Култура и туризам

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Крива Паланка, Скопје и Велес (4)

Пред да замине за Ресен и Охрид, етнографот на Втората бугарска армија патувал Антон Поп Стоилов Ников  (Лашко, Пиринска Македонија 15.II 1869 – Софија 9. VIII 1928), веднаш по влегувањето на Бугарија во Првата светска војна ја посетил Крива Паланка, Скопје и Велес од каде ги прибира архивите во сандаци и ги припрема за пренесување во Софија.

Во извештајот на етнографот Стоилов од Крива Паланка, бр. 2, од 6 октомври 1915 година, доставен  до Началникот на Штабот на Втората бугарска армија, тој ќе забележи:

„На 3 и 6 – ти ја разгледав во Крива Паланка библиотеката на прогимназијата и архиерејското наместништво. Во посебен дел на прогимназијата во една соба се складирани физички и хемиски апарати, прибор за природна историја, географија и историја – сите од (егзархиското – н.з.) училиште пред Балканската војна. Тука најдов и голем дел од (егзархиската – н.з.) библиотека, како и црковно-училишна архивата, од кои некои извештаи беа расфрлани низ другите простории… Ги ставив документите и книгите во една соба. Таа соба замолив да се запечати со печатот на штабот и да се отвори, кога во градот ќе се воспостави бугарската власт. При тоа Ве молам Господине началник, да наредите да се подготви еден сандак во кој ќе се соберат одбраните книги и веднаш да се испратат во Софија во Военото министерство или на Народниот етнографски музеј.“ (ЦВА  В. Търново, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 27)

По посетата на Крива Паланка, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов заедно со формираната комисија патувал во Скопје од каде се подготвени повеќе сандаци со архиви и документи од институциите и приватните архиви за да се пренесат во Бугарија. Во својот извештај бр.5, од 23 октомври 1915 година, испратен до началникот на Штабот на Втората бугарска армија, тој ќе напише:

“По Ваша наредба, господин полковник, се формира комисија составена од А. П. Стоилов, нејзин претседател, и членовите г.г. Н. Тумаров и гр. Василев на 18 – ти, која требаше да отиде во градот Скопје и да ги прибере од официјалните институции и приватните простории на српски управувачи и чиновници архивите и книгите во врска со минатата активност на пропагандата и во последните три години на српското владеење. Комисијата замина истиот ден за Скопје и по пристигнувањето започна со работа. Претседателот А. П. Стоилов, кој го посети градот на 13 и 14 октомври и кој наредил да се зачуваат архивите и книгите во српската митрополија, гимназија и дивизионно управување, нареди да се приберат прво од митрополијата. За жал, членот г. Гр. Василев го напушти Скопје вториот ден и замина за Велес. Останаа да ги прибираат архивите и книгите А. П. Стоилов и Н. Тумпаров, а воглавно првиот. Во текот на четири дена од споменатите три установи се прибраа во 22 различни по големина сандаци ред на вредни дела и архиви. Меѓу последните се најде и архивата на (егзархиската – н.з.) митрополија од 1870-1913 година, која се прибра во сандаците, како и на српската пропаганда од 1901-1915 година.

Во српската гимназија најдов богата библиотека од вредни дела. Тука била пренесена делумно библиотеката и архивата на педагошкото училиште и  женската V-класна гимназија. За жал, многу книги и извештаи се искинати и расфрлани во собата. Поважните дела ги зедов, а останатите книги со документите ги оставив во запечатена соба со печатот на командата која ја замолив со последниот извештај Бр. 4 од 22 – ти да се постави стража додека не пристигне нашата училишна власт и ја стави во исправност остатокот од библиотеката, архивата, богатиот училишен мебел и наставните помагала. Тука му е местото, господин полковник, ако е можно, штом се заземе еден град да не се ставаат во прво време војници во училиштата, додека власта не стави стража на библиотеките и кабинетите …

Земените книги и архиви ги собрав во 22 сандаци, од кои 21 се упатени до Народната библиотека во Софија, а 1 – до Военото министерство во Софија“. (ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 936, л. 31-33)

Според описот даден во извештајот од Скопје во сандаците биле сместени книги и архиви земени од Српската митрополија, машката гимназија и Воената команда во градот Скопје.

