Култура и туризам

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – Дојран и Тиквешко (6)

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светска посетил повеќе градови во покрај посетата на македонските градови Крива Паланка, Скопје и Велес, во текот на почетокот на 1916 година тој гу посетил Дојран.  Кавадарци, Неготино, с. Ваташа, с. Моклош и неговиот манастирот “Св. Никола” и Дренова. И од овие места тој ќе изнесе пронајдените вредни историски споменици за минатото во Македонија и ќе ги однесе во Софија, каде македонското културно наследство ќе го даде на бугарските музеи и Народната библиотека на Бугарија. 

Во својот извештај бр. 35 од 13 фебруари 1916 година, испратен до началникот на Штабот на Вората армија во Струмица,  етнограф Стоилов за посетата на Дојран и Тиквешко ќе напише:

„Со ваша дозвола, господине полковник, од  7 до 13-ти месецов за научни цели ги посетив Дојран и Тикешко. Резултатите од оваа обиколка, ми преставува чест да ви ги преставам во следниве точки:

1. . . Во Дојран, ми беше дадена можност да соберам некои информации за животот на архимандритот Теодосиј, основачот на првата … печатница во Солун во 1838 година, од неговата правнука баба Христена Ташова.

На еден минеј во Дојранската црква “Св. Илија” ја има следнава важна забелешка за заживувањето на градтчето:

На друг минеј за месец август постои следнава забелешка:

“Забелешка за податокот. Во 1888 година, поради фактот што грчкиот владика Јоаким за време на своето владеење не дозволил да се служи сенародниот празник “Св. Кирил и Методиј” на 11 мај, предизвикал да се напушти црквата “Св. пророкот Илија” и да се отвори … молебен дом (параклис) по име” Св. Кирил и Методиј” и една зграда беше купена, а првата служба беше на 24 јуни 1888 година.

Дојран (Поленин) Христо Телјатинов “.

2. Од 6 до 12 –ти месецов го посетив Тиквешко, имено: градот Кавадарци, Неготино, с. Ваташа, с. Моклиш и неговиот манастирот “Св. Никола” и Дреново.

Во целото Тиквешко странската пропаганда никогаш не навлезе, ниту во црквите се пеело на грчки. Таа е една од најчистите области во новите земји и заслужува подетално да се истражуваат во секој поглед, а особено во археолошки и етнолошки. Интересно е да се испита прашањето за потурчването на помаците … , кои го чуваат мајчиниот јазик многу почист отколку локалните… Во посетените поселишта, црквите се со славјански натписи и старо-печатени или ракописни славјански богослужбени книги

3. Во Кавадарци ги најдов и ги зедов следниве споменици:

1) Споменик на штица од различни времиња пополнувана, земена од Полошкиот манастир.
2) Едно молитвениче со белешки, руско печатено издание од почетокот на 19 век.

3) Еден часослов, руско печатено издание од 1765 година

4) Еден минеј со додаток во текстот со рачно напишани листови, од печатницата на Божидар во Венеција од XVII век.

5) Еден отпечатен псалтир со ракописни листови од XVII век.

6) Отпечатен Ирмологиј, руско издание од XVII век.

7) Еден Киријакодромилин од епископ Софрониус Врачански, печатен во Римник (Влашко) во 1806 година.

8) Една камена плоча со четири фигури – римска. Осумте споменати споменици им беа предадени на окружниот управител во Кавадарци со извештај бр. 34 од 10  – ти со молба истите да бидат испратени во Националниот археолошки музеј во Софија.

4. Во селото Ваташа (Тиквешко) го проучував прашањето за познатата печатница на даскал Камче, претходница на Солунската хаџи Теодосова печатница. Од информациите кои ги собрав, се утврдува дека даскал Камче немал печатница во Ваташа: тој ги ширел печатените книги во Солун од хаџи Теодосиј. Навистина во неговата куќа имало букви од олово, кои припаѓаат на хаџи Теодосовата печатница, а не на негова сопствена печатница. Можно е ваташките трговци од Виена или Пешта да го снабдувале со букви хаџи Теодосиј преку даскали Камче. Веројатно оттука води почетокот на легендата дека во с. Ваташа имало понапред печатница од солунската на хаџи Теодосиј.

5. Јужно од селото Ваташа, на растојание од 8 километри е Моклишкиот манастир “Св. Никола”. Црква е изградена во 1695 година. Таа е сосема занемарена…

6. Запад од градот Кавадарци е селото Дреново. Тоа е забележително со својата црква, изградена во 14 век. Патронот на црквата е “Св. Димитар”. Нема живопис – страдаше од земјотрес. Изградбата на црквата е интересна, но уште поинтересна се петте мермерни столбови со внатрешно декоративни куполи, како и четирите мермерни украсни плочи. Столбовите и плочите треба да се земени од некоја монументална римска зграда во близина. Постои легенда дека оваа црква е изградена истовремено со Полошкиот манастир од двајца браќа. Кога таа била завршена, градителот признал дека била убава црква, но била полоша од Дреново. Оттогаш останало името на Полошкиот манастир.

7. Кај кавадаречкиот првенец дедо Хаџи Васил Несторов има стар “Тримесник”, печатен во Скадар од страна на Стефан, со белешка на крајот од книгата: („Ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во деловите на Македонија, во родниот град Скадар…“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).

Истиот има и празничен минеј, ракописен, српска редакција.

И двете книги лично ќе ги однесам во Софија и ќе ги дадам на Народната библиотека.
 
8. Во градот Неготино, од страна на свештеникот Наиден Поп Михајлов, зедов две книги: еден ракопис, а другата печатена. Двете се на бугарско македонско наречие. (ЦВА, ф 40, oп II, a.e. 935, л. 57-58)“

Иако и во својот извештај за обиколката во Дојран и Тиквешко, етнографот Антон Стоилов се обидува поради својата служба во бугарската армија, како и задачата која му е доверена да го претстави бугарскиот карактер на Македонија, тој сепак ни укажува на посебноста на Македонија и нејзиниот народ. Од белешката на Тромесечникот на дедо хаџи Василев Несторов може да се заклучи дека многу писатели од средновековието своите земји меѓу Албанија ги сметале за македонски земји, за делови на Македонија. Така и Скадар бил дел од македонските земји. Исто така, бугарскиот етнограф со македонско потекло, на крај од овој извештај не говори дека јазикот во Македонија е чист бугарски, туку говори за бугарско-македонско наречје, укажувајќи на посебноста на македонскиот јазик.

И овие извештаи на етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов за неговата научна посета во Дојран и Тиквешко, се уште едно сведоштво, како за време на Првата светска војна се изнесуваше македонското културно наследство од целата земја.

(продолжува)

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top