Дијаспора

Пред споменикот на Кочо Рацин во Самобор (9)

koco-racin

koco-racin

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ХРВАТСКА

Ќе останат незаборавни и средбите со поголем број претставници и активисти на црковната општина, на Македонско-хрватската заедница и на Друштвото „Хрватска – Македонија“, со кои разговаравме за бројни прашања и проблеми во врска со организираното живеење на Македонците во Загреб. Притоа, соговорниците беа едногласни во желбите да се зачува единството меѓу Македонците низ нивното заедничко, црковно и национално живеење во рамките на Македонската православна црковна општина „Света Злата Мегленска“.

Беше убав, сончев и пријатен ден кога требаше да прошетаме низ Загреб. Времето за разгледување на некои културно-историски споменици во градот и околината го искористивме за посета на Самобор, градот каде што едно време живееше и твореше големиот македонски поет и револуционер Кочо Рацин.

Тука, пред споменикот останавме подолго време, разговарајќи за животот и делото на еден од најголемите македонски поети – Кочо Рацин. Тие мигови на радост оставија трајни белези кај нас, кои за првпат го посетивме ова значајно гратче кое на најдобар начин се оддолжило на поетот.

Во тој прекрасен дел од Хрватска, уште пред Втората светска војна, Кочо Рацин дошол во овој град и тука ја отпечатил својата позната стихозбирка „Бели мугри“ и тоа на македонски јазик. Тоа зборува за постоењето на македонскиот јазик кој, покрај тоа што не бил кодифициран во тој период, сепак, македонските преродбеници од предминатиот и минатиот век го пишувале и го употребувале македонскиот јазик што денес е литературен и официјален јазик во Република Македонија. Во дворот на Музејот во Самобор, кој е сместен на десната страна на брзата планинска река, се издига бистата на Кочо Рацин.

Нашата посета во Хрватска ја искористивме и да ја посетиме Истра – најголемиот и најубавиот полуостров на Јадранското Море, што го заплискуваат морските бранови на Трстјанскиот, Кварнерскиот и Риечкиот Залив. Тоа е карсно, планинско, поморско, индустриско и туристичко подрачје на Република Хрватска. Нејзиниот брег е благ со многу заливи, канали, со високи и стрмни брегови на источната и ниски и рамни брегови на западната страна.

Истра е многу значајно поморско, индустриско и стратешко подрачје на Хрватска и пошироко. Меѓутоа, се чини дека Истра, по воздухот, климатските и другите услови, е привлечен рекреативен центар, или како често ја нарекуваат „туристичка мека“. Во текот на годината, ова привлечно и по многу нешта карактеристично подрачје го посетуваат туристи од цел свет, претежно од Италија, Германија, Австрија и други земји.

samobor
Самобор

Првите Македонци на Истра се доселиле по Втората светска војна, а нивниот број се зголемува од година во година. Така, денес во Пула, најважниот центар на југозападниот брег на полуостровот формиран во 178. година пред нашата ера и во кој има бројни римски и средновековни споменици, живеат околу 4.000 Македонци. Нив ги има од сите региони на Македонја, вклучени, главно, во мешани бракови со Хрвати.

Поголемиот број од нив се во Истра, а и во другите приморски градови. Вработени биле претежно во морнарицата и војската, а голем број се афирмирале како деловни луѓе и интелектуалци. Сите тие уживаат голем авторитет во тамошната средина, а со својата лојалност, трудољубивост и честитост имаат постигнато видни резултати на економски, општествен и културен план, со што претставуваат значаен фактор во севкупното живеење. Нивната организираност на национален и културен план е изразена преку активностите на Македонското културно-уметничко друштво „Кочо Рацин“, кое многу години е средиште на најголемиот број активности на Македонците во Истра.

Ја посетивме Пула, како и други туристички места, меѓу кои и Ровињ, Бриони, Пазин, Лабин, Медулин, Дуга Увала, Рабац, Опатија… каде се сретнавме со Македонци, кои својот живот и гнездо го нашле во живописната Истра. Нашиот престој на Истра го искористивме да го посетиме градот Риека и околните туристички места. Патот кој води од Пула до Риека, преку Горски Котор, е нов и  претставува вистинска врска на Истра со светот.

Ние ја одбравме делницата преку најдолгиот тунел Учка, кој претставува големо градежно остварување, а во исто време го скратува патниот правец кон Риека и поврзува голем број населени места на Истра. Таму, од излезот на тунелот, како на дланка се гледа Риечкиот Залив кој е испреплетен со поголем број острови, меѓу кои најголемите и најпознатите -Крк и Црес, покрај кои пловат и најголеми прекуокеански бродови, зашто Риека е најголемото морско пристаниште во Хрватска и еден од најразвиените градови на Јадранското Море. Риека е раскрсница за средниот дел на Европа, од каде многу поморски патишта водат кон светот.

pula
Пула

Во Риека се прошетавме низ центарот, што сега е шеталиште и пријатно катче и за домаќините и за туристите. А, во Риека има туристи во текот на целата година и од сите земји на светот, бидејќи големите бродови чекаат за растовар и утовар подолг период, токму во риечкото пристаниште. Градот, пак, со својата стара и нова архитектура може да се рече дека е приморска метропола со најмногу архитектонски и други контрасти. Тука се измешало и старото и новото; донесени се бројни новитети од светот, тука се зборуваат сите јазици на светот…

Во попладневните часови се упативме по делницата што ги поврзува приморските излетишта: Волско, Опатија, Ловран, Мошчевишка Драга, па потоа преку Лабин и Рашка продолжува кон Пула. На патот застанавме во климатското лечилиште од светски глас – Опатија, градот што е сместен во Кварнерскиот Залив, а во подножјето на Учка. Се смета дека Опатија е најдобро уредено летувалиште и туристичко место на јадранскиот брег.    

Опатија има суптропска вегетација и блага клима. Тука, бројни морепловци донеле различна флора од сите меридијани. Затоа, човек се чувствува како да е со целиот свет. Ние застанамве на главната улица до морето и имавме среќа да пиеме кафе во ресторанот „Скопје“, сопственост на еден нашинец. Се чувствувавме како да сме во Македонија.

Но, ниту од далеку не е кажано сè за градовите на Хрватска – Загреб и Риека, како и за другите приморски центри. Она што ќе се каже како порака по сè што ќе се види таму е дека треба да се дојде во тие градови и да се почувствува нивното 24-часовно пулсирање, со сите нивни карактеристики пренесени од минатото и оние што ги донесе времето од војната во Босна. Зашто, со секое ново доаѓање во нив посетителот гледа нови нешта, различија во однесувањето и живеењето на граѓаните и, се разбира, многу изненадувања што градовите ги прават интересни и возбудливи за секој посетител.

Затоа, нашата посета на Истра беше многу интересна, возбудлива и исполнета со многу нешта коишто ни ги збогатија нашите знаења, сознанија и видици за тој дел на Хрватска. Во исто време, се запознавме со животот, активностите, со културното и црковното живеење на Македонците во тој дел од Хрватска, каде тие за првпат се организираат на црковен план на поранешните југословенски простори. Тоа е израз на особено добрите односи меѓу двете цркви – Католичката црква на Хрватска и Македонската православна црква, на двата народа и двете држави.

Го продолживме нашето патување кон Риека и преку Горски Котор се упативме кон Загреб. На загрепскиот аеродром „Плесо“ бевме испратени од членовите на Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, на кои им посакавме тие да бидат мостот за зближување на духовно, просветно, културно и економско поле меѓу хрватскиот и македонскиот народ и меѓу нивните две татковини– Хрватска и Македонија.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top