Култура и туризам

Денот кога го посетивме првиот храм во Тибет се совпадна со верски празник

tibet

tibet

Саво Костадиновски

На службата беше се собрале многу празникољупци, со богопочит и богољубие.

На највидното место во храмот се појави еден великодостојник, чиниш беше отелотворен во бог. Орнаментиката на одеждата беше како орнаментиката на внатрешнината на храмот. Во рацете ја држеше сликата на Буда во златна рамка, а пред себе прелистуваше свети списи. Оставаше впечаток на невластољубив човек. На луѓето им ги влеваше вербата, љубовта и надежта, како и насекаде во светот што прават духовните водачи. Богоглаголеше и сите ги возгордеа, дури и туристите кои не го разбираа. Имаше благонаклоност како вистински отец.

И ние дојденците му ја разбравме проповедта.

Ден потоа, нашиот водич н# одведе во еден голем будистички институт. За секого имаше по нешто интересно. Имаше делови за религија, езотерија и психологија. Имаше и одделение од Мајка Тереза, за хуманитарни цели. Нејзиниот портрет беше закачен на влезната врата во управата. Истиот портрет го видовме и во Њу Делхи.

Во просториите за учење на строгите религиозни ритуали по возраст беа распределени младите униформирани ученици. Тоа, всушност, беше будистичка школа. Наспроти нив беа просториите за психологија. Беа исполнети со луѓе кои во себе имаат посебни психолошки вештини и натприродна моќ. Меѓусебно се учеа на телепатија и парапсихологија. Тука се одржуваат и предавања за интуицијата и сродноста со инстинктот. Најмногу се задржавме во одделот за езотерија. Многу работи ни беа познати и нам од Западот, но не во ваква изворна традиција. Дознавме и за нејзините допирни точки со алтернативната медицина.

И за суптилните допирни точки со животот.

Тука дознавме дека тие луѓе, кои природата како да ги создала за такви вештини, се занимаваат со светлосни терапии, лечебните кристали, медитации, биоенергетски техники, држат мини курсеви за јога, тај-чи, фенг шуи, со јасновидни и шамански способности… Сите тие уверуваа во вештините, во моќта на духот и на трансцеденталните можности. Љубопитните кои не им веруваа на хипнотизерите, за миг беа хипнотизирани.

Имавме време и за запознавање на ајурведата. Тоа ни беше превидено дури со туристичката програма. Ајурведата е стара феноменоална наука за одржување на телото во здравствена состојба, за исцелување преку алтернативни методи стари две илјади години. Ја споредуваат со нирваната, а се смета и за наука и за филозофија и за вештина за урамнотежување на телото, размуот и духот. Ги запознававме принципите на ведите, а учевме за себе.

И на тој начин учевме по нешто за животот, од книгата на животот.

Секој по нешто почна да вежба и да проверува што научил од вештините и мудростите од тој далечен свет. Јас најчесто пишував. Сакав нешто да запишам за книгата на животот.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top