Култура и туризам

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (3)

По влегувањето на Бугарија на страната на Централниот сојуз во војна во есента 1915 година, Бугарската армија, користејќи ја ангажираноста на српската армија на фронтот против Австро-Унгарија, брзо го зафтила делот на Македонија кој се наоѓал под српска управа по Букурешкиот мир од 1913 година и излегла на грчко српската граница. Со бугарската армија патуваа научници од разни профили кои требаа да извршат научни истражувања за да го докажат бугарскиот карактер на новоосвоените земји.     

Со Втората бугарска армија патувал Антон Поп Стоилов Ников  (Лашко, Пиринска Македонија 15.II 1869 – Софија 9. VIII 1928) кој е историчар, фолклорист, етнограф и академик на Бугарската академија на науките од 1906 година. Како Македонец во служба на Бугарската армија, помеѓу 1915 и 1918 година, тој патувал низ Охрид, Скопје, Велес, Крива Паланка, Серско и Драмско во потрага по историски и етнографски споменици.

Во извештајот на етнографот Стоилов од Велес, бр. 17, од 12 декември 1915 година, доставен  до Началникот на Штабот на Втората бугарска армија во Велес, можеме да видеме дека уште на почетокот Бугарската армија се интересирала за плочата за Самуил и за неговата престолнина. Во својот извештај за посетата на Ресен и Охрид, тој вели:

„По ваша наредба, господине полковник, на 6 – ти бев испратен за научни цели во Охрид. Денес, се вратив од ова патување и за резултатите од таа истражување чест ми е да Ви го изложам следното:

1. На пат кон Охрид застанав во градот Ресен. Тука ми се даде можност да дознаам за судбината на цар Самуиловиот натпис, најстар датиран споменик од “Првото бугарско царство“. Тој и до денес најгрижливо и тајно се чува од тројца селани во село Герман (Преспанско) на грчко-бугарската граница – во грчка територија. Пет дена пред моето заминување доаѓаа селани од село Герман и тајно разговараа со Ресенскиот првенец Георги Татарчев, градоначалник на градот Ресен, дека Самуилова плоча со натпис ја чувале и сакале при поволни околности да ја пренесат во Ресен, ако нивното село остане и во иднина на грчка територија. Го убедив Г. Татарчев, во првиот погоден случај, да ја прибере плочата и да ја испрати во Софискиот народен музеј.

2. На еден печатен Апостол во Ресенската црква “Св. Кирил и Методиј” има значајна белешка за преродбата на овој град: “Припаѓа на “црковната бугарска општина“ од Ресен, 1867 г.”.

3. На 8- ми пристигнав во градот Охрид, кој праведно треба да се именува како свет град за целокупниот “бугарски“ народ не бидејќи постоела “Бугарска Архиепископија“ во темното ропство (до 1767 година), но затоа што има извонредно значајни старини од нашето минато. За добар дел, уништувачката српска рака не се осмелила алчно да ги допре нив, иако таа ги сквернавела за што покровителот св. Климент им наменил на Србите судбина која заслужено ги снајде. Побожниот охриѓанец со особено внимание на патниците им расправа за знакот што се појавил во текот на тоа лето спроти празникот на св. Климент (27 јули), имено: виорот задигнал еден сноп од “бугарската нива“ и го однел во горната Влашка маала на една круша со класовите нагоре. Се собра старо и младо да го гледа ова чудо и “Бугарите’ си шепотат дека српската држава ќе исчезне, а ќе триумфира Бугарија – св. Климент ќе ја казни Србија за нејзините злосторства. Од јад српската полиција го запалила снопот. Овој и слични настани се карактеристични бидејќи ја откриваат душата на “Бугаринот“ под српското ропство. Таквите легенди јас сум ги забележал и во други места и тие ќе бидат предмет на една моја работа.

4. Во градот Охрид има 33 цркви само во тврдината, од кои само во 6 се служи, а другите се запуштени или претворени во џамии. Најстарата црква е “Св. Софија “, претворена во џамија за време на турското владеење. Таа датира од VI век. Имаше три малтери со икони на светците. Светците, каде што се зачувани малтерите, се јасно видливи со нивните натписи. Таа беше направена во времето на Јустинијан Велики според плановите на Свети Константин и Св. Софија”. Многу интересно е дека напред на проповедалната, изработен од убав мермер, издлабени во три тркалца се чита во лигатура: “Архиепископот Григориј Бугарски“.

На местото на денешната џамија „Имарет“ (добротворна), преданието вели дека била првата црква посветена на Свети Климент. Дури и преданието вели дека по претварањето на црквата Св. Климент во џамијата, имотот и околу неа биле опседнати со околните христијански куќи, кои биле насилно потурчени, така што тие се одликувале со коректен однос кон Бугарите.

Моштите на Свети Климент од оваа црква биле пренесени со иконата на истиот светител во црквата “Св. Богородица”, изградена во 14 век, која црква почнала да се нарекува “Св. Климент”. Покрај моштите и иконите на Свети Климент, преданието вели дека иконите “Исус Христос” и “Мајка Богородица”, опковани со сребро и поставени при царската врата на иконостасот, се од црквата Св. Климент, но тоа не е вистина – тие се од 16 век.