По посетата на Скопје, Стоилов продолжува за Велес од каде за извршената работа го испраќа извештајот бр 6 од 1 ноември 1915 година. Во неговиот рапорт до началникот на Штабот на Втората армија, за пронајдените и изнесените архиви и книги  тој вели:

„Од 25 октомври до 31 октомври истата година во градот Велес ги прегледав архивите и библиотеките на српската гимназија, на архиерејското намесништво, на машкиот пансион (основните српски училишта), на инспекторатот на српските училишта во Брегалничката област, на околиското управување, куќата на српскиот учител Симич, трите цркви и параклисот во градот, манастирот “Св. Великомаченик Димитриј” надвор од градот, приватни библиотеки на некои семејства и т.н. Највредните српски книги и архиви, како и некои старопечатни (славјански – н.з.) и грчки книги и ракописи ги прибрав и ги сместив во дванаесет (12) сандаци. Последниот што го чував во просторијата на персоналот на Втората армија; ќе го предадам на воениот командант во градот на чување.

Интересна е архивата на инспекторатот на Брегалничката област. Тука најдов документи испратени од српските училишта во Штип, Кочани, Радовиш, Свети Никола, Берово и село Царево. Во нив има извештаи за активностите на српските училишни власти, како да се промовира српскиот јазик меѓу … населението. Уште поинтересни се говорите, коишто директорите на училиштата во Брегалничката област ги говорат на годишнината на празникот “Св. Кирил и Методиј, кој што за прв пат било наредено да се слави во пропагандни цели од српското Министерство за народна просвета. Карактеристично е сепак за велешани, дека и покрај неискажливиот терор и секакви други средства да се уништи “бугарското“ име, на 23 март годинава учениците од II клас се побунила против еден учител дека ги пцуел и ги нарекувал “бугараши”, па во училницата и на улицата викале: “Да живее цар Фердинанд!”

Најдов во српската гимназија и шест (6) грчки ракописи од првата половина на XIX век, од кои повеќето пишувани од познатиот … учител Јор. Х. Константинов (Џинот) во Велес. Само еден од нив има три страници на (славјански) јазик. Ракописите се занимаваат со религиозни прашања. Од грчката црква, зедов едно евангелие со “среднобулгарска“ редакција од 1512 година, напишана од монахот Макариј. Во библиотеката на српската гимназија покрај српските книги зачувани се и некои “бугарски“ од библиотеката на (егзархиските) училишта во градот до 1913 година Меѓу нив ја најдов и вредната првопечатна книга во Солунската прва … печатница на Хаџи поп архимандрит Теодосиј од гр. Дојран под наслов “Служение еврејско” печатено во 1839 година. Овој примерок бил од библиотеката на Џинот.

Исто така, собирам информации и за историјата на (егзархиското – н.з.) учебно дело во Велес од живи стари дејци и документи. Од последните вредни е еден од Велешките учители, Димко, кој  учителствувал по Георги Палаш, а последниот учителствувал од 1798-1820 година. Во манастирот “Св. Димитар “се чува иконата на истиот светител, изработена од свила од првата … учителка во Прилеп со натпис: “1867 година во Македонија, прва … учителка во Прилеп Недела Петкова од Сопот.”

Патриотите … во Велес, за да ги спасат некои од писмените споменици и … книги од предаторската рака на Србите, се стремеле да го зачуваат секој спомен за … име(то) и ги закопувале во земја, но многу од нив се оштетени од влага. За среќа, митрополитскиот архив, кој датира од 1889 година, беше зачуван во манастирот “Св. Димитар “. Јас не ја прибрав архивата, бидејќи таа е нова и добро зачувана. Надвор од тоа, таа е поврзана со животот на самиот град: во која се чуваат парични записи на сираци, предавани на црквите, како и документи на учители и учителки. Со еден збор, архива што ќе му биде потребна на …. владиката уште првиот ден кога ќе се врати тука. А тој во недалечното иднина ќе се прибере во епархијата, бидејќи скопскиот окружен управител ми соопшти дека за скопскиот владика било наредено да се врати во својата епархија.

Уште отсега ве молам, Господи полковник, да се има предвид кога ќе се воспостави железничката врска меѓу Софија и Велес, уште првите денови да благоволите да се нареди да се приберат складираните сандаци со книги во Велес, Скопје и Куманово и да се пренесат во Софија. (ЦВА, ф. 40, оп. II, а.е. 935, л. 36-37)

По собирањето на архивите и вредните книги и ракописи во Крива Паланка, Скопје и Велес, етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов Ников  по потекло од Лашко, Пиринска Македонија, со својата активност ќе продолжи во Прилеп, Ресен и Охрид.

(продолжува)

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top