Дијаспора

Долги и интересени пустински возбудувања (14)

uae-1

uae-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ОБЕДИНЕТИ АРАПСКИ ЕМИРАТИ

Првата асоцијација при доаѓањето во Обединетите Арапски Емирати и која бргу се потврдува на самото место, е нафтата и придобивките кои од неа ги добива и ужива оваа земја. Таа се смета за трет по големина производител на нафта на Блискиот и Средниот Исток. Веднаш по Саудиска Арабија и Иран. Затоа и нафтата е оската околу која се создава и се врти економската и временска машина на земјата.

Најголемите резерви се во Абу Даби, меѓутоа, бидејќи тие се празнат, затоа и раководството на Обединетите Арапски Емирати, се насочува и на други сектори во трговијата, финансиите, индустријата и туризмот. Додека престојувавме во овој емират, многупати слушнавме за разните погодности кои може да ги дава една богата земја.

Здравствената заштита и школувањето се на товар на државата, а многу научници, стручњаци и професори од развиените држави бргу наоѓаат работа во Обединетите Арапски Емирати. Нивната економија е многу динамична и како брзорастечка, веќе се брои на четиринаесетотo место во светот и трето место на Средниот Исток, веднаш по Катар и Кувајт.

Конкретно, Дубаи тргна во голема градежна офанзива, која тешко може да се мери и споредува со сличните на него. Тоа е експлозивен градежен бум кој моментално ја достигнува стапката од 350 милијарди долари. На светската листа на градежните чуда се додадени највисоката зграда на светот, меѓународниот аеродром, потоа Островите на Палмата, кои велат, се гледаат и далеку од небото, понатаму, рачно направениот архипелаг со името – Свет, каде се изградени чуда во морето, забавниот мегапарк Дубаиленд и хотелот со најмногу ѕвезди на планетата.

Сите овие градежни достигнувања пленат со извонредните, чудесни архитектонски фантазии кои успеала да ги изгради човечката рака, среде морето во пустинските песоци и на места каде што ги скротиле  ветровите кои шибаат со огромна силина, особено од морската шир која со својата убавина го мами секој посетител или намерник.

Во сите овие достигнувања се уверивме кога се сретнавме со еден наш скопјанец, Дејан, школки другар на нашиот син, кој како претставник на една германска банка се пресели, најпрвин од САД па во Шпанија, а потоа од Мадрид во Дубаи. Тој и неговата сопруга – права Американка, а која зборува и македонски јазик, со нивниот спортски автомобил нè зедоа од хотелот и тргнавме на една подолга прошетка низ Дубаи. При разгледувањето на градот често зборувавме дека Дубаи со своите облакодери во центарот и со копијата на бројни архитектонски остварувања личи на Њујорк.

uae-2
Бурџ Дубај – највисоката зграда во светот

Нашите пријатели нè однесоа и во нивниот апартман на 45 кат токму во една од високите згради, за кои не информираа дека таму живеат претежно странци. Во нивниот апартман се чувствувавме како да сме во Скопје. Американката донела од Македонија многу сувенири, карактеристични македонски предмети, со што направила топло македонско катче во пустинскиот  град.

Иако почитувањето и негувањето на традиционалната домородна култура е примарно, сепак, Обединетите Арапски Емирати, одат и пред своето време. Дубаи прави мамутски чекори и бргу се приспособува на условите, за да привлече што повеќе туристи и други деловни луѓе од целиот свет. За да му се угоди и да потроши што повеќе тој што дошол, понекогаш традиционалното се потиснува со современото и модерното, бидејќи  „ѕвекотот на парите“ не разликува раси, вери и други кованици и предрасуди.

Бурџ Дубаи, која е  највисоката зграда на светот, како да ги помести границите на човековата фантазија и реалност. Се издигна до врвот, (барем досега, а веќе стасуваат најави да биде надвишена на други места), на скалилата на модерното, новото и уникатното. Затоа, конкретно, Дубаи, е веќе планетарна дестинација на глобтротерите на многу земји.

Градот го живее поодминатиот XXI век со ваквите престижни атракции, кои поради цената на чинење не биле изградени во другите светски метрополи. Меѓутоа, таквите чудесни архитектонски остварувања си нашле свое место во Дубаи. На милионите гости тие им го овозможуваатона што сакаат да го видат и почувствуваат, уживајќи во спојот на локалното со универзалното.   

Дубаи има многу жешки лета, ама затоа зимите се многу пријатни, кога од декември до февруари, температурите се околу 31ОС. Летата се со јужни и врели ветрови и суви клими, тогаш просечно живата во термометрите се искачува и до 48-50ОС. Наоколу, пустинската клима е жестока а оваа земја е дом на повеќе специфични видови флора и фауна. 

Во текот на нашиот престој се уверивме дека градот е еден вид цветна градина, каде има алеи од различни цвеќиња и украсни дрвја на секоја улица. Локалните власти го купиле системот за наводнување капка по капка од Израел и го адаптирале на свој начин за да го разубават градот, слично како нашите овоштари во Преспа.

Ние ги гледавме тие убави цветни градини кога специјалниот автомобил (специален џип) на хотелот не носеше на прекрасната плажа, каде поминавме голем дел од нашиот престој. А плажата, која беше место за туристите кои престојуваат во неколку хотели во градот, навистина, беше убава, чиста, снабдена со повеќе мали угостителски објекти. Затоа гостите на плажата се чувствувавме опуштено, слободно и безбедно.

Инаку, внатрешното уредување на Обединетите Арапски Емирати, е приспособено на условите и барањата на седумте емирати, и, пак, функционира целината на државниот политички систем. Владините претставници на земјата се еден вид елитистички орбитариум, со славата, моќта и парите.

Дубаи е глобален бизнис центар, и една од најпознатите светски туристички меки. Градот има архитектонски креации што не постојат на друго место. Највисоката зграда е 828 метри  над земјата. Навистина фасцинантно.

uae-3
Во Дубаи како во Њујорк

Наспроти тоа што е денес, кога малку ќе се прелиста литературата, ќе се види дека најраната населба со име Дубаи датира од 1799 година. Официјално е основана 1833 година. Малку се знае за почетокот, бидејќи се пронајдени само неколку прастари населби. Остатоци од древното Мангровно мочуриште од пред 7.000 години пред нашата ера, се откриени во близина на Дубаи Интернет Сити.

Провокација ни беше ноќната прошетка со луксузните џипови низ пустинската темнина. Помалку изгледаше како да сме на некои нови космички светови, бидејќи пејзажот, атмосферата, темнината и сè заедно, не пренесуваа во некакви други простори. Сепак, тоа беше интересно доживување, зашто домаќините направиле многу досетки и финти, како да не однесат и вратат безбедно, а ние да почувствувате дека сме биле во филмот на една посебна ноќна пустинска атракција. 

Во овој туристички дел од светот, доаѓањето, престојот и заминувањето, му доаѓа како една своевидна, интересна приказна во пустинските недогледии, од каде се отуѓува педа по педа простор, за да биде оплеменет, дотеран и изграден. Сигурно ќе ја запамтиме приказната за Дубаи, градот кој лежи на нафта, во култивирана пустина, со многу модерна архитектонска регија на планетата Земја. 

Престојот од една недела во Дубаи ни заврши како да беа неколку дена. Едно утро го напуштивме хотелот и се упативме кон аеродромот, од каде со авион отпатувавме до Истанбул, а потоа до Скопје.

Продолжува

slave-katin-svedska
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top