Историја

Блканските војни го прекинаа сонот на Македонците да ја видат својата татковина слободна

balkanski-vojni

balkanski-vojni

Со какво воодушевување македонската емиграција тргнала во Првата балканска војна може да се види и од телеграмите за пријави кои тие ги испраќаат до Македонскиот комитет.  Веднаш по објавувањето на општата мобилизација во Бугарија на 17 септември 1912 година, македонските емигранстки друштва испраќаат телеграми во кои се говори за нивната подготвеност за да тргнат во војна и понатамошни инструкции.

Од првиот том на „Историја на Македонско-одринско ополчение“од полковникот П. Дрвингов печатена во Софија 1919 година, од објавените телеграми издвојуваме неколку од кои може да се прочита следното:

1. „Од Русе, 17. IX 1912 г.  – Сите Македонци, кои живеат во Русе, способни за оружје готови се да тргнат, го очекуваат моментот да тргнат – Од Охриѓани“

2. „Од Свиштов, 18. IX 1912 г.  – Се јавија кај мене Македонци и кажаа дека 100 души се спремни за доброволци и кажете каде да се јават за оружје и облека. – народен преставник Димитар Брчков“

3. „Од Никопол, 18. IX 1912 г. – Сите Македонци го чекаат вашиот распоред. Испратете инструктор офицер – За комитетот, Новоселски.“

4. „Од Бургас,  18. IX 1912 г. – Ентусиазираните Македонци очекуваат распоредување – Подпоручник Поповски“

5. „Од Варна, 18. IX 1912 г. – До Протогеров, копија до Христо Матов. – Се запишаа две илјади доброволци. Дајте што понатаму . Средства немаме никакви. Овозможете да се обучуваат тука до тргнување, да се вооружат и облечат. – Претседател, Перелингов“

6. „Од Плевен, 19. IX 1912 г. – Поради мобилизацијата облеката не е готова. Тука има спремни доброволци 200 Македонци. Оружје нема – Узунов.“

7. „Од Бургас,  19. IX 1912 г. – До протогеров или д-р Владов – Софија, – Јавете што да правиме се запшуваат Македонци и Одринци. – Георги Минков“

8. „Од Севлиево, 19. IX 1912 г. – Соопштете телеграфски кога да тргнат тукашните Македонци и каде да се соберат – претседател на комитетот, д-р Дандолов.

9. „ Од Никопол, 19. IX 1912 г. – До Николов, Македонски комитет – Софија – Сите Македонци што живеат тука и во околината по список се известени. Утре тргнуваме за Софија на чело со мене – Новоселски.“

10. „Од Видин, 19. IX 1912 г. – Денес македонско-одринската група имаше општо собрание, кое формира чета од 200 луѓе. Чекаме наредба. – Претседател Богоев.“ 

11. „Од Никопол, 20. IX 1912 г. – Утре сите Македонци тргнуваат за Софија, заедно со облека. – Новоселски.“

12. „Од Враца, 21. IX 1912 г. – Тука се запишаа 125 Македонци. Облека и оружје немаме. Сакаат веднаш да заминат. Чекаат наредби и распоред. – Потпоручник Динов.  

13. „Од Видин, 22. IX 1912 г. – Тукашната чета од 200 луѓе е опремена целосно со облека. Средства за храна на четата немаме, откако со писмо бр. 563 од 21 – ви овој месец камандантот на градот ни забрани да собираме доброволни порции во каква и да било форма, иако ние собираме  исклучиво од Македонци. Ве молам веднаш направете што е потребно за да ни се овозможи доброволни донации од Македонци и да ни дадете упатства како да правиме со подгорвената чета. Тие веќе не трпат, сакаат да заминат за границата. Бр. 5 – Претседател на Видинската македоно-одринска организација, С. Богов.“    

14. „Од Радомир, 22. IX 1912 г. – Околискиот началник и кметот ми откажуваат соработка за запишување на доброволци – Хаџиев“

15. „Од Ќустендил, 22. IX 1912 г. – Тука се запишани 500 доброволци. Чекаме оружје, облека, инструкции. – Претседател, Д-р Димитров.  

По завршувањето на Првата балканска војна, во декември 1912 година, партизанските чети и одреди на Македонско-одринско ополчение биле официјално распуштени. Сепак. земајќи ги предвид, дека македонските и одринските четници и војводите можат да бидат исклучително корисни со своето богато искуство и вештини акумулирани во текот на нивната дејност во Македонија и Одринско, на 21 јануари 1913 година помошник-командант бугарската армија, генерал-полковник Михаил Савов издал наредба, со која им наредил да влезат во дружините кои во тоа време се во градот Малгара во источна Тракија. Од 25 јануари до 16 февруари 1913 година во Малгара и во блиските населби Кешан и Бајрамич се собираат вкупно 3 560 поранешни четници и војводи, кои пристигнале од различните делови на Македонија и Одринска Тракија.

На 3 март 1913 година во Кешан било објавено формирањето на трите нови доброволни баталјони: Тринаесеттата Кукушка дружина, Четиринаесеттата Воденска дружина и Петнаесеттата Штипска дружина.

Новите дружини се распоредени по една во трите бригади, партизанските чети за разлика од главните сили на ополчението биле испратени претежно во Македонија – 17 чети во Битолско, 8 во Скопско и 28 во Струмичко, Серско и Солунско. Останатите 6 чети биле испратени во Странџа, Родопите и Егејот.

Во предвечерието на Втората балканска војна, ополченците влегоа во состав на четвртата бугарска армија и беа распоредени во областа северно од градот Кочани. На 29 јуни 1913 г. тие ги нападна српските трупи, утврдени на спротивната височина. Два дена потоа, нападот на ополченците бил прекинат и тие биле вратени заедно со другите делови на бугарската армија на претходните позиции. Потоа, ополченците се повлекле на старата граници на Бугарија. Во почетокот на јули 1913 година, ополченците дејствуваа на страната на четвртата армија во битката на Калиманци, каде било спречено напредувањето на српската армија и нејзиното поврзување со грчката војска по долината на Струма. Македонско-одринските ополченци зеле учество во борбите кај Ретки буки, Парадли, Султан тепе, Пониква и Говедарник. На 31 јули 1913 година е склучено примирје меѓу завојуваните поранешни сојузници.

Во текот на повеќе од една година (од 26 септември 1912 до 1 октомври 1913 година), за времето во кое постои Македонско-одринското ополчение, низ него минуваат 14 670 лица. Мнозинството од нив – 11.470 луѓе – се од Македонија. 1 215 се од Одринска Тракија и 2 512 од Бугарија. Во македонското одринско ополчение како доброволци се борат и 531 странци. Најголемата група е ерменската група, која се состои од 275 лица, потоа Руси 82, Романци 68, Срби 40, Австроунгарци 21, Црногорци 12, Грци 3, Албанец 1, Англичанец 1, Италијанец 1 и Иранец 1.

Од издвоените телеграми кои што преставниците на македонската емигранстки друштва ги испраќале до Протогеров и останатите членови на Македонскиот комитет, видливо е дека се споменуваат Македонци со нетрпение очекувале да се вооружат и да заминат да ја ослободат својата татковина. Меѓутоа, двете балкански војни го прекинаа сонот на Македонците да ја видат својата татковина слободна. Во август 1913 година во Букурешт Македонија е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија.

Меѓутоа, ако во 1912 година постоеле Македонци во Бугарија, прашањето кое само по себе се наметнува, каде се нивните потомци и каде исчезнаа Македонците од Бугарија?

Македонска нација

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top