Има значајно историско и етнографско значење владичкиот политрон, поставен на левата страна, а на местото од десно поставено уметнички направен нов од орево дрво. На венецот на пилитронот имало натпис, но сега не се чита. Преданието вели дека е пренесен од црквата Св. Климент. Многу е значајна статуата (барелеф) од дрво со ликот на св. Климент, која е подарок од римскиот папа во 14 век. Таа, заедно со проѕирна плоча (по преданието од старата црква Св. Климент од тронот) се чуваат во олтарот на црквата “Св. Климент “.

Зографијата на црквата е потемнета, а повеќето натписи не се читливи. И по проучувањето на овој црква-манастир од Григорович, К’нчев, Кондаков, Успенски, Миљуков, Баласчев, Спространнов, Хелцер и др., таа заслужува повеќе проучувања. Ова треба да го направи нашето Археолошко друштво во Софија, проучувајќи ги двете цркви-џамии, црквите во тврдината “Св. Врач”, “Св. Николај”, “Св. Константин”, “Св. Иван Богослов”, “Св. Димитар” и други и да направи ископувања.

5. Во црквата “Св. Климент “, во јужниот дел, е библиотека, каде што се чуваат 119 ракописи на славјански и старогрчки јазик. Ракописите во неа не можев да ги разгледам, бидејќи еден од четири клучеви, распределени меѓу четворица охриѓани, беше одземен од српскиот владика Варнава. Според описот на К. Радченко, професор од Универзитетот во Петроград, само еден од нив е средно-бугарски од XV век. Вкупно има 20 славјански ракописи, а другите 99 се старогрчки на пергамент и хартија.

6. Кај стариот свештеник Георги Поп Икономов се чуваат извонредното вредни два споменици: плаштаница, везана со свила и сребро, од византискиот император Андроник Палеолог и подарена на црквата “Св. Климент” со срмен златен натпис “Спомени, пастиру на Бугарите, во жртвеникот цар Андроник Палеолог”. Исто тој чува многу значајна хронографија од Јован Куропалат, познат под името Скилица, на пергамент, напишан на старогрчки јазик, во кој дава многу сведоштва за нашето минато до 13 век. Содржи 454 страници, 4 о fol. Кај ѓакон Георги Снегаров се чува раскошната св. Климентова круна. Таа не е на св. Климент, а на претпоследниот бугарски архиепископ Јосиф (18 век). Изработена е во Венеција и е добро зачувана. Таа му се припишува на Свети Климент бидејќи е на црквата-манастир “Св. Климент” и по предание замена за круната на Св. Климент.

Наведени погоре старини, како и многу други, кои се наоѓаат во Охрид и кои ќе се откријат за време на идните ископувања, треба Софиското археолошко друштво да ги собере во локален музеј. Тоа е она што јас ќе го сторам во блиска иднина. Овој музеј треба што поскоро да се формира не само да се сочуваат старините подобро, но и да бидат достапни за посетителите, а таков Охрид ќе привлекува и би требало секој интелигентен бугарин да отиде за се поклони на св. Климент. И српскиот престолонаследник Александар го посетил за време на Балканската војна бугарскиот митрополит Борис во Охрид, но на излез од митрополијата на скалите му паднал мечот и тоа било претскажување, според охриѓани дека неговите пеколни планови за не почитување на договорот со Бугарија, ќе ја изгуби својата држава – св. Климент ќе го казни.

7. Кога ги собрав информациите за градот Охрид, се доби чуден впечаток за гробот на чесниот учител и поет Григор Парличев. Не само што неговиот гроб изгледа лошо – му недостасува неговиот крст, но и неговиот натпис на врвот на надгробната плоча е премногу неписмен. Тој гласи:

Неговата ќерка чувала нов грчки ракопис на неговата песна “Скендер бег”. Нема ништо зачувано од неговата библиотека.

8. Останав само два дена во Охрид (9 и 10 декември), но јас сум многу задоволен од информациите што ги собрав за минатото на Охрид. За жал, ништо не можев да научам за цар Самуил за да го поврзувам неговото име со некое предание како негов главен град. Тврдината – ѕидот што го опкружува стариот град е римска. Во најголем дел, таа е разрушена. Доста информации собрав за независниот владател во почетокот на 19 век во Охридско Џеладин бег.

(ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 48-49)

Од целиот извештај може да се заклучи дека во Софија постои голем интерес за Самоиловата држава која српскиот средновековен историчар д-р Божидар Прокич во својата докторска дисертација од 1906 година ја нарекува Македонското царство. Едноставно сесака Самоиловото македонско царство да се престави како Прво бугарско царство и за таа цел се бараат или уништуваат докази. Се што е спротивно на интересот на Софија тие се обидуваат да го скријат од очите на јавноста.

Исто така од извештајот може да се види дека за разлика од Македонците кои се школувале и биле во служба на Бугарија, обичниот македонски народ не и верувал на Софија. Имено, како што се гледа од извештајот, македонскиот народ се обидувал да ги скрие своите светињи и од своите сонародници кои биле во служба на бугарската армија.  Оттука, наводно дека го нема едниот клуч, Антон Поп Стоилов не успеал да ги види 119 славјански и старогрчки ракописи. Дури и тој самиот повикувајќи се Радченко не пишува за бугарски, туку за старославјански ракописи, од кои само еден бил средно-бугарски од XV век. Ова укажува дека македонскиот етнолог во служба на Софија е свесен дека не се работи за бугарско културно наследство и затоа препорачува пронајдените предмети во Охрид, како и многу други кои ќе се откријат за време на идните истражувања, да се сместат во локален музеј, а не да се однесет во Софија.

(продолжува)

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top