Дијаспора

АСНОМ – Вториот Илинден во 1944 година (15)

ilinden15-1

ilinden15-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Иако робството било наметнато на слободољубивиот човек од сите делови на Македонија, тој сепак не се откажувал од духот на Илинден, на Крушевската Ре,публика, на нејзините легендарни војводи Гоце Делчев, Никола Карев, Питу Гули, Јане Сандански и други, од словото на Крушевскиот манифест и се подготвувал за вториот Илинден, што конечно ќе донесе слобода.

Почетокот на Втората светска војна не го измени животот на луѓето во цела Македонија. Економски кризи, безработица, разни политички влијанија од соседните земји, политичка и културна потчинетост и   сиромаштија биле главните одлики на тој период.

Мошне брзиот развој на народноослободителното движење во Македонија ги разбеснил бугарските фашистички окупатори, кои дотогаш сметале дека во Македонија наишле на поволна почва, а потоа се разочарале, па затоа извршиле големи репресии врз народот. Во востанието што во 1941 година отпочнало за разлика од 1903 година, македонскиот народ не бил сам, со него биле сите народи и народности на поранешна Југославија. Тие со своите вооружени востанија биле најблиските и најверните сојузници. И соседните народи што се дигнапе на востание, водејќи борба против заедничкиот непријател се јавувале исто така во својство на сојузници. Но што е уште позначајно, со Востанието и Револуцијата, македонскиот народ се сврстил како рамноправен партнер во редот на антихитлеровата коапиција.

Со ова македонскиот народ заедно со другите народи на Југославија со својата упорна и долготрајна војна против германските агресори и нивните сојузници – Италија, Бугарија и други за сојузници ги добиле најголемите сили во светот: Советскиот Сојуз, Америка, Англија и други. Со постепеното вклучување на широките маси во востанието, војната се ширела така што во 1942 година дејствувале 9 партизански одреди, во 1943 година се создапе баталјони и бригади, а во 1944 година била создадена армија од седум дивизии – која го реализирала ослободувањето на Македонија.

На ред со растењето на вооружените формации (партизанските одреди, бригадите и дивизиите) се засилувале вооружените борби, се засилувале разновидните форми на отпор против окупаторите. Ова засилувања на борбите и отпорот во целина овозможувапо, едновремено да се развиваат разновидни антифашистички општествено – политички организации, како што беа Народноослободителниот фронт, Антифашистичкиот фронт на жените, Сојузот на младината, Фронтот за народна помош и други, кои постепено го опфатиле речиси целиот народ.

ilinden15-2

Едновремено со тоа низ борбените акции, уривајќи ги старите и окупаторски органи на власта, се создале нови револуционерни органи на народната власт. Веќе во 1942 година во реоните каде што најсилно биле развиени оружените борби (во Велешко, Прилепско, Крушевско и др.) се создале и првите органи на народната власт – народноослободителни одбори, кои носеле многу разновидни имиња како на пр.: тајни комитети, тајни војни комитети и сл. Во 1943 година разгорувањето на востанието овозможиле мрежата на органите на народната власт уште повеќе да се прошири и народноослободителни одбори да се создадат на ослободените и полуослободените територии, кои работеле легално како и на неослободените територии каде својата функција на народната власт ја вршеле илегално.

На 2 август 1943 година на Преспанското советување се донеле неколку извонредно значајни одлуки:

–  Од партизанските одреди да се создаваат воени единици, баталјони и бригади.

–  Уште позасилено да продолжи активноста на создавање органи на народната впаст.

–  Да се отпочне со подготовките за организирање и свикување на заседание на највисокиот орган на народната револуционерна власт – Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.

Советувањето дало нов поттик на востанието, а брзото ширење на слободните територии, посебно на оние во Западна Македонија, со двата слободни града Кичево и Дебар го овозможувапо развивањето на органите на власта, и поефикасното организирање на нивното функционирање.

Така, на ослободената територија во Западна Македонија во 1943 година биле формирани и повисоки органи на власта: општински, околиски и обласни народноослободителни одбори, кои својата власт ја развивале во сите области на еден народен државен механизам. Успешно функционирале судовите, првите основни школи на македонски јазик, се регулирапе основните принципи за трговијата на слободната територија и со неослободените краишта итн..

Во рамките на подготовките за организирањето на АСНОМ спаѓал и Манифестот на Главниот штаб објавен во ноември 1943 година, кој по својата содржина имал програмски карактер. Во него многу јасно се изнесувале целита на вооруженото востание, односно на Македонија во новата државна заедница на југословенските народи, односно кон соседните народи, потоа рамноправниот однос на македонскиот народ и народностите во Македонија и друго.

Манифестот е документ што заслужува посебна доработка но во овој случај само го именуваме поради неговиот карактер и значење што во широките народни маси било еднодушно прифатен.  Се’ тоа на планот на подготовките за организирањето на АСНОМ заедно со широката мрежа на народноослободителните одбори значеле голем чекор напред.

Замислата Првото заседание на АСНОМ – да се свика во есента 1943 година на слободната територија во Заладна Македонија го попречила германската офанзива, при крајот на ноември и првите денови на декември 1943 година. Потоа, во март 1944 година по успешниот Фебруарски поход, Иницијативниот одбор за организирање на АСНОМ, формиран при крајот на октомври, со едно писмо издал налог до сите народноослободителни одбори, на широки собири и на демократски начин да се изврши избор на народни претставници за Првото заседание на АСНОМ.

Во екот на вооружените борби да се спроведуваат демократски избори претстааувал посебен феномен, но едновремено тоа говори за силата и развиеноста на востанието, но и за единството и сплотеноста на македонскиот народ и народностите.

Во април отпочнале постепено да се прибираат на слободната територија, (во реоните на Козјак Планина), избраните пратеници од окупираните и слободните територии и од единиците. По успешното завршување на пролетната офанзива што се развивала во Македонија и Јужна Србија (од 25 април до 18 јуни 1944 година) освен градовите, цела Македонија претставувала слободна територија, а градовите во неа окупаторски острови.

ilinden15-3
Методи Андонов-Ченто

Веднаш засилено се пристапило кон најнепосредните подготовки за работа на Првото заседание; се подготвувале реферати, проект на документи што требало да ги донесе Првото заседание на АСНОМ и др.

Главниот штаб едновремено ја организирал и непосредната и пошироката безбедност на работата на заседанието, а агитациско-пропагандното одделение на Главниот штаб го вршело техничкото организирање на непосредната заштита на Заседанието.

Се поставило прашањето за денот на одржувањето на Првото заседание и едногласно се решило тоа да биде на 2 август 1944 година, да се поврзе со Илинденското востание од 1903 година, што на своевиден начин симболизирало дека востанието од 1941 година, претставувало, продолжување на поранешните борби на македонскиот народ, на Илинден 1903 година.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top