Дијаспора

Илинденското востание во Пиринска Македонија (7)

ilinden7

ilinden7

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Пиринска Македонија е дел од регионот Македонија кој се простира во југозападниот дел на Република Бугарија, совпаѓајќи се со територијата на Благоевградската област и подрачјето околу селото Бараково, кое денес е во Општина Кочериново, Ќустендилска област.

Во Пиринска Македонија, за разлика од Егејска Македонија, во текот на Илинден се водени, главно, предавнички врховистички акции. А пак, Пиринска Македонија во времето на Илинденското востание во целост влегувала во состав на Серскиот револуционерен округ кој, со своето јужно крило, се ширел и преку денешната грчко-бугарска гранична линија. Уште пред Илинденското востание во овој округ се истакнал како способен      организатор и водач Јане Сандански кој доследно ги спроведувал принципите на Внатрешната македонска револуционерна организација за самостојноста на македон-ското национално-ослободително движење.

Во почетокот на септември, кога востанието во Битолско веќе ја достигнало својата врвна точка, Серската окружна организација одржапа конгрес во Пирин на кој бил изработен план за востание во Серскиот округ. На конгресот, главно, било решено востаничките акции на четите да започнат на Крстовден (27 септември), почнувајќи од јужните реони денес во Егејска Македонија и постепено да се прошируваат и да дејствуваат кон север.

Во востаничките акции учествувале и врховистички чети, но под услов нивните водачи да се потчинуваат на решенијата на Окружниот комитет и да дејствуваат спрема веќе изработениот план. Овие услови врховистичките раководители (генерал Иван Цончев и лолковник А. Јанков) ги прифатиле привидно.

Слоред оваа спогодба, кон почетокот на селтември во денешна Пиринска Македонија дошле околу 400 врховистички четници, на чело со Цончев, Јанков и други офицери од бугарската војска. Врховисти биле упатени само во Серскиот округ, се’ со цел да се дозволи востанието да земе поголеми размери во граничните реони спрема Бугарија.

jane-ceta
Јане Сандански и неговата чета

Во Пирин во одделни околии биле одржани околиски советувања и конференции. Така, конференцијата на најдобро подготвената за востание околија – Разлошката – се одржала во гратчето Банско. На неа присуствувале дваесетина делегати од Разлог – Банско и околните села и бил изработен детален план. За ослободување на Разлог (Мехомија) и за други акции бил избран тричлен реонски (горски) штаб и селски војводи, според бројот на оружените сили по селата и сл.

Меѓутоа, под влијание на генерап Иван Цончев изработениот план за дејствија бил изменет во таа смисла што Штабот и главните востанички сили биле концентрирани не во Пирин, како што било првобитно утврдено, туку во пределите на Рила, во непосредна близина на турско-бугарската граница, Покрај тоа некои договори и акции на дојдените врхоѕисти {на пример да се бомбардира џамијата во селото Бачево) очигледно имале за цел да ги предизвикаат и онака разјарените Турци кон жестоки санкции.

Нападот за ослободувањето на Разлог не ги дал очекуваните резултати. Додека испратената група востаници внатре во градот жестоко се борела, генерал Цончев, кој бил на 6 – 7 километри оддалеченост не тргнал на помош, а неговите две чети, што биле испратени на Предел, за да го спречат доаѓањето на турски засилувања од Горна Џумаја {денешен Благоевград), ги напуштиле позициите и се упатиле со пушки на рамо кон турскобугарската граница. Потоа истото го сторил и генералот. Тоа им дало можност на Турците жестоко да се пресметаат со мирното население. Во Разлог биле изгорени 95 куќи и истепани 45-луѓе.

Во овој востанички реон најголеми борби се воделе за селото Белица, кое за еден ден и било ослободено. Но, под притисок на аскерот и многубројните башибозучки групи, востаниците го напуштиле селото, а заедно со нив и речиси сето население. Илјадници бегалци од селата се прибрале околу главните востанички сили во Рила и навлегле кон бугарската територија, така што и самите востаници биле принудени со сила да им отворат пат за натаму, напуштајќи ја со тоа и востаничката територија. Според тоа, предизвикувачките и предавнички врховистички акции и оѕверените Турци покренале седум до осум илјади бегалци од Разлошко, а тоа придонело мошне бргу да спласнат востаничките акции.

ilinden7-2

Меѓутоа, за Илинденскиот период во Пиринска Македонија најзначајна личност е Јане Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан-паша и Старикот. Тој е македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација.

Меѓу неговите активности во тој период, треба да се одбележи дека во април 1901 година, Сандански и Чернопеев во Разлошко, решиле да го грабнат д-р Хаус, протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестантската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. Целата акција се усложнила и траела шест месеци. На 31 јануари 1902 бил платен откупот, а 23 февруари 1902 година грабнатите биле ослободени од Андон Ќосето во село Градошорци.

Внатрешната организација презела енергични мерки против врховистичката агитација. Од левата страна од Струма, околу Пирин, борбата против врховизмот ја предводел Сандански. Во Делвино, тој пред селаните кристално јасно ги претставил идејните разлики помеѓу двете организации. Истата агитација, Сандански ја повторил и во селата Марлево и Хрсово. Но и покрај силниот отпор на Внатрешната организација, на 22 септември (стар стил) 1902 година започнало т.н. Горноџумајско востание.

ilinden7-3

Во чест на Илинден,  ќе ја поместиме поемата „Иинденка“ од Васил Пецуровски од Вилинген,  Германија.  Тој е познат и признат бизнисмен, романсиер и поет.  Васил Пецуровски е роден во Русиново, Беровско, а е македонски печалбар кој познава неколку европски јазици. Тој е ценет бизнисмен во Еврипската Унија и е голем македонски патриот.

Тој е автор на романот „Нагорена душа“ и како прозно дело е роман-првенец на Васил Пецуровски, кој е и  автор на стихозбирката  „Печалбасрки проклетства“, кое претставува посериозно иселеничко дело.

ИЛИНДЕНСКА

Каде е Делчев војвода.
Во крв и пламен
на Илинден 1903
Македонија се вивна
за ропски пранги да скрши
од вековното ропство.

Гоце Делчев, Груев Даме
развеја револуционерно знаме.
Дојде денот македонски,
ден светол и светлозрачен.

Сонцето крваво запре
над македонската земја.
„Слобода или смрт!”
беше илинденската клетва.

Васил Пецуровски (Германија)

(Песната „Илинденка“ е објавена во делото „Илинденското востание 1903-2003 и македонските иселеници“, стр. 180.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top