски

Една година пред двеилјадитата тргнав да го посетам градот каде што печалбарската традиција ја почнал прадедо ми Костадин. Во Детроит, во тоа време, минал близу тринаесет години. Јас три децении во мојата втора земја. Повеќе отколку во родената. А како да изминал миг. Очигледно е дека времето е само миг, а ние сме само во одреден миг од времето и – толку. Ниту се многу ниту се малку годините, ниту неговите, ниту моите. Зависи само како ќе ги сместам во сеќавањата. А тие, мислев, ќе беа нецелосни, ако не отидев на местото на почетокот на приказната за семејните талкања по светот.

Патувањето на Костадина било вечност, за мене само миг. Такво е времето… Тој со параброд, јас со авион.

Ама мислата, сепак, ми патуваше во вечноста. Во бескрајното синило.

Горе синило, долу синило. Бескрајно.

Горе вселенското, долу океанското. Бесконечно. Како океанот на моите емоции. Мислев дека бескрајно патувам по бескрајот.

– Патуваме по патот на Сонцето. Ми се допаѓа ова патување, – по долго време ме оттргна гласот на дамата до мене. И таа со сини очи… – Кога наполнив четириесет години, – ми вели – славев две нови години. Прво во Манхајм, а потоа со авион стигнав и во Њујорк.

Нејзиното љубопитство пред крајот на летот ме наведе да & кажам каде одам и зошто одам.

– Вие сте некој исклучок. Ние Германците не сме такви емотивци…

„Ние Германците?!“ – ме штрекна. Се случувало ли нешто со мене во овие три децении, почнав да се прашувам. И прадедо ми Костадин и дедо ми Јанко би се превртеле во гробот.

„Њујорк, Њујорк“, си прошепотив за себе, кога уште од воздухот го забележав градот. Ја доживував прво убавината на овој град од новиот континент, но мислата ми беше на Детроит.

Детроит беше вистинската моја намера. Тој беше градот што сакав да го видам. Но не го видов каков што сакав да го видам.

За мене не беше само град. Беше и нешто како историја, како семејно прибежиште, семејна судбина, нешто како место за барање спомени, кое можам да го замислувам пред сто години…

Јас гледав облакореди, прадедо ми гледал рудници и бараки.

Голема спротивност.

Немаше глетка што можеше да ме врзе со прадедо ми, но имаше бран емоции што можеа да ме врзат со него и со семејните судбини.

Првата ноќ не успеав да се врзам со сонот. Цела ноќ останав буден на деветтиот кат во хотелот. Како никогаш дотогаш ме обзеде чувството на самотија. Брановите се престорија во водопади од емоции. Каква ли била самотијата на Костадина?

Наредниот ден бев на Нијагара. Тамошните водопади ми се сторија помали од моите во бессоната ноќ.

Бев преполн со емоции, но и со празнина тешка три века!

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